Јужни Словени
Јужни Словени е заеднички назив за современите словенски народи кои живеат на Балканскиот Полуостров. Јужнословенски народи се: Македонците, Бошњаците, Бугарите, Србите, Словенците, Хрватите и Црногорците. Сите овие денешни народи се создадени преку еден етногенетски процес на мешање со други народи, но сепак локалните и светските експерти се едногласни дека словенскиот фактор е доминантен кај сите денешни Јужни Словени.
Јужните Словени (темнозелено) на картата на Европа. | |
Вкупен број | |
---|---|
29 милиони [1] | |
Подрачја со значајно население | |
Мнозинство: Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора. Малцинство: Австрија, Албанија, Грција, Италија, Косово, Романија, Турција, Унгарија. | |
Јазици | |
Јужнословенски јазици: босански, бугарски, македонски, словенечки, српски, хрватски, црногорски | |
Вероисповед | |
православие, католицизам, ислам | |
Сродни народи | |
други Словени |
Историја
уредиРани извори
уредиМалку е познато за Словените пред 5 век од нашата ера. Нешто што го знаеме за нивната историја пред 500-тите години е поврзана со изворите на византиските историчари.
Во неговите изворни дела Де Белис, Прокопиус ги опишува Словените како високи и цврсти, со светол тен и црвенкасто-руса коса, живеејќи во еден многу примитивен живот. Тие живееле во колиби, често оддалечени едни од други и често го менувале нивното место на живеење. Тие на власт немале само еден водач, туку подолго време живееле во „демократија“, однсно анархија. Тие најверојатно верувале во повеќе богови, но Прокопиус претпоставувал дека верувале во еден врховен бог. Тој често бил идентификуван како Перун, бог на молњата. Словените се бореле така што право го напаѓале нивниот непријател, вооружани со стрели и мали штитови, но тие не носеле панцири.
Овие информации биле истиснати од страна на историските извори на Стратегикон, кој ги опишал Словените како неорганизирани и луѓе бев водач, но сепак во голем број. Тој за нив напишал дека се луѓе кои не пуштале лесно да бидат освоени и друг да владее над нив. Тие ги правеле нивните живеалишта во близина на шуми, реки и мочуришта.[2] Јордан вели дека Словените имале нивен дом на Дунав, не далеку од северните порти. Наредна информација за Словените доаѓа од страна на владетелот Константин Порфирогенит, компилацијата историски извори „Чуда на Свети Димитар“ и слично.
Јужнословенски држави
уредиДенес има 7 држави каде Јужните Словени се мнозинство:[3]
- Босна и Херцеговина (50.1% Бошњаци, 30.7% Срби, 15.4% Хрвати)
- Бугарија (84,8% Бугари)
- Македонија (64.2% Македонци, 1.8% Срби, 0.9% Бошњаци)
- Словенија (83.1% Словенци, 2% Срби, 1.8% Хрвати, 1.6% Бошњаци)
- Србија (83.3% Срби, 2.3% Бошњаци, 0.8% Хрвати, 0.5% Црногорци)
- Хрватска (90.4% Хрвати, 4.3% Срби, 0.9% Бошњаци)
- Црна Гора (45% Црногорци, 28.7% Срби, 11.9% Бошњаци и Муслимани по националност, 0.9% Хрвати)
Покрај овие, јужнословенски народи има и во:
Население
уредиЈужните Словени се поделени на две етнолингвистички групи: источни и западни Јужни Словени.[4]
Источни: (~9,000,000)
Западни: (~19,500,000)
- Бошњаци = 3,000,000 [7]
- Словенци = 2,000,000 [8]
- Срби = 9,000,000 [9]
- Хрвати = 5,300,000 [10]
- Црногорци = 360,000 [11]
Најголеми cities во јужнословенските држави
проценка за 1 октомври 2015 | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бр. | Држава | Нас. | Бр. | Држава | Нас. | ||||
Белград Софија |
1 | Белград | Србија | 1,233,796 | 11 | Ниш | Србија | 187,544 | Загреб Скопје |
2 | Софија | Бугарија | 1,231,981 | 12 | Подгорица | Црна Гора | 185,937 | ||
3 | Загреб | Хрватска | 790,017 | 13 | Бања Лука | Босна и Херцеговина | 185,042 | ||
4 | Скопје | Македонија | 506,926 | 14 | Сплит | Хрватска | 178,102 | ||
5 | Сараево | Босна и Херцеговина | 395,133 | 15 | Крагуевац | Србија | 150,835 | ||
6 | Пловдив | Бугарија | 338,153 | 16 | Русе | Бугарија | 149,642 | ||
7 | Варна | Бугарија | 334,870 | 17 | Стара Загора | Бугарија | 138,272 | ||
8 | Љубљана | Словенија | 277,554 | 18 | Риека | Хрватска | 128,314 | ||
9 | Нови Сад | Србија | 277,522 | 19 | Тузла | Босна и Херцеговина | 110,979 | ||
10 | Бургас | Бугарија | 200,271 | 20 | Зеница | Босна и Херцеговина | 110,663 |
Религија
уредиПред доаѓањето на Јужните Словени на Балканот, тие имале политеистичка религија. Словените имале свои богови, митологија и преданија. Дури и денес се зачувани некои остатоци од оваа политеистичка религија. Сепак денес Јужните Словени се следбеници на христијанството и исламот. Најголемиот дел се православни (Бугари, Македонци, Срби и Црногорци), а потоа следуваат католиците (Словенци и Хрвати) и на крај муслиманите (Бошњаци).
Јужните Словени по религија:
- Воглавно православни
|