Големи Езера

(Пренасочено од Големите Езера)
Оваа статија е за групата на северноамерикански езера. За африканските езера, видете Африкански големи езера. За други значења видете Големи Езера (појаснување).

Големите Езера (анг. Great Lakes) е група на пет големи езера во Северна Америка на или блиску до границата помеѓу Канада и САД. Тие се најголемата група на слатководни езера на Земјата.[1][2][3] Системот Големи Езера-Сент Лоренс е најголемиот слатководен систем во светот.[4] Тие понекогаш се нарекуваат внатрешни мориња. [5]

Големите Езера од вселената.
Карта на Големите Езера

Езера

уреди

Големите Езера се:

  • Горно Езеро (најголемо по волумен и најдлабоко, поголемо од Шкотска или Јужна Каролина)
  • Мичиген (второто најголемо по волумен и трето најголемо по површина; единственото кое се наоѓа само на територијата на САД)
  • Хјурон (третото најголемо по волумен; второ најголемо по површина)
  • Ири (најмалото по волумен и најтрсковито)
  • Онтарио (второто најмало по волумен и најмало по површина, на многу пониска надморска висина од останатите).

Езерата Мичиген и Хјурон, хидролошки поврзани, понекогаш се сметаат за еден ентитет: езеро Мичиген-Хјурон. Заедно, овие езера се поголеми по површина од Горното Езеро, но помали по вкупен воден волумен.

Многу помалото шесто езеро, Сент Клер, е дел од системот на Големите Езера и се наоѓа помеѓу езерото Хјурон и Ири, но не се смета за едно од „Големите Езера“. Овој систем исто така ги вклучува реките кои ги поврзуваат езерата: Сент Мерис помеѓу Горното Езеро и Хјурон, Сент Клер помеѓу Хјурон и езерото Сент Клер, Детроит помеѓу езерото Сент Клер и Ири, и Нијагара и Нијагарините Водопади помеѓу Ири и Онтарио. Езерото Мичиген е поврзано со Хјурон преку протокот Мекинак. Големи острови и еден полуостров го делат Хјурон на самото езеро и Џорџискиот Залив.

Езерата се опколени со териториите на покраината Онтарио (освен езерото Мичиген), потоа сојузните американски држави Минесота, Висконсин, Мичиген (освен езерото Онтарио), Илиноис, Индијана, Охајо, Пенсилванија и Њујорк. Четири од петте езера се протегаат долж границата меѓу САД и Канада; петтото езеро Мичиген е целосно на територијата на САД. Реката Сент Лоренс, која ја обележува истата меѓународна граница во еден дел од својот тек, е примарен излез на овие поврзани езера и тече низ Квебек, го поминува полуостровот Гаспе и се влева во Атлантскиот Океан.

Има околу 35.000 Големоезерски Острови распрскани низ езерата,[6] вклучувајќи ги островот Манитулин во езерото Хјурон, најголемиот остров во било која копнена водена површина на Земјата,[7] и островот Ројал во Горното Езеро, најголемиот остров во најголемото езеро.[8]

Наводи

уреди
  1. „Great Lakes“. US EPA.gov. June 28, 2006. Посетено на February 19, 2011.
  2. „LUHNA Chapter 6: Historical Landcover Changes in the Great Lakes Region“. Biology.usgs.gov. November 20, 2003. Архивирано од изворникот на January 11, 2012. Посетено на February 19, 2011.
  3. Ghassemi, Fereidoun (2007). Inter-basin water transfer. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-86969-0.
  4. McDowell, Allia (2019-09-13). „10 Great Lakes Fun Facts You May Not Know“. Michigan (англиски). Посетено на 2022-01-31.
  5. Williamson, James (2007). The inland seas of North America: and the natural and industrial productions ... John Duff Montreal Hew Ramsay Toronto AH Armour and Co. ISBN 9780665341281. Посетено на January 5, 2014.
  6. Tom Bennett (1999). State of the Great Lakes: 1997 Annual Report. Diane Publishing. стр. 1991. ISBN 978-0-7881-4358-8.
  7. Dunn, Gary A (July 1, 1996). Insects of the Great Lakes Region. University of Michigan Press. стр. 3. ISBN 978-0-472-06515-8.
  8. Huber, Norman King; Geological Survey (U.S.); United States. National Park Service (1975). The geologic story of Isle Royale National Park. Department of the Interior, Geological Survey: for sale by the Superintendent of Documents, U.S. Government Printing Office. стр. 41. ISBN 9780932212313.