Учителска школа (Скопје)

поранешна образовна установа во Скопје
(Пренасочено од Учителска школа - Скопје)

Учителската школа — некогашна педагошка образовна установа во кругот на денешна Општина Центар во Скопје. Oстаток од неа е само порталот како споменик и сведок на минатото.

Учителска школа
Влезот од Учителската школа, оставен на забот на времето
Карта
Општи податоци
СтатусВоглавно срушена
МестоДебар Маало
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Уништена1962 (Скопска поплава)
1963 (Скопски земјотрес)

Историја

уреди
 
Учителската школа некогаш.

Хафиз Мехмед-паша (турски:Hafiz Mehmed Paşa), роден во Багдад, доаѓа 1820 во Скопје за скопски валија. Помеѓу другото неговото внимание го посветува на образованието па почнува со градба на средното училиште „Идадија“ во близина на градскиот парк, кој е исто така негово дело, во тоа време познат под името „Ислахански парк“.

Во средното осмогодишно училиште можеле да учат сите деца и од сите вероисповеди, учејки во дневно или вечерно училиште.

Набрзо потоа се претвора во гимназија, а во 1898 г. во Учителска школа. Во неа се создава кадар за потребите на образованието - учители така што во учебната 1913/1914 година завршиле 287 ученици.

Во 1935 Учителската школа е поплавенa од излевањето на Вардар. Како спомен на таа непогода на едниот столб од порталот е издлабена годината и водостојот која го зафатила.

На 3 ноември 1944 во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.

Школата за народни учители во Скопје службено започнува со работа на 1 март 1945 година, со 13 наставници и 314 ученици во 9 паралелки.

Третиот кат бил интернат за женските ученици, со болнички стационар, a машките биле сместени во градбите во дворот на истата.

Подоцна од Учителска школа се преименува во Учителска школа „Никола Карев“ – Скопје.

По земјотресот

уреди

По вторпат во 1962 година реката Вардар го поплавува училиштето, а веќе следната година по катастрофалниот земјотрес во 1963 година се урива зградата, оставајќи го само влезниот портал од Учителската школа, како нем споменик.

Во 2006 Општина Центар започна со иницијатива порталот од Учителската школа да претставува симболичен влез во новата општинска зграда, спречувајќи го така неговото пропаѓање од забот на времето.

Поврзаност

уреди

На 9 април 1909 година турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграле првиот фудбалски натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал.

Надворешни врски

уреди

Интернет Досие: Учителската школа (Скопје) - Хронологија

уреди