Јуриј Алексеевич Гагарин (руски: Ю́рий Алексе́евич Гага́рин; 9 март 193427 март 1968) — советски космонаут, кој на 12 април 1961 за првпат во историјата на човештвото се вивнал во вселената и бил прв човек кој ја прелетал Земјата околу нејзината орбита. По летот, кој траел 108 минути, тој се спуштил јужно од Саратов. Гагарин загинал во авионска несреќа во 1968 година.

Јуриј Гагарин
Юрий Гагарин
Гафарин при посета во Шведска, 1964
НационалностСССР
СтатусПочинат
РоденЈуриј Алексеевич Гагарин
9 март 1934(1934-03-09)
Клушино, Руска СФСР, Советски Сојуз
Починал27 март 1968(1968-03-27) (возр. 34)
Новосилово, Руска СФСР, Советски Сојуз
Друго занимање
Пилот
ЧинПолковник, Воена авијација на СССР
Поминато време во вселената
1 h 48 min
ИзборЦПК-1/ВВС-1
МисииВосток 1

Рани години

уреди
 
Семејната куќа на Гагарин во Клушино

Гагарин е роден на 9 март 1934 во село Клушино,[1] Смоленска област во Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република, во близина на градот Гжатск (кој бил преименуван Гагарин во 1968 после неговата смрт).[2] Неговите родители работеле во селската задруга[3]—Алексеј Иванович Гагарин како столар, а мајка му Ана Тимофејевна Гагарина како млекарка.[4][б 1] Јуриј бил трето од четири деца. Неговиот постар брат Валентин е роден во 1924, и во времето кога Јуриј е роден веќе помагал со добитокот на фармата. Неговата сестра Зоја, родена во 1927, се грижела за „Јура“ и за нивниот помал брат Борис, роден во 1936.[6][7]

Во филателијата и нумизматиката

уреди

Наводи

уреди
  1. Hall, Shayler & Vis 2007, стр. 332
  2. French 2010, стр. 270
  3. Tito, Dennis (13 November 2006). „Yuri Gagarin“. Time Europe. Архивирано од изворникот на 26 March 2008.
  4. Burgess & Hall 2009, стр. 41–42
  5. Jenks 2012a, стр. 140–41
  6. Doran & Bizony 2011, стр. 11–12
  7. Burgess & Hall 2009, стр. 42

Извори

уреди


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.