ИБМ

(Пренасочено од IBM)

„Интернационалната корпорација за деловни машини“ ИБМ (англ. International Business Machines Corporation - IBM) е мултинационална компанија за компјутерска технологија и консалтинг со седиште во Армонк, во државата Њујорк, САД. ИБМ е една од ретките информатички компании која има непрекината историја уште од 19. век.

Логото на ИБМ.

ИБМ произведува и продава компјутерска опрема и софтвер и обезбедува инфраструктурни услуги, услуги за вдомување и консултантски услуги во областите од супер-компјутери до нанотехнологии.[1]

ИБМ е познат во поновата историја како најголема компјутерска компанија со 355.000 вработени ширум светот. Во однос на вкупните приходи долго време беше прва, а од 2006. е втора, после Хјулит-Пакард. Во 2007. вкупните приходи изнесувале 98,8 милијарди УСД.[2]

ИБМ е сопственик на повеќе патенти од било која друга технолошка компанија. Има инженери и консултанти во над 170 земји и 8 истражувачки лаборатории ширум светот. Вработени на ИБМ се носители на 3 Нобелови награди, четири Тјурингови награди, пет Национални медали за технологија, и пет Национални медали за наука.[3]

Наводи

уреди
  1. „Nanotechnology & Nanoscience“. Архивирано од изворникот на 2009-12-27. Посетено на 2009-08-12.
  2. ИБМ - Информации за инвеститорите (англ.)
  3. „Награди и достигања (англ.)“. ИБМ. Архивирано од изворникот на 2008-07-09. Посетено на 2009-08-12.