Неврокоп

град во Пиринска Македонија

Неврокоп или Гоце Делчев (бугарски: Гоце Делчев) — град во Пиринска Македонија, во денешната Благоевградска област, југозападна Бугарија.

Неврокоп
Гоце Делчев
Споменик на Гоце Делчев
Споменик на Гоце Делчев
Амблем на Неврокоп
Амблем
Земја Бугарија
ОбластБлагоевградска
ОпштинаНеврокоп
Управа
 • ГрадоначалникВладимир Москов (БСП)
Надм. вис.&10000000000000540000000540 м
Население (2015)20.306
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2900
Повик. бр.751

Име уреди

Во 1951 година, градот бил преименуван во чест на македонскиот револуционер Гоце Делчев, кој бугарската држава го смета за свој деец.

Географија уреди

Градот е сместен во југоисточното подножје на Пирин Планина, во Неврокопската Котлина. Се наоѓа на 97 километри од центарот на областа Горна Џумаја и околу 200 километри од главниот град Софија. Просечната надморска височина на градот е 545 метри. Градот е распослан на двата брега на Неврокопската Река (наречена и Градска Река), притока на реката Места, која тече три километри источно од градот.

Историја уреди

Антички период уреди

Неврокоп е наследник на древниот град Никополис ад Нестум, кој е основан пред 2 век п.н.е. од римскиот цар Трајан и остатоците од тврдината се наоѓаат на 7 километри источно од Неврокоп. Името Неврокоп е турската форма на грчкото Николопис.

Отоманско Царство уреди

Неврокоп паѓа под Отоманското Царство некаде помеѓу 1374 и 1383 година, кога се освоени Драма и Сер.[1] Градот почнува да се води во отоманскиот катастар за првпат по последното освојување на Солун од страна на Отоманското Царство во 1430 година. Селото се споменувало под името Неврокоп во османлискиот дефтер №525 од 1444 годиа, каде што е опишано како големо христијанско село со 131 домаќинство, 12 неженети и 24 вдовици.[2] Според тоа, Неврокоп во тој период претставува најголемото село во регионот. Потоа Неврокоп се развива мошне брзо и во период од еден век прераснува во доминантно муслимански град.

Според османслиските даночни регистри од 1464/1464 година, во Неврокоп биле регистрирани 208 христијански домаќинства, 50 неженети и 19 вдовици, како и 12 муслимански домаќинства.[3]

Во османлиските даночни регистри од 1478/1479 година во Неврокоп биле запишани 393 христијански домаќинства, 31 вдовица, како и 42 муслимански домаќиства.[4]

Во 80-тите и 90-тите години на XV век, во Неврокоп биле изградени џамија со големо минаре и муслиманско училиште од страна на Мехмед-бег, син на Караџа паша, при што Караџапашината џамија е единствениот османлиски архитектурен споменик во градот, којшто преживеал во сегашноста. Во 1512 година, Коџа Мустафа паша изградил и втора џамија, бања и второ училиште.[5]

Во османлискиот даночен дефтер №70 од 1519 година, Неврокоп се споменува со 167 муслимански домаќинства, 67 неженети муслимани, како и 315 христијански домаќинства, 26 неженети и 69 вдовици.[6]

Порастот на муслиманското население нараснува во 1530 година, кога бројот на муслиманите се зголемува на 295 домаќинства и 52 неженети, а христијаните се 381 домаќинство, 43 неженети и 71 вдовица.[7]

Во 1565 година, султан Сулејман I Величествениот издава ферман за изградба на уште една џамија за спомен на син му Шезаде Мехмед.[5]

Во 1569/70 година, муслиманските домаќинства се 281, а христијанските 385 домаќинства. Според овие бројки, 42 % од населението во градот го сочинуваат муслимани. Во 1530 година имало 5 муслимански и 13 христијански маала, а по 1569 година - 13 муслимански и 6 христијански.[1][8]

Турскиот патописец Хаџи Калфа го споменува Неврокоп како центар на кадилак и забележува дека наликува на мал град со богати слоеви на железна руда. А при посетата на патописецот Евлија Челебија, го опишува градот како голем, убав, со многу џамии и 12 минариња, дервишки текиња, анови, амами, училиште и многу убави куќи, како и резиденции на бројната администрација.[5]

По воените походи што поминале низ Неврокоп во втората половина на XVII век и епидемиите од чумата помеѓу 1699 и 1717 година, во пописот на населението од 1723 година, во Неврокоп биле регистрирани само 86 муслимански и 42 христијански домаќинства.[9] Во тоа време градот имал вкупно 10 џамии.[10]

Во 1906/7 година Неврокоп бил дел од Солунскиот вилает и имал 20 маала, 1432 куќи, 598 продавници, 12 џамии, 2 цркви и не помалку од 8 теќиња. Освен тоа, градот имал 7 муслимански и 2 христијански училишта.[5]

На табелата е прикажан бројот на население на Неврокоп за периодот 1444 – 1723:

Година Население Вкупно
Христијани Муслимани
Домаќинства Неженети Вдовици Домаќинства Неженети
1444 131 + 6 12 24 - - 173
1464 – 65 208 + 10 50 19 + 1 12 - 300
1478 – 79 393 - 39 42 - 474
1519 315 + 36 26 + 2 69 + 6 167 + 2 67 + 2 692
1530 381 43 71 295 52 842
1569 – 70 385 281 666
1723 42 86 128

Во 1900 година, градот бил центар на Неврокопската каза која вклучувала 123 села и 74 770 жители, од кои 35 310 Македонци христијани,[11], 26 960 Македонци-муслимани[11] и 12 500 Турци.[5]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, населението во градот Неврокоп броело 6 215 жители, од кои 5 000 Турци, 850 Македонци,[11] 190 Власи, 110 Евреи и 65 Роми.[12]

Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Неврокоп имало 1 016 Македонци[11] егзархисти, 288 Македонци[11] патријаршисти 60 Грци и 116 Роми.[13]

Демографија уреди

 
Неврокоп

Според пописот од 2011 година, во Неврокоп имало 19 219 жители.[14]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[15]

националност број %
Бугари[11] 15 703 81,7
Роми 164 0,85
Турци 763 3,97
други 102 0,53
не се самоопределиле 168 0,87
не одговориле 2 319 12,0
Вкупно 19 219 100

На табелата е прикажан бројот на населението во Неврокоп за периодот 1934-2011:[14]

Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
жители 8 767 11 115 12 577 14 358 16 845 19 699 20 454 20 426 19 219
 
Паркот во Неврокоп

Личности од Неврокоп и околината уреди

Галериjа уреди

Извори уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Kiel, Machiel (1995). „Newrokop“. The encyclopaedia of Islam VIII. Leiden: Brill. стр. 9. ISBN 900-4098-34-8. OCLC 312245667.
  2. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 76. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  3. Бошков, Ванчо (1978). Турски документи за исотијта на македонскиот народ, серия 2, том 4. Скопје: Архива на Македонија. стр. 127–129. OCLC 165435293.
  4. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 9–13. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Kiel, Machiel (1995). „Newrokop“. The encyclopaedia of Islam VIII. Leiden: Brill. стр. 10. ISBN 900-4098-34-8. OCLC 312245667.
  6. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 56. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  7. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 123–124. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  8. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част I. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 370. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026969.
  9. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 135–136. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  10. Радушев, Евгений (2005). Помаците - християнство и ислям в Западните Родопи с долината на р.Места, XV - 30-те години на XVIII век. Част II - Приложения. София: Народна библиотека Св. Св. Кирил и Методий - Ориенталски отдел. стр. 147–159. ISBN 954-523-084-3. OCLC 166026970.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  12. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 193. ISBN 954430424X.
  13. D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, стр. 112 – 113.
  14. 14,0 14,1 „Справка за населението на гр. Гоце Делчев, общ. Гоце Делчев, обл. Благоевград“ (бугарски). Посетено на 2018-02-04.
  15. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.