1513
|
Шпанскиот истражувач Хуан Понсе де Леон ја открил Флорида и ја прогласил за шпански посед. Во 1819. Шпанија ја продала Флорида на САД за 5 милиони УСД и ветување дека ќе се откажат од претензии кон Тексас.
|
1820
|
Милоска Венера е откриена на островот Милос во Грција и станала првостепена атракција кога била изложена во Лувр во Франција, иако некои не ја делеле воодушевеноста, на пример Пјер Огист Реноар рекол дека „потсетува на голем џандар“.
|
1904
|
Франција и Обединетото Кралство потпишале „Срдечен сојуз“, предвесник на Антантата која била воен сојуз во текот на Првата светска војна и Втората светска војна, и крај на долговековните војни помеѓу двете земји.
|
1942
|
Во Битола бугарската полиција го смртно е повреден членот на месниот комитет на КПЈ Јордан Чопела. Следниот ден умира.
|
1971
|
Во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8 април за Светски ден на Ромите.
|
1993
|
Со акламација во Генералното собрание на ОН, Република Македонија е примена како 181 рамноправна членка на Организацијата на обединетите нации под името „Поранешна Југословенска Република Македонија“.
|
1995
|
Република Македонија и Сојузна Република Југославија воспоставиле дипломатски односи.
|