Папа Бенедикт XVI
Бенедикт XVI (Марктл, 16 април 1927 - Ватикан, 31 декември 2022) — поранешен папа на Римокатоличката црква[1].
Папа Бенедикт XVI | |
---|---|
Римокатолички бискуп | |
Бенедикт XVI, 2009 | |
Црква | Римокатоличка црква |
Ракоположен | 19 април 2005 |
Службата завршила | 28 февруари 2013 |
Претходник | Јован Павле II |
Наследник | Франциск |
Редови | |
Ракоположен | 29 јуни 1951 |
Осветување | 28 мај 1977 |
Станал кардинал | 27 јуни 1977 |
Лични податоци | |
Световно име | Јозеф Рацингер |
Роден | април 16, 1927 Марктл, Германија |
Починал | 31 декември 2022 Ватикан | (возр. 95)
Националност | Германец |
Родители | Јозеф Рацингер мл. Марија Пентнер |
Гесло | Cooperatores veritatis |
Потпис | |
Грб |
Јозеф Рацингер
уредиЈозеф Рацингер е роден на 16 април 1927 година во германската покраина Баварија. Свештеник станал во 1951 година, а во 1977 година е именуван за архиепископ (надбискуп) на Минхен.
Во 1981 година е поставен за раководител на влијателната Конгрегација за верска доктрина, која реформските кругови во Католичката црква ја оценуваат како наследник на Светата инквизиција.
Рацингер, кого го нарекуваа „панцер кардинал“ и „божји ротвајлер“ бил противник на идеите за жени-свештеници, на хомосексуалноста, на употребата на контрaцепција и на комунизмот. Тој бил еден од противниците на зачленувањето на муслиманската Турција во ЕУ.
Контарверзниот дел од неговата биографија го опфаќа период на Втората светска војна, кога Рацингер бил член на Хитлеровата младина, подмладок на Национал-социјалистичката германска работничка партија и припадник на единиците на противвоздушната одбрана на Вермахтот.
Рацингер, кој важи за припадник на конзервативното крило на Католичката црква, во октомври 2004 година изјавил дека Црквата треба да остане „подалеку од народните маси, бидејќи колку што им е поблизу, станува сè поповршна“.
Бенедикт XVI
уредиПапата Бенедикт, во спротивно со верувањето на многу луѓе сепак не го зел името Јован Павле III, туку се одлучил за Бенедикт. Тој го започнал своето владение како папа на 19 април 2004.
На 12 септември 2006 година во текот на едно свое предавање во Германија цитирал остра критика на исламот и на пророкот Мухамед напишана во 14 век од византискиот цар Мануил II Палеолог:
„Покажете ми што ново донел Мухамед и ќе видите само зли и нечовечни работи, како неговата наредба со меч да се шири верата што ја проповеда“. Неговиот настап предизвика остри критики од муслиманскиот свет.
Во потегот што во голема мера бил виден како помирувачки, кон крајот на 2006 година тој направи историска посета на муслиманска Турција и се молел во Сината џамија во Истанбул со турскиот муфтија.
На 12 февруари 2013 година се повлекол од функцијата понтиф на Римокатоличката црква, станувајќи првиот папа по 600 години кој го сторил тоа.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Папа Бенедикт XVI“ на Ризницата ? |
- Deus Caritas Est – encyclical God is Love (на Англиски)
- Vatican: the Holy See – Официјалната страница на Ватикан
- The Holy See - The Holy Father - Benedict XVI – Официјалната страница на папата
- Официјална адреса за е-пошта: [1]
Наводи
уредиОваа биографска статија папа е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |