Едвард Исповедникот
Едвард Исповедникот (староанглиски: Ēadƿeard Andettere; латински: Eduardus Confessor; ок. 1003 година – 5 јануари 1066 година) бил претпоследниот англосаксонски крал на Англија и се смета за последен владетел од Весекс династијата. Владеел од 1042 до 1066 година.
Едвард Исповедникот | |
---|---|
EDWARD(US) REX: Едвард Исповедникот, устоличување, почетна сцена од Таписеријата Баје | |
Крал на Англија | |
На престол | 8 јуни 1042 – 5 јануари 1066 |
Крунисување | 3 Април 1043, Винчестерска катедрала |
Претходник | Хартакнут |
Наследник | Харолд II |
Роден(а) | ок. 1003–1005 Ајслип, Оксфордшир, Англија |
Починал(а) | 5 јануари 1066 (возраст 60–63) Лондон, Англија |
Почивалиште | Вестминстерска опатија, Лондон |
Сопружник | Едит од Весекс |
Династија | Весекс |
Татко | Етелред II |
Мајка | Ема од Нормандија |
Едвард бил син на Етелред Неподготвениот и Ема од Нормандија. На престолот го наследил синот на Кнут Велики (и негов полубрат) Хартакнут. Откако Кнут ја освоил Англија во 1016 година следел период на данско владеење со Англија, а со доаѓањето на Едвард на власт била реставрирана Династијата Весекс. Кога Едвард починал во 1066 година, него го наследил неговиот шура Харолд Годвинсон, кој истата година бил поразен и убиен од Норманите под водство на Вилијам Освојувачот во битката кај Хеjстингс. По битката кај Хејстингс во 1066 година, за крал бил прогласен Едгар Етелинг (правнук на Едвард), но не бил крунисан и бил мирно симнат по околу осум недели.
Неговото владеење било одбележано со слабеење на кралската моќ во земјата, како и со распаѓање на англосаксонското општество и слабеење на одбранбената способност на државата. Овие фактори, биле причината поради која Вилијам Освојувачот (негов правнук и војвода од Нормандија) релативно лесно ја потчинил Англија веднаш по смртта на Едвард во 1066 година.[1]
Едвард Исповедникот посветил големо внимание на промовирањето на христијанските доблести. Во 1161 година, папата Александар III го канонизирал, и оттогаш Едвард бил еден од националните светци на Англија, до околу 1350 година кога кралот Едвард III го прифатил Свети Георги од Лида како национален светец-заштитник. Во моментов Свети Едвард е почитуван како светец во Црквата на Англиската и Католичката црква и се слави на 13 октомври.
Детство и егзил
уредиЕдвард бил седми син на Етелред Неподготвениот, но прв од неговата втора сопруга, Ема од Нормандија. Едвард е роден помеѓу 1003 и 1005 година во Ислип, Оксфордшир.[2] Едвард имал еден полноправен брат, Алфред, и сестра, Годгифу. Во повелбите тој секогаш бил наведуван зад своите постари полубраќа, што значело дека бил рангиран под нив.[3]
За време на неговото детство, Англија била цел на викиншки напади под водство на Свен Форкберд и неговиот син Кнут. Откако во 1013 година, Свен го зазел престолот, Ема ги однела Едвард и Алфред во Нормандија. Откако Свен починал во 1014 г., на престолот се вратил Етелред II, а Едвард се вратил во Англија. По смртта на Етелред II во април 1016 година, и краткото владеење на Едмунд (починал во ноември 1016 година), Кнут станал неприкосновен крал на Англија и ја започнал данската династија во Англија. Едвард потоа заедно со својот брат и сестра повторно отишол во егзил; а во 1017 година неговата мајка се омажила за Кнут.[2] Истата година, Кнут го егзекутирал последниот преживеан постар полубрат на Едвард, Едвиг.[4]
Едвард поминал четвртина век во егзил, веројатно претежно во Нормандија, иако нема докази за неговата локација до почетокот на 1030-тите. Неговите шанси да стапи на англискиот престол биле мали во овој период, а неговата амбициозна мајка го поддржувала Хартакнут, нејзиниот син од Кнут, како претендент за престолот.[2][5]
Кнут умрел во 1035 година, а Хартакнут го наследил како крал на Данска. Не се знае дали имал намера да ја задржи и Англија, но бил премногу зафатен со одбраната на својата позиција во Данска за да отпатува за Англија и да го потврди своето право на престолот. Затоа било одлучено неговиот постар полубрат Харолд I (Брзоногиот) да дејствува како регент, а Ема го држела Весекс во име на Хартакнут. [6] Во 1036 година, Едвард и неговиот брат Алфред одделно дошле во Англија. Ема подоцна тврдела дека тие дошле како резултат на фалсификувана покана од Харолд, но историчарите веруваат дека таа веројатно ги поканила во обид да се спротивстави на растечката популарност на Харолд.[2][5] Алфред бил заробен од Годвин, грофот од Весекс, кој потоа го предал на Харолд I. Тој го ослепил Алфред со вжештена маша за да го онеоспособи за водење царство, и набргу Алфред умрел од здобиените рани. Се смета дека поради ова убиство Едвард чувствувал огромна омраза кон Годвин и е една од основните причини за протерувањето на Годвин во 1051 година.[7]
Во 1037 година, Харолд станал крал, а следната година ја протерал Ема, која се повлекла во Бриж. Таа потоа го повикала Едвард и побарала да му помогне на Хартакнут, но тој одбил затоа што немал ресурси за да започне напад и а за себе рекол дека нема интерес за престолот.[2][5] Хартакнут, откако ја зацврстил власта во Данска, почнал да планира инвазија, но Харолд умрел во 1040 година, а Хартакнут успеал без противење да го преземе англискиот престол.[8]
Во 1041 година, Хартакнут го поканил Едвард да се врати во Англија, веројатно како наследник затоа што знаел дека нема уште долго да живее.[6] Според англосаксонската хроника, Едвард положил заклетва како крал покрај Хартакнут, но дипломата издадена од Хартакнут во 1042 година го опишува како брат на кралот.[1] [9]
Почеток на владеењето
уредиПо смртта на Хартакнут на 8 јуни 1042 година, Годвин, најмоќниот од англиските грофови, го поддржал Едвард како наследник на престолот. [2] Едвард бил крунисан на 3 април 1043 година во Винчестерската катедрала, кралското седиште на Западните Саксонци.[10]
Едвард сметал дека мајка му „направила недоволно за него пред да стане крал, а исто така и потоа“. Затоа, во ноември 1043 година, тој со неговите три водечки грофови, Леофрик од Мерсија, Годвин и Сивард од Нортамбрија, отпатувал за да ѝ го одземе имотот. На нејзиниот советник, Стиганд, му била одземена епископијата Елмам во Источна Англија. Ема починала во 1052 година.[5]
Новиот монарх, кој поминал 25 години во егзил, воопшто не ја познавал земјата на своите предци. Покрај тоа, за време на владеењето на данската династија во Англија, било формирано силно воено службено благородништво од англо-данско потекло, на чело со моќни грофови кои контролирале една или друга провинција на кралството. Едвард немал апсолутно никакви соработници или силна поддршка меѓу англосаксонското благородништво. Како резултат на тоа, во поголемиот дел од неговото владеење, Едвард морал да ги координира своите акции со грофовите, пред сè, Годвин, а подоцна и со неговиот син Харолд. Сепак, кралот не станал марионета во рацете на големото англосаксонско благородништво. Постојано се спротивставувал на притисокот на грофовите, се обидувал да води своја политика и да создаде социјална поддршка во земјата. За да го стори тоа, тој активно привлекувал луѓе од Нормандија и други региони на Северна Франција во кралската служба, на кои Едвард им доделувал земјишта и барал да бидат назначени на црковни позиции (вклучувајќи го и архиепископот од Кантербери). Норманските советници на кралот предизвикале незадоволство кај англосаксонското благородништво. Едвард Исповедникот уживал значаен политички престиж во Европа поради неговата вистинска религиозност, верба во доблеста и аскетизам.
Првата половина од владеењето на Едвард била под големо влијание на англо-данските грофови, првенствено Годвин, Ерл од Весекс. Во 1045 година, кралот се оженил со ќерката на Годвин, Едит. Набргу потоа, нејзиниот брат Харолд и нејзиниот дански братучед Беорн Естритсон, исто така, добиле ерлдоми во јужна Англија. Годвин и неговото семејство сега владееле со цела Јужна Англија. Меѓутоа, во 1047 година Свен бил протеран поради грабнувањето на опатицата од Леоминстер. Во 1049 година, тој се обидел да ја врати својата грофовија, но се смета дека на тоа се спротивставиле Харолд и Беорн, веројатно затоа што им била дадена земјата на Свен во негово отсуство. Свен го убил својот братучед Беорн и повторно отишол во егзил, а на внукот на Едвард - Ралф му била дадена грофовијата на Беорн.[1]
Во надворешната политика, покрај природната ориентација кон Нормандија, главен фактор била норвешката закана. Норвешкиот крал Магнус I Добриот, потпирајќи се на договорот од 1038 година склучен со Хардекнут, имал претензии за англискиот престол. Едвард, пак, одржувал пријателски односи со кралот Свен Естридсен од Данска, главниот противник на Норвешка. Меѓутоа, кога Данска била под закана од норвешка инвазија во 1047 година, Едвард одбил да му помогне на својот сојузник преку испраќање на морнарица. Со смртта на Магнус I (1047) норвешката закана по Данска била привремено елиминирана.[2] Во 1048 година, англиската флота учествувала во операциите на светиот римски цар Хенри III против грофот од Фландрија - еден од исклучително ретките примери за учество на англосаксонска Британија во големата европска политика.
Кризата од 1051–52
уредиКај црковните именувања, Едвард и неговите советници покажале пристрасност кон кандидатите со локални врски, а кога свештенството и монасите од Кантербери во 1051 година избрале роднина на Годвин за архиепископ на Кантербери, Едвард го отфрлил и го назначил Роберт Јумиеж, кој тврдел дека Годвин незаконски поседувал некои имоти на архиепископијата.
Семејството Годвин до 1050 година достигнало многу големо влијание и моќ. Самиот Годвин бил Ерл од Весекс и ја контролирал цела Јужна Англија од Кент до Корнвол. Неговата ќерка била сопруга на кралот, најстариот син Свен владеел со Оксфордшир, Херефордшир, Глостершир, Беркшир и Сомерсет, а другиот негов син Харолд бил Ерл од Источна Англија, Есекс, Кембриџшир и Хантингдоншир. Кралот Едвард, бил загрижен поради својата зависност од ова семејство и не заборавил на вмешаноста на Годвин во убиството на неговиот помлад брат Алфред Етелинг во 1036 година. Во 1051 година му се пружила можност да се справи со ова семејство. Имено во Довер, кој бил дел од грофствијата Весекс, биле убиени витези од свитата на грофот Евстахиј II од Булоњ, кој бил во посета на кралот. Едвард му наредил на Годвин да ги казни луѓето од Довер, но тој го одбил тоа, што значело раскинување на врските со кралот.
До 1 септември 1051 година, Годвин и неговите синови собрале војска која се приближила до Глостер, каде што во тоа време се наоѓал кралот, и побарале да има сослушување за инцидентот во Довер и да се отфрлат обвиненијата за предавство. Во меѓувреме, повикувајќи се на светото право на англосаксонските кралеви, Едвард објавил свикување на сите територии од земјата во кралската војска. Поради ова Годвин загубил значителен дел од своите воени сили. Плашејќи се за својот живот, Годвин не се појавил на состанокот на Витенаџмот и со своето семејство побегнал од земјата.[2] Едвард ја отфрлил Едит и ја испратил во женски манастир, можеби затоа што немала деца.[11]
Падот на Годвин му овозможило на кралот да започне да води независна политика. Ова значело зајакнување на норманскиот елемент во администрацијата и на судот. Огромниот имот на Годвин и неговото семејство бил поделен меѓу норманските соработници на кралот. Ова предизвикало незадоволство кај англосаксонското благородништво. Во тоа време, војводата Вилијам од Нормандија веројатно бил прогласен за наследник на англиската круна. Во 1051/1052 година, Вилијам ја посетил Англија и кралот Едвард. Незадоволството на англосаксонците од зајакнувањето на Норманите му дало надеж на Годвин за обновување на неговата моќ.
Свен отишол на аџилак во Ерусалим (починал на враќањето), но Годвин и неговите други синови со војска се вратиле во Англија една година подоцна, и добиле значителна поддршка. Двете страни биле загрижени дека граѓанска војна ќе ја ослабне земјата и дека ќе биде ранлива од надворешни инвазии. Кралот бил бесен, но бил принуден да отстапи и да ги врати Годвин и Харолд во нивните грофовии, а Роберт Жумиеж и другите Французи побегнале, плашејќи се од одмаздата на Годвин. Едит била вратена како кралица, а Стиганд, кој повторно дејствувал како посредник меѓу двете страни во кризата, бил назначен за надбискуп на Кентербери на местото на Роберт. Стиганд ја задржал својата епископија во Винчестер, а неговиот плурализам бил причина за постојани спорови со папата.[2][5]
Крај на владеењето
уредиПо смртта на Годвин во 1053 година, Харолд ја наследил грофовијата во Весекс. Во 1055 година, починал Сивард, а неговиот син бил премлад за да управува со Нортамбрија, и на таа позиција бил назначен братот на Харолд, Тостиг. Во 1057 година, умреле Леофрик и Ралф, а синот на Леофрик, Елфгар, станал гроф од Мерсија, додека братот на Харолд, Гирт, го наследил Олфгар како гроф од Источна Англија. На четвртиот брат, Леофвин, му била доделена грофовијата на југоисток, а Харолд ја добил територијата на Ралф како компензација. Така, до 1057 година, браќата Годвин ја контролирале цела Англија, освен Мерсија. Не е познато дали Едвард ја одобрил оваа трансформација или морал да ја прифати, но изгледа дека оттогаш почнал да се повлекува од активната политика, и се посветил на ловот, каде што одел секој ден откако ќе појдел во црква.[2] [9]
Во 1050-тите години, Едвард водел агресивна и генерално успешна политика во справувањето со Шкотска и Велс. Малколм Канмор бил во егзил на дворот од Едвард откако неговиот татко, Данкан I, бил убиен во битка во 1040 година, против луѓето предводени од Магбет кои го зазеле шкотскиот престол. Во 1054 година, Едвард го испратил Сивард да ја нападне Шкотска. Тој го победил Магбет, а Малком воспоставил контрола врз јужна Шкотска. Во 1058 година, Малком го убил Магбет во битка и го зазел шкотскиот престол. Во 1059 година, тој го посетил Едвард, но во 1061 година започнал да ја напаѓа Нортамбрија со цел да ја припои кон својата територија.[2] [12]
Во 1053 година, Едвард наредил атентат на принцот од Јужен Велс Рис ап Ридерх како одмазда за тоа што тој ја нападнал Англија; подоцна му била предадена главата на Рис.[2] Во 1055 година, Груфид ап Ливелин станал владетел на Велс и се здружил со Олфгар од Мерсија за да ја нападнат Англија. Тие го победиле Ерл Ралф во Херефорд, а Харолд морал да собира сили од речиси цела Англија за да ги истисне напаѓачите назад во Велс. Бил склучен мир, Олфгар повторно станал гроф од Мерсија. Груфид се заколнал дека ќе биде верен поткрал на Едвард. Елфгар најверојатно починал во 1062 година, а на неговиот син Едвин станал гроф од Мерсија. Ова му овозможило на Харолд да ја потчини Мерсија и да тргне во офанзива во Велс. Во 1062-1063 година, трупите на Харолд во серија напади го поразиле и го уништиле кралството на Грувид. Велс повторно бил поделен на мали кралства, кои ја признале власта на Англија. [13] [14]
Во 1065 година во Нортумбрија избувнало востание против Ерл Тостиг, помладиот брат на Харолд, кој бил протеран од земјата, а кралот се согласил титулата Ерл од Нортамбрија да ја додели на Моркар , претставник на Мерсијанско аристократско семејство кое се натпреварувало со Годвинсонови. Тостиг пред кралот го обвинил Харолд за заговор со бунтовниците. Едвард бил принуден да се потчини на неговото протерување, а понижувањето можеби предизвикало серија мозочни удари што ја предизвикале неговата смрт. [2] [15] Тој бил премногу изнемоштен за да присуствува на осветувањето на неговата нова црква во Вестминстер, која била речиси комплетирана на 28 декември 1065 година. [16]
Едвард веројатно им го доверил кралството на Харолд и Едит непосредно пред својата смрт на 5 јануари 1066 година. На 6 јануари бил погребан во Вестминстерската опатија, а Харолд бил крунисан истиот ден.[2]
Вестминстерската опатија
уредиСимпатиите на Едвард кон Нормандија најјасно се гледаат во главниот градежен проект за време на неговото владеење, Вестминстерската опатија, првата норманска романска црква во Англија. Црквата почнала да се гради помеѓу 1042 и 1052 година како кралска погребна црква, била осветена на 28 декември 1065 година, а завршена е по неговата смрт во околу 1090 година и урната во 1245 година за да се отвори простор за новата зграда на Хенри III, која сè уште постои.
Канонизација
уредиЕдвард Исповедникот бил првиот англосаксонец и единствениот крал на Англија прогласен за светец.[17] Католичката црква го почитува Едвард Исповедникот како светец-заштитник на кралевите, тешките бракови и разведените сопружници. До околу 1350 година Едвард се сметал за светец-заштитник на Англија, а потоа улогата на национален светец-заштитник ја презел Свети Георги од Лида.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Mortimer 2009.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 Barlow 2006.
- ↑ Keynes 2009.
- ↑ Panton 2011.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Rex 2008.
- ↑ 6,0 6,1 Lawson 2004.
- ↑ Howarth 1981.
- ↑ Howard 2008.
- ↑ 9,0 9,1 Baxter 2009.
- ↑ Barlow 1970.
- ↑ Williams 2004a.
- ↑ Barrow 2008.
- ↑ Walker 2004.
- ↑ Williams 2004c.
- ↑ Aird 2004.
- ↑ Fernie 2009.
- ↑ Bozoky 2009.
Извори
уреди- Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - Barlow, Frank (1970). Edward the Confessor. University of California Press. ISBN 978-0-520-01671-2.
- Barlow, Frank (1992). The Life of King Edward who Rests at Westminster. Oxford: Clarendon Press. ISBN 978-0-19-820203-5. https://books.google.com/books?id=BLDoMHk4AZ8C.
- Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - Baxter, Stephen (2009). „Edward the Confessor and the Succession Question“. Во Mortimer, Richard (уред.). Edward the Confessor: the man and the legend. Woodbridge: Boydell Press. ISBN 978-1-84383-436-6. OL 23632597M.
- Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - Bozoky, Edina (2009). „The Sanctity and Canonisation of Edward the Confessor“. Во Mortimer, Richard (уред.). Edward the Confessor: the man and the legend. Woodbridge: Boydell Press. ISBN 978-1-84383-436-6. OL 23632597M.
- Carpenter, D. A. (1 September 2007). „King Henry III and Saint Edward the Confessor: The Origins of the Cult“. The English Historical Review. CXXII (498): 865–891. doi:10.1093/ehr/cem214 – преку academic.oup.com.
- Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - Fernie, Eric (2009). „Edward the Confessor's Westminster Abbey“. Во Mortimer, Richard (уред.). Edward the Confessor: the man and the legend. Woodbridge: Boydell Press. ISBN 978-1-84383-436-6. OL 23632597M.
- Gem, Richard (2009). „Craftsmen and administrators in the building of the Confessor's Abbey“. Во Mortimer, Richard (уред.). Edward the Confessor: the man and the legend. Woodbridge: Boydell Press. ISBN 978-1-84383-436-6. OL 23632597M.
- [[s:|]] – преку Викиизвор.
- Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - Howard, Ian (2008). Harthacnut: The Last Danish King of England. History Press. ISBN 978-0-7524-4674-5.
- Howarth, David (1981). 1066: The Year of the Conquest. Harmondsworth, UK: Penguin. ISBN 0-14-005850-8.
- Jones, Dan (2014). The Plantagenets: The Warrior Kings and Queens Who Made England. Penguin. ISBN 978-0143124924.
- Keay, A. (2002). The Crown Jewels. London: The Historic Royal Palaces. ISBN 1-873993-20-X.
- Keynes, Simon (2009). „Edward the Ætheling“. Во Mortimer, Richard (уред.). Edward the Confessor: the man and the legend. Woodbridge: Boydell Press. ISBN 978-1-84383-436-6. OL 23632597M.
- Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - Maddicott, J. R. (2004). „Edward the Confessor's Return to England in 1041“. English Historical Review. Oxford University Press. CXIX: 650–666. doi:10.1093/ehr/119.482.650.
- Molyneaux, George (2015). The Formation of the English Kingdom in the Tenth Century. Oxford: University Press. ISBN 978-0-19-871791-1.
- Mortimer, Richard, уред. (2009). Edward the Confessor: the man and the legend. Woodbridge: Boydell Press. ISBN 978-1-84383-436-6. OL 23632597M.
- Panton, James (2011). Historical Dictionary of the British Monarchy. Scarecrow Press. ISBN 978-0-8108-7497-8.
- Rex, Peter (2008). King & Saint: The Life of Edward the Confessor. Stroud: History Press. ISBN 978-0-7524-4602-8.
- Stafford, Pauline (2001). Queen Emma and Queen Edith: Queenship and Women's Power in Eleventh-Century England. Wiley. ISBN 978-0-631-22738-0.
- Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - van Houts, Elisabeth (2009). „Edward and Normandy“. Во Mortimer, Richard (уред.). Edward the Confessor: the man and the legend. Woodbridge: Boydell Press. ISBN 978-1-84383-436-6. OL 23632597M.
- Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - Williams, Ann (1997). Land, power and politics: the family and career of Odda of Deerhurst (Deerhurst Lecture 1996). Deerhurst: Friends of Deerhurst Church. ISBN 0-9521199-2-7.
- Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .)
Дополнително читање
уредиНадворешни врски
уреди- Вестминстерската опатија: Едвард Исповедникот и Едит
- „Едвард Исповедникот и неговите грофови“ од Стивен Мулбергер
- Илустрирана биографија на Едвард Исповедникот
- Историја на БиБиСи: Едвард Исповедникот
- БиБиСи Вести: Откриена е античка кралска гробница
- Животот на Свети Едвард Исповедник, дигитална библиотека во Кембриџ
Едвард Исповедникот Роден(а): о. 1003 Починал(а): 4 или 5 Јануари 1066
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Хартакнут |
Крал на Англија 1042–1066 |
Наследник Харолд II |