Шеќерна болест или дијабетес (лат. diabetes mellitus грч. διαβήτης) е хронично системско пореметување на метаболизмот,[2] кое се одликува со хипергликемија, т.е. трајно зголемување на нивото на гликоза во крвта. Генерално е условен од наследни фактори,[3] а настанува како последица на намалено излачување или намалено биолошко дејство на хормонот инсулин, односно во комбинација на овие два фактори.[4] Тој недостаток ја попречува размената на јаглехидрати, масти и белковини во организмот (што се манифестира со карактеристични тегоби), а по подолго време влијае и на структурата и функцијата на крвните садови, нервите и другите витални органи и органски системи.

Шеќерна болест
Универзален син круг, симбол за дијабетес.[1]
СпецијалностДијабетологија, Ендокринологија Уреди на Википодатоците

Дијабетесот денес се вбројува меѓу најчестите ендокринолошки заболувања, со тенденција на зголемен пораст (особено во развиените земји на светот).[5] Тоа е последица на модерниот стил на живот и зголемениот број на надворешни етиолошки предизвикувачи, меѓу кои посебно се издвојува претераниот вишок на килограми. Шеќерната болест најчесто се јавува во поодмината животна возраст како последица на општите дегенеративни и склеротични промени во организмот (кои го зафаќаат и панкреасот), а кај младите лица може да настане поради генетски пореметувања или оштетувања на панкреасот кај одредени заразни заболувања.[6]

Терминологија

уреди
 
Томас Вилис

Зборот дијабетес прв го употребил Деметрије од Аполонија околу 200 година п.н.е.[7] Таа е изведена од грчкиот збор διαβαίνειν кој во превод значи „тече низ“, што одговара на една од главнитех симптоми на оваа болест – непрестајно земање на течности и прекумерна продукција на урина (мокраќа). Во 1675 година Томас Вилис е на постоечкиот назив го додал зборот mellitus, кој е изведен од латинскиот јазика и во превод значи „сладок“ (ова е поврзано со слаткиот вкус на урината кај заболените личности). Метју Добсон во 1776 докажал дека слаткиот вкус потекнува од присуството на шеќер во крвта и мокраќата на дијабетичарите.[8]

Зборот дијабетес обично се однесува на заболените од diabetes mellitus, иако постојат и други состојби кои во своето име ја содржат претставката дијабетес. Меѓу нив е најпознато заболувањето diabetes insipidus за кое не е карактеристичен слаткиот вкус на урината, а кое најчест настанува после оштетување на бубрезите или хипофизата.

Историја

уреди

Ова заболување е познато веќе повеќе од 3.500 години. Првпат е опишано на староегипатски папирус кој е откриен во 1862 година во гробница во околината на Теба. Неговата содржина во 1878 година ја дешифрирал германскиот египетолог Георг Еберс и дијабетесот во него е опишан како болест која се одликува со силна жед и често и обилно мокрење. Записите на санскритскиот јазик (околу 500 година пр. н. е) ја опишуваат како „медена мочка“, а шеќерната болест се споменува и во голем број други записи на лекари од претхристијанскиот период. Во почетокот на 1 век римскиот лекар Целзиј ги опишал болните со симптоми на дијабетес, а еден век подоцна античкиот лекар Аретеј од Кападокија во своите записи детално го опишал ова заболување. Отприлика во исто време приказ на болеста дале кинескиот лекар Чанг-Чанг и индискиот лекар Шушрута, кој вели дека тоа е болест на луѓето кои „консумираат многу ориз, храна со скроб и шеќер“. Јапонските лекари во 3 век воочиле дака кучињата ја лижат мочката на дијабетичарите (поради големата концентрација на гликоза), па почнале да ги користат овие животни во откривањето на болеста. Сличен принцип користел и Ратсимаманга, лекар од Мадагаскар, кој од своите пациенти барал да уринираат покрај мравјалник и потоа набљудувал дали мравките се собираат на урината.
Персискиот лекар и филозоф Авицена во 11 век ја опишал дијабетската гангрена, а подоцна е воочено дека кај заболените од дијабетес често се јавуваат чирови и туберкулоза. Прочуениот лекар Парацелзус во 14 век пронашол кристали во мочката на дијабетичарите, но не ја открил и природата на тие кристали. Тој мислел дека причина за болеста е „големата топлина во бубрезите“. Англискиот лекар Томас Сиденхајм во 15 век ја изнел теоријата дека шеќерна болест настанува „како последица на нецелосно варење на хилусата во крвта, при што се излачуваат неасимилирани состојки“. Неговиот сонародник Мортон кон крајот на 17 век констатирал дека во прашање е наследно заболување. Италијанскиот анатом Џовани Батиста Моргањи во XVIII век во својата книга „За седиште и причини за болеста“ запишал дека дијабетес е заболување со непознато средиште (лат. Morbus in sede incerto locus). Дури подоцна е откриена улогата на панкреасот во настанокот на шеќерната болест благодарение на работата на швајцарецот Јохан Конрад Брунер (кој на кучињата им го одстранувал панкреасот и така предизвикувал симптоми на дијабетес), французинот Клод Бернар (кој ги поставувал темелите на ексерименталната физиологија и ги проучувал црниот дроб и панкреасот) и германецот Паул Лангерханс.[7]

 
Бест и Бантинг

И покрај фактот дека за неа се знаело релативно долго, шеќерната болест за првпат експериментално е изучена и опишана кон крајот на XIX век.[9] Откривачката улога и значењето на панкреасот во настанокот на дијабетесот им е препишано на научниците Јозеф фон Меринг и Оскар Минковски. Тие во 1889 година откриле дека кучињата на кои им е одстранет панкреасот набрзо ги развиваат сите знаци и симптоми на шеќерната болест и дека потоа тие брзо умираат.[10] Сер Едвард Алберт Шарпеј во 1910 наговестил дека кај заболените од дијабетес недостасува една од супстанциите кои ги продуцира панкреасот, и тој предложил да ја наречат инсулин. Тој назив е изведен од латинскиот збор, insula кој во превод значи „остров“, што се однесува на фактот дека инсулинот ствара бета-клетки на Лангерхансови островчиња во панкреасот.[9]
Ендокрината улога на панкреасот во метаболизмот, како и вистинското откривање на инсулинот, не биле расветлени до 1921 година, кога Сер Фредерик Грант Бантинг и Чарлс Херберт Бест докажале дека кај кучињата без панкреас дијабетесот може да се спречи со давање на екстракти од Лангерхансовите островчиња на здравите кучиња.[11] Бантинг, Бест и соработниците (посебно хемичаотр Колип) успеле да го изолираат инсулинот од панкреасот на некое говедо на Универзитетот во Торонто, што во 1922 година овозможило негова примена во терапијата за шеќерната болест. Една година подоцна, Бантинг и директорот на лабораторијат Меклауд за ова откритие добиле Нобелова награда. Тие откритието го заштитиле со патент но овозможиле негова употреба без надомест, што придонело за брзо ширење на примената на инсулинот за терапијата на оваа болест ширум светот.

Типови дијабетес

уреди

Разликата помеѓу дијабетесот од тип 1 и тип 2 прв го открил и објавил Сер Херолд Персивал Химсворт во јануари 1936 година.[12]
Дијабетесот се јавува и кај бремените жени и тој тип е познат како „гестациски дијабетес“. Причината за појавата на дијабетесот лежи во тоа што за време на бременоста хормоните од плацентата ја блокираат активноста на инсулинот, а со тоа се спречува влезот на гликозата во клетките и расте нивото на гликозата во крвта. Со напредокот на бременоста расте нивото на хормоните кои го блокираат инсулинот и поради тоа расте нивото на шеќерот во крвта, што може да го попречи развојот на бебето. Гестацискиот дијабетес се јавува кај 10% од трудниците, а најголем број трудници кои страдаат од овој тип дијабетес немаат никакви знаци и симптоми на болеста. По породувањето, најчесто сите симптоми на дијабетес исчезнуваат. Но, доколку во една бременост се јавил овој тип дијабетес, тогаш постои голема веројатност тој да се повтори и во следните бремености. Исто така, студиите покажуваат дека кај 20-50% од жените што имале гестациски дијабетес, во рок од 10 години може да се развие дијабетес од тип 2.[13]

Етиологија на болеста

уреди

Метаболизам на гликозата

уреди

Со обзир на тоа дека инсулинот е основен хормон кој го регулира влегувањето на гликозата од крвта во повеќето клетки (освен во централниот нервен систем), неговиот недостаток или намалениот сензибилитет на рецепторот за инсулин играат главна улога во настанокот на разни облици на шеќерна болест.

Поголемиот дел од јаглехидратите од храната во процесот на варење се претвора во моносахарид (прост шеќер) гликоза и во тој облик достигнува во крвта.

Наводи

уреди
  1. „Diabetes Blue Circle Symbol“. International Diabetes Federation. 17 March 2006. Архивирано од изворникот на 2007-08-05. Посетено на 2011-03-05.
  2. С. Стефановиќ и соработниците: Специјална клиничка физиологија, III издание („Медицинска книга“ Белград-Загреб, 1980.)
  3. Arthur C. Guyton M.D, John E. Hall Ph.D: Медицинска физиологија, IX издание („Современа администрација“ Београд, 1999.)
  4. Diabetes mellitus (Шеќерна болест), проверено на 15 септември 2007.
  5. Дијабетесот како кардиоваскуларна болест, проверено на 15 септември 2007.
  6. Шеќерна болест – дијабетес Архивирано на 12 септември 2007 г., проверено на 15 септември 2007.
  7. 7,0 7,1 Проф. др Лазар Лепшановиќ, проф. др Теодор Ковач: Историја на шеќерната болест, списание „Ме-Диј“, број 30, 2009. година, стр. 28-30, ISSN 1451-446X
  8. Dobson, M. (1776). "Nature of the urine in diabetes". Medical Observations and Inquiries 5: 298–310
  9. 9,0 9,1 Patlak M: "New weapons to combat an ancient disease: treating diabetes", 2002.-
  10. Von Mehring J, Minkowski O. (1890). "Diabetes mellitus nach pankreasexstirpation.". Arch Exp Pathol Pharmakol 26: 371-387}-
  11. Banting FG, Best CH, Collip JB, Campbell WR, Fletcher AA: "Pancreatic extracts in the treatment of diabetes mellitus", 1922.
  12. Himsworth (1936). "Diabetes mellitus: its differentiation into insulin-sensitive and insulin-insensitive types". Lancet i: 127–130
  13. „Нема место за паника“, ТЕА Kids, број 4, октомври 2015, стр. 8-10.

Надворешни врски

уреди