Висечки мост
Висечки мост — еден вид градежна конструкција во која каблите што висат од столб ја носат неговата греда.[3] Првите современи примероци на ваков вид мост биле изградени во раните 1800-ти.[4] Едноставните висечки мостови, кои немаат вертикални потпори, имаат долга историја во многу планински области во светот.[5]
Историја
уредиВисечките мостови се еден од најстарите видови мостови. Ваквите мостови биле градени уште од неолитот користејќи растенија како носачи на подножјето на мостот. Многу поцврсти конструкции почнале да се градат во Индија околу IV век, кои користеле испреплетени бамбуси како носачи, а подоцна и железни синџири.[3]
Бидејќи висечките мостови обезбедуваат економично решение за проблемот со големите распони над пловните реки или на други места каде што е тешко да се изградат столбови поради длабоката вода, за нив почнало да се размислува за време на Индустриската револуција.[3]
Британски, француски, американски и други инженери на крајот на XVIII век и на почетокот на XIX век, наишле на сериозни проблеми со стабилноста и цврстината против силите на ветровите, тешките товари, силните бури, обилните снежни врнежи и стадата добиток. Најголема заслуга за решавањето на тие проблеми има американскиот инженер со германско потекло Џон Реблинг, кој го решил проблемот со додавање на решеткаста конструкција на секоја страна од мостовите. Притоа, тој создал структура доволно силна за успешно да ја премости реката Нијагара, потоа реката Охајо во Синсинати и на крајот Источната Река помеѓу Бруклин и Менхетен во Њујорк во своето ремек-дело Бруклинскиот мост.[3]
Техниката на упредување кабли, што ја измислил францускиот инженер Луј Вика (современик на Реблинг), значително ја унапредила изградбата на висечки мостови.[3]
Друг голем придонес во развојот на модерните висечки мостови бил кесонот, кој овозможил да се градат столбови на големи длабочини. Првично го користеле француски, британски и американски инженери, меѓу кои и Вашингтон Роблинг, кој го завршил Бруклинскиот мост на неговиот татко.[3]
Околу 1930-тите години, американските инженери вршеле опити со многу тенки цврсти кабли како носачи на гредите на мостовите, наместо решеткаста конструкција, но откако мостот преку теснецот Такома се урнал во 1940 година заради аеродинамичките сили (многу се нишал дури и при слаб ветер), се откажале од таквиот начин и се вратиле на потврдените методи. Подоцна, аеродинамички стабилни носачи ги замениле решеткастите структури.[3]
На крајот на 1980-тите, само три висечки мостови - Голден гејт во Сан Франциско, Веразано во Њујорк и Хамберскиот мост во близина на англискиот Хул — имале распон поголем од 1200 метри.[3]
Се смета дека модерните легирани челици можат да носат многу поголеми распони, па дури и висечките мостови би можеле да бидат доволно цврсти да носат товарни возови, но сепак речиси сите се проектирани за автомобилски сообраќај.[3]
Мостови од подготвени кабли почнале да градат германските инженери во Келн, Дисердорф и други градови во текот на 1950-тите и 60-тите години, при што само еден средиштен столб носел низа кабли кои пак ја носеле гредата на мостот.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Port Authority of New York and New Jersey - George Washington Bridge“. The Port Authority of New York and New Jersey. Архивирано од изворникот на 20 септември 2013. Посетено на 13 септември 2013.
- ↑ Woodruff, Bod; Zak, Lana & Wash, Stephanie (20 ноември 2012). „GW Bridge Painters: Dangerous Job on Top of the World's Busiest Bridge“. ABC News. Архивирано од изворникот на 28 септември 2013. Посетено на 13 септември 2013.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 „Suspension bridge“ (англиски). Encyclopædia Britannica. Посетено на 19 февруари 2017.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Lhasa and Its Mysteries by Lawrence Austine Waddell, 1905, p.313
- ↑ Morley, Arthur (1912). Theory of structures. Longmans, Green, and Co. стр. 482-484, 574.
simple suspension bridge.
Литература
уреди- Newton, Isaac (2008). D. T. Whiteside (уред.). The Mathematical Papers of Isaac Newton: Volume 5: 1683–1684. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-04584-1.
- Lockwood, E.H. (1961). „Chapter 13: The Tractrix and Catenary“. A Book of Curves. Cambridge.
- Salmon, George (1879). Higher Plane Curves. Hodges, Foster and Figgis.
- Truesdell, C. (1960), The Rotational Mechanics of Flexible Or Elastic Bodies 1638–1788: Introduction to Leonhardi Euleri Opera Omnia Vol. X et XI Seriei Secundae, Zürich: Orell Füssli, стр. 66, ISBN 9783764314415
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Peters, Tom F. (1987). Transitions in Engineering: Guillaume Henri Dufour and the Early 19th Century Cable Suspension Bridges. Birkhauser. ISBN 3-7643-1929-1.
- Kranakis, Eda (1996). Constructing a bridge: an exploration of engineering culture, design, and research in nineteenth-century France and America. MIT Press. ISBN 0-262-11217-5.
- „The Living-Root Bridge: The Symbol Of Benevolence“. Riluk (англиски). 2016-10-10. Архивирано од изворникот на 8 септември 2017. Посетено на 2017-09-07.
- „Living Root Bridge in Laitkynsew India“. www.india9.com. Посетено на 2010-02-22.
- „Ten Exceptional Living Root Bridges“. The Living Root Bridge Project (англиски). 2017-05-10. Посетено на 2017-09-07.
- „Cherrapunjee“. www.cherrapunjee.com. Посетено на 2010-02-22.
- „Living Bridges in India Have Grown for 500 Years (Pics)“. TreeHugger, New York. Посетено на 2010-10-24.
- Otto, M. Rebekah; и др., „The Vine Bridges of Iya Valley“, Atlas Obscura
- Paul, Ruchira (April 22, 2010). „Living architecture: The root bridges of India and Japan“. Accidentalblogger.typepad.com. Посетено на April 3, 2015.
- Bovey, Henry Taylor (1882). Applied Mechanics. 2. Montreal: Printed by John Lovell & Son for the Office of the Minister of Agriculture, Canada.
- Jenkin, Fleeming (1876). Bridges: an elementary treatise on their construction and history. Edinburgh: Adam and Charles Black.
- Bell, Simon (2008). Design for Outdoor Recreation (2nd. изд.). Taylor & Francis. ISBN 978-0-415-44172-8.
- Bell, Simon (2008). Design for Outdoor Recreation (2nd. изд.). Taylor & Francis. ISBN 978-0-415-44172-8.
- Williams, Nicola; Catherine Le Nevez (2007). Provence & the Côte d'Azur (5th. изд.). Lonely Planet. ISBN 978-1-74104-236-8.
- „Des passerelles himalayennes“ (француски). www.enviscope.com. Архивирано од изворникот на December 23, 2008. Посетено на 2009-03-04.
- Werner, Paul; Kürschner, Iris; Huttenlocher, Thomas; Hemmleb, Jochen (2017). Klettersteigatlas Alpen: Über 900 Klettersteige zwischen Wienerwald und Côte d'Azur (германски). Bergverlag Rother GmbH. стр. 374. ISBN 9783763380879. Посетено на 2018-05-31.
- www.valtellina.it, Valtellina -. „Highest Tibetan Bridge in Europe Opens - Valtellina“. www.valtellina.it (англиски). Архивирано од изворникот на 24 септември 2018. Посетено на 2018-09-24.
- „Longest Tibet-style footbridge“. www.guinnessworldrecords.com (англиски). Посетено на 2019-08-26.
- „Parbat getting 'tallest and longest' bridge at home“. myRepublica. 6 January 2020. Посетено на 1 May 2021.
- „World's longest pedestrian suspension bridge is opening in Portugal“ (англиски). CNN Travel. 9 October 2020. Посетено на 10 October 2020.
- „A Castelsaraceno il ponte tibetano più lungo al mondo“ (италијански). la Repubblica. 27 July 2021. Посетено на 22 January 2022.
- Troyano, Leonardo Fernández (2003). „8.3.2 Catenary Bridges“. Bridge Engineering: A Global Perspective. Thomas Telford. ISBN 0-7277-3215-3.
Надворешни врски
уреди- Висечки мост на Ризницата ?
- Suspension bridge
- New Brunswick Canada suspension footbridges Архивирано на 14 јули 2011 г.
- Structurae: suspension bridges
- American Society of Civil Engineers
- Bridgemeister: Mostly suspension bridges
- Wilford, John Noble (8 мај 2007.). „How the Inca Leapt Canyons“. The New York Times. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)