Демократска партија (Македонија)

Да не се поистоветува со Демократска партија на Македонија

Демократска партија (ДП) — поранешна македонска политичка партија.

Демократска партија
(ДП)
ВодачПетар Гошев
Основана1993
ШтабСкопје
Идеологијадемократија
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Историја

уреди

Формирањето на партијата било најавено од страна на Петар Гошев во април 1993 по неговото заминување од Социјалдемократскиот сојуз, кој претходно го предводел. На Гошев му се придружиле неколку поранешни членови од Лигата за демократија, која била распуштена во мај истата година, како и членови од три помали партии, ВМРО-Илинден слободни демократи, Зелена партија и Реформската партија на Охрид. Основачкото собрание било одржано на 27 јуни.

Партијата ја засновала својата платформа на ниски даноци и приватизација по пат на ваучери.[1] На парламентарните избори во 1994 година партијата го освоила третото место во првиот круг од изборите со освоени 108.872 гласови или 11,0% од вкупниот број на гласови,[2], но поради бојкотот на вториот круг не успеала да освои пратенички мандат. Покрај изразениот протест за бојкот, ДП била обвинета за прекршување на забраната за водење кампања 48 часа пред одржувањето на изборите со тоа што биле поставувани промотивни постери во Куманово, па затоа била казнета со парична казна во износ од 25.000 денари

Во април 1997 година, партијата се споила со Либералната партија и ја формирале Либерално-демократската партија чиј прв водач станал Гошев.[3]

Покрај спојувањето, отсек од партијата учествувал на парламентарните избори во 1998 како дел од коалиција со МААК - Конзервативна партија и Македонска алијанса. Коалицијата освоила помалку од 1% од гласовите во двата круга и не успала да освои пратенички мандат. По овие избори, Демократската партија повеќе не учествува на ниеден последователен изборен циклус и се распушта.[4]

Наводи

уреди
  1. IRI Election Observation Mission: Macedonia: October 30, 1994 Архивирано на 14 јули 2014 г. IRI
  2. Nohlen, D & Stöver, P (2010) Elections in Europe: A data handbook, p1288 ISBN 978-3-8329-5609-7
  3. Liberal Democratic Party, LDP Balkan Insight
  4. Nohlen & Stöver, p1281