Црвени Кмери
Црвените Кмери (кмерски: KMAE Krɑhɑɑm) биле владејачката политичка партија на Демократска Кампучија (претходничка на Камбоџа) од 1975 до 1979 година. Терминот Црвените Кмери бил создаден од камбоџанскиот водач Народом Сиханук. Името се однесувало на комунистичките партии во Камбоџа кои се претвориле во Комунистичка партија на Кампучија, а подоцна во Партијата за демократска Кампучија. Организацијата била познат како Кмерска комунистичка партија и Национална армија на Демократска Кампучија.
Црвени Кмери | |
---|---|
Водач | Пол Пот |
Основана | 1960 |
Штаб | Камбоџа |
Идеологија | Комунизам |
Бои | црвена |
Организацијата е првенство запамтена во светски рамки поради нивната социјална политика, која завршила со геноцид.[1] Црвените Кмери тежнееле кон воведување на целосни аграрни реформи во државата, но тоа довело до голем глад меѓу народот. Покрај тоа, официјалната политика на партијата била самоиздржување на државата, вклучително и медицински препарати, но тоа довело до смрт на илјадници луѓе дури и од излечливи болести како што е маларијата на пример. Властите спроведувале режим на измачување и погубувања за тие кои не се вклопувале во нивната политичка слика и таквите постапки се сметаат за геноцид.[2]
Во 1979 година, Црвените Кмери ја напуштиле земјата, и со тоа била основана Народна Република Кампучија.[3] Владата во азил некое време го задржала местото во ООН, но подоцна тоа било одземено. Во 1993 година било основано Кралството Камбоџа. Една година подоцна, илјадници припадници на Црвените Кмери самите се предале на камбоџанските власти. Во 1996 година била основана нова политичка партија под името Движење за демократски национален сојуз. Оваа партија била основана од Ленг Сари, кој се стекнал со амнестија од своите подвизи како водач на Црвените Кмери.Грешка во наводот: Неважечки параметар во ознаката <ref>
. Организацијата се распаднала во декември 1999 година.
Наводи
- ↑ McLellan, Janet (April 1, 1999). „5“. Many Petals of the Lotus: Five Asian Buddhist Communities in Toronto (1. изд.). University of Toronto Press. стр. 137. ISBN 978-0-8020-8225-1.
- ↑ Ratner, Steven R.; Abrams, Jason S. (April 5, 2001). Accountability for Human Rights Atrocities in International Law: Beyond the Nuremberg Legacy (2. изд.). OUP Oxford. стр. 272. ISBN 978-0-19-829871-7.
- ↑ „Introduction ::Cambodia“. Архивирано од изворникот на 2010-12-29. Посетено на 2012-10-11.
Поврзано
„Црвени Кмери“ на Ризницата ? |