Претседател на Куба
Претседател на Државниот совет на Куба (шпански: Presidente del Consejo de Estado de Cuba) — шеф на државата Куба. Според кубанскиот Устав од 1976 г., претседателот е главното извршно лице на Државниот совет на Куба. Претседателот советот едновремено е и шеф на државата и шеф на владата. Во случај на негово отстуство, болест или смрт, првиот заменк претседател ги зема неговите должности.
Претседател на Државниот совет на Куба
Presidente del Consejo de Estado de Cuba | |
---|---|
Службен бајрак | |
Државен совет | |
Звање | Г-дин Претседател (неформ.) Екселенција (меѓунар.) |
Членува во | Министерски совет |
Седиште | Дворец на револуцијата |
Назначувач | Национално собрание на народната власт |
Мандат | 5 години, еднаш повторливо[1] |
Прв функционер | Томад Естрада Палма (1902) |
Создадена | 1902 |
Заменик | Заменик-претседател |
Начин на избирање
уредиПретсдателот на Државнот Совет се бира од Националното собрание. Собранието се бира од народот секои 5 години. Дваесет и вториот и тековен претседател е Мигел Дијас-Канел (од 19 април 2018).
Повластувања
уредиПретседателот на Куба е повластен да го спроведе следново:
- Да ја претставува државата и владата и да ја води нивната општа полиика;
- Да организира и управува со активностите на, да свика и претседава со седниците на Државниот совет и Министерскиот совет;
- Да го контролира и надгледува развојот на активностите на министрите другите централни агенции на административната апаратура;
- Да заземе водство на било кое министерство или централна агенција на административната апаратура;
- Да му предлага на Народното собрание на Народната Власт, члениво за Министерскиот Совет;
- Да прифаќа оставки од членовите на Министерскиот Совет и да му предлага или на народното собрание на Нардната власт, или на Државниот совет замена за било кој од тие членови, во двата случаја, да предлага одговарачки замени;
- Да прима акредитивни писма од водачите на делегациите на странски дипломатски мисии. Оваа должност можа да му се делегира на било кој од замениците претседатели на Државниот совет;
- Да ја заземе врховната команда на сите вооружени инситуции и да ја одреди нивната општа организација;
- Да претседава со Националниот Совет за Одбрана;
- Да прогласи вонредна состојба во случаи покриени од овој Устав, искажувајќи ја неговата одлука, веднаш штом околностите го дозволат тоа, на Народното собрание на Народната Власт или пак на Државниот совет доколку собранието не може да се состане, според правните норми;
- Да потпишува указни закони и други решенија на Државниот совет и правните одредби усвоени од Министерскиот Совет или неговиот Извршен Комитет, и да се погрижи за нивно објавување во Службениот Весник на Републиката;
- Да ги прењземе сите други должности кои му се припишуваат во Уставот или со закон.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Raul Castro says Cuba needs term limits for its leaders“. Архивирано од изворникот на 2018-03-28. Посетено на 2016-09-07.