Сојуз на комунистите на Македонија

За историјата на партијата СКМ по 20 април 1991 година, видете Социјалдемократски сојуз на Македонија.

Сојуз на комунистите на Македонија (СКМ) — македонски оддел на Сојузот на комунистите на Југославија, владејачката партија во СФР Југославија во текот на нејзиното постоење. До април 1952 го носи називот „Комунистичка партија на Македонија“ (КПМ).

Сојуз на комунистите на Македонија
ВодачЛазар Колишевски (прв)
Петар Гошев (последен)
Основана19 март 1943; пред 77 години (1943-03-19)
Распуштена1991
ПретходникРегионален комитет на комунисти во Македонија
НасленикСДСМ
ШтабСкопје, СР Македонија, СФР Југославија
ИдеологијаКомунизам
Марксизам – ленинизам
Титоизам
Политичка положбаЛево крило
Бои     Црвена,      златна
Знаме
League of Communists of Yugoslavia Flag mk.svg
Политика на Македонија
Политички партии
Избори
Македонски огранок на Сојузот на комунистите на Југославија

ИсторијаУреди

 
Куќата на Јовановци во Тетово во која е формирана Комунистичата Партија на Македонија на 19 март 1943

КПМ е основана на 19 март 1943 година во Тетово. Нејзиниот прв Централен комитет бил во состав: Лазар Колишевски (политички секретар), Мара Нацева (организациски секретар), Цветко Узуновски, Кузман Јосифовски - Питу, Страхил Гигов и Бане Андреев. Првиот конгрес на КПМ се одржал во 1948 година.

ПлурализамУреди

Со воведувањето на партискиот плурализам, СКМ го менува своето име во СКМ - Партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП) и под тој назив учествува на првите повеќепартиски избори во Република Македонија во 1990 година. Истовремено, ја менува својата комунистичка идеологија со социјалдемократска. На својот конгрес од април 1991 СКМ - ПДП повторно го менува своето име во Социјалдемократски сојуз на Македонија, СДСМ. Мал дел од членството на СКМ-ПДП се отцепил од матичната партија и ја задржал комунистичката идеологија, или барем комунистичкото име.

Конгреси на СКМ (КПМ)Уреди

  • Прв конгрес 1948
  • Втор конгрес 1953
  • Трет конгрес 1959
  • Четврт конгрес 1963
  • Петти конгрес 1968
  • Шести конгрес 1974
  • Седми конгрес 1978
  • Осми конгрес 1982
  • Деветти конгрес 1986
  • Десетти конгрес 1989

Секретари на СКМ (КПМ)Уреди

Име Слика Период на функција
Лазар Колишевски   март 1943 – јули 1963
Крсте Црвенковски   јули 1963 – март 1969
Ангел Чемерски   март 1969 – мај 1982
Крсте Марковски мај 1982 – 5 мај 1984
Милан Панчевски 5 мај 1984 – јуни 1986
Јаков Лазароски јуни 1986 – 1989
Петар Гошев   1989 – април 1991

ГалеријаУреди

ИзвориУреди