Кралство Англија
Кралството Англија (927-1707) претставувало суверена држава која се наоѓало во северозападниот дел на континентална Европа. Кралството се протегало на британскиот остров, а во негов состав влегувале денешната држава Англија, Велс и неколку острови. На север кралството граничело со Кралство Шкотска. Главен град на Англија бил Винчестер, каде се наоѓала и главната кралска резиденција. Освен престолнината, големи центри во тоа време претставувале и Вестминстер и Глостер.
Кралство Англија | ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||
Гесло Dieu et mon droit (француски) "Бог и моето право" | ||||||||||||||||||
![]() Територија на кралството
| ||||||||||||||||||
Главен град | Винчестер (пред 1066) Вестминстерска (по 1066) | |||||||||||||||||
Јазици | Староанглиски јазик (de facto, до 1066) нормандски (де јуре, 1066 – 15 век) средноанглиски (де факто, 1066 – по 15 век) англиски јазик (de facto, од 16 век) велшки јазик (de facto) корнски јазик (de facto) | |||||||||||||||||
Вероисповед | римокатолици до 1533, англиканци | |||||||||||||||||
Уредување | Монархија | |||||||||||||||||
Монарх | ||||||||||||||||||
- | 802-839 | Егберт од Весекс (прв) | ||||||||||||||||
- | 1702–1707 | Ана (последна) | ||||||||||||||||
Историја | ||||||||||||||||||
- | Обединување од Егберт од Весекс | 927 | ||||||||||||||||
- | Норманско освојување | 1066 | ||||||||||||||||
- | 1535–1542 | 1536 и 1543 | ||||||||||||||||
- | Унија на Круните | 1603 | ||||||||||||||||
- | Англиско безвластие | 1649–1660 | ||||||||||||||||
- | Унија на Англија и Шкотска (1707) | 1 мај 1707 | ||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
Денес во | ![]() |
Создавањето на кралството и англискиот народ во целина започнало во текот на 9 век и 10 век. Претходно, периодот од 5 век до создавањето на кралството, денеска е познат како англосаксонски период од историјата на Англија. Кралството престанало да постои по обединувањето со Кралство Шкотска во 1707 година и формирањето на Кралство Велика Британија. И покрај сојузот со Шкотска, модерна Англија опстојувала како една од земјите на Обединетото Кралство.