Хари Труман
Хари Труман (8 мај 1884 - 26 декември 1972), на 12 април во 1945 година станува триесет и третиот претседател на САД, додека пред да стане американски претседател ја вршел функцијата на потпретседател.
Животопис
уредиРоден е во Ламар во Мисури. Кога станал претседател изјавил во моментна импресија: „Се чувствувам како да сум на месечината, на ѕвездите,и како сите планети да паднале врз мене.“ На 12 години бил фармер во Мисури бидејќи живеел на село.Хари Труман кога бил на помала возраст се семтало дека бил многу талентиран.Знаел да свири на неколку инструменти,учел историја па сакал да оди на факулет но немал доволно пари па останал да работи на неговата фарма.
За време на првата светска војна заминува за Франција каде што е капетан на Филдската Артилерија.По враќањето од Франција се жени со Елизабет Вирџинија Волис со која има ќерка.Активен член е на демократската партија, а по некое време избран е за судија во Џексоновиот окружен суд а во 1922 добива административна позиција.Станува сенатор во 1934 а за време на вторатаљ светска војна е на чело на инвестигационата комисија во сенатот каде ја средува корупцијата и заштедува околу 15 милјарди долари.
Труман како претседател
уредиКако претседател, Труман прави една од најкруцијалните одлуки во историјата.Наскоро по денот на неговиот избор војната помеѓу САД и Јапонија доаѓа до крајна фаза.Бидејќи Јапонија не сакала да се предаде, Хари Труман донесува одлука да се испуштат атомски бомби во Хирошима и Нагасаки на 6 и 9 август 1945.По исфрлањето на бомбите Јапонците набргу се предале.Хари Труман не бил свесен во целост за злото што го предизвикал.Со активирањето на атомските бомби уште веднаш усмртил 100 000 жители а бројот двојно се зголемувал со текот на зрачењето која ја имале атомските бомби.Тие нанесиле огромна материјална штета и за генерациите коишто престојат.Со тоа завршила и втората светска војна со околу 30 милиони жртви.Тој прави програма од 21 точка за социјална безбедност но најпознат му е Маршаловиот план што претставува економска поткрепа за западна Европа односно за финансирање на овие западни земји и да се издигнат по војната.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |