Васил Тупурковски

Васил Тупурковски (познат и под прекарот Циле) (Скопје, 8 април 1951) е професор по меѓународно право, основач и претседател на поранешната политичка партија Демократската алтернатива, долгогдишен и актуелен претседател на Македонскиот олимписки комитет.

Васил Тупурковски
Потпретседател на Владата на Република Македонија
На должноста
1998 – 2000
Претседател Љубчо Георгиевски
Лични податоци
Роден(а) 8 април 1950
Скопје, денес Македонија
Националност Македонец
Партија Демократска алтернатива
Вероисповед Православен христијанин

Дипломирал на Правниот факултет во 1972 година, а следната година завршил постидпломски студии по меѓународно јавно право на Мичигенскиот универзитет во САД, додека во 1976 година докторирал на меѓународно право[1].

Од 1983 година работи како редовен професор по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје. Васил Тупурковски денес е член на стручни меѓународни организации во сферата на меѓународното право и е предавач во повеќе од 60 земји.

Автор е на низа трудови од областа на меѓународното право, како и од историјата на античка Македонија. Бил претседател на ССМЈ, како и член на Претседателството на СФРЈ, на Претседателството на ЦК СКЈ и на ЦК СКМ. Тупурковски е актуелен претседател на Македонскиот олимписки комитет, како и претседател на Асоцијацијата на балканските национални олимписки комитети и директор на Агенцијата за обнова и развој.


Наводи уреди

  1. Петрушевска, Татјана (2009). Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1516.