Робинзон Крусо
Робинзон Крусо (англиски: Robinson Crusoe) — роман на англискиот писател Даниел Дефо. Првпат е објавен во Англија во 1719 г. и се смета за првиот англиски роман. Книгата е замислена автобиографија на насловниот лик — Англичанец, кој преживеал бродолом и останал да живее 28 години на пуст тропски остров во близина на Венецуела, наидувајќи на староседелци, заробеници и бунтовници, пред конечно да биде спасен. Се верува дека приказната е инспирирана од вистинско искуство на шкотскиот морнар Александар Селкерк кој живеел повеќе од четири години на некој тропски остров во близината на Чиле. Книгата го доживеала првото издание на 25 април 1719 година. Нејзиниот целосен наслов бил „Животот и изненадувачките авантури на Робинзон Крусо од Јорк, морнар кој живеел дваесет и осум години сам на ненаселен остров на крајбрежјето на Америка, близу до устието на големата река Ориноко; откако бил исфрлен на брегот од бродолом, додека сите други загинале освен него. Со осврт на тоа како најпосле чудно бил донесен од пиратите. Напишано од него.“ Книгата веднаш наишла на позитивен прием. Истата година биле отпечатени четири изданија, а за неколку години постигнала поголема читаност од која и да било книга напишана на англиски. До крајот на 19 век ниту една книга во историјата на западната литература немала толку изданија, преводи и адапции како „Робинзон Крусо“.[1]
Насловна страна од првото издание | |
Автор | Даниел Дефо |
---|---|
Илустратор | непознат |
Земја | Англија |
Јазик | англиски |
Жанр | Роман |
Издавач | W. Taylor |
Издадена | 25 април 1719 |
Медиум | книга |
Следна | Понатамошните авантури на Робинзон Крусо |
Содржина
уредиРоманот се состои од 28 глави. Робинзон Крусо е младо момче кого го привлекуваат поморските авантури, но неговите родители не му дозволуваат да стане морнар, туку посакуваат да има некоја угледна работа. Бидејќи неговите родители се стари и бедни, тој се сожалува на нив и останува со нив, откажувајќи се од својот копнеж. Меѓутоа, по една година, тој дознава дека еден негов пријател се подготвува да исплови со брод. Тогаш, по кавгата со мајка си, Робинсон бега од дома и се качува на бродот, кој испловува на 1 септември 1651 година, кога Робинзон има осумнаесет години. Пред да излезе од устието Хамбер, бродот го зафаќа голема бура, а Робинзон се кае поради тоа што ги напуштил своите родители и си ветува дека, ако преживее, ќе се врати дома. За среќа, еден брод што поминува во близина, испраќа чун кој ги спасува морнарите и така Робинзон успева да преживее. Меѓутоа, наместо да се врати во Јорк, тој заминува во Лондон каде што се запознава со еден постар капетан, кој му предлага да му се придружи на пловидбата кон Африка. Патувањето е успешно и многу му се допаѓа на Робинзон, но по враќањето во Англија, стариот капетан умира и тој е принуден своето второ патување да го изведе самостојно. Меѓутоа, второт патување на Робинзон е несреќно, зашто тој е заробен од пирати од Салех. Откако живее две години како роб во Мароко, тој се запознал со едно момче по име Ксури и двајцата успеваат да побегнат со еден украден чун. По долга пловидба, нив ги здогледува еден португалски брод кој ги носи во Бразил. Таму, Робинзон живее четири години, работејќи на својата плантажа со шеќерна трска. Еден ден, неговите пријатели му предлагаат да го однесе нивниот брод во Гвинеја, а тој ја прифаќа понудата. Бродот заминува на пат на 1 септември 1659 година, а на дванаесеттиот ден од пловидбата бродот го зафаќа голема бура која го распарчува. Робинсон е исфрлен на копното, а кога се освестува, тој сфаќа дека е единствениот преживеан во бродоломот. Откривајќи дека се наоѓа на пуст остров, без храна, вода, облека и оружје, изнемоштен и исплашен, тој се покајува поради тоа што ги напуштил родителите и татковината. Сепак, кога малку ја враќа присебноста, тој прави напори како да си обезбеди сигурен живот на островот. За таа цел, тој оди на оштетениот брод, успева да ги земе храната, облеката, оружјето, барутот и алатките. Охрабрен, тој си создава живеалиште, коое го обезбедува од секаква опасност и полека почнува да го истражува таинствениот остров. Ловејќи, тој обезбедува месо, од сади јачмен и ориз, а од фатените диви кози создава мало стадо. Така, тој се помирува од самотијата и живее десетина години со своите пријатели-животните, надевајќи се дека еден ден ќе биде откриен и спасен. Еден ден, неговито спокоен живот го прекинува откритието дека островот го посетуваат дивјаци-човекојадци, кои тука изведуваат страшни ритуали, јадејќи ги своите жртви. Во една прилика, тој решава да ги нападне човекојадците и по долга борба успева да спаси еден од нивните заробеници кого го нарекува Петко. Тој почнува да го учи Петко да се однесува пристојно и да зборува на англиски јазик, така што Петко му станува верен пријател. По неколку години, на островот пристига брод на којшто морнарите се побуниле и го заробиле капетанот. Додека бунтовниците го пребаруваат островот, Робинзон и Петко ги ослободуваат капетанот, неговиот помошник и еден патник. Потоа, сите заедно ги заробуваат побунетите морнари, го освојуваат бродот и заминуваат на пат кон Англија. Така, по 28 години, Робинзон Крусо конечно го напушта островот.[2]
Извадок од романот
уреди„Наскоро откако се доселив на островот, оденаш ми текна дека ќе ми се измеша времето и дури и ќе престанам да ги разлкувам неделите од далечните дни, ако не направам календар. Календарот го направив вака: Со секира изделкав голема греда и ја забив во песокот на брегот. На истото она место каде што ме исфрли бурата, а врз оној столб заковав накрсно една штица на која со јадри букви ги изрежав селдните зборови „Овде првпат стапив на 30 септември 1659 година“ Оттогаш секој ден на столбот делкав по една реска во вид на куса цртичка. По секој шест цртички правев една подолга - тоа означуваше недела, а реската што го означуваше првиот ден од секој месец, ја правев уште подолга. На тој начин го водев мојот календар, одбележувајќи ги дните, неделите, месеците и годините.“
Изданија на македонски јазик
уреди- Во 2010 година, романот бил објавен од Просветно дело, Редакција „Детска радост“, во рамките на библиотеката „Лектирни изданија“; преводот го извршил Глигор Крстески; автор на црно-белите илустрации е Зоран Лазаревски; дизајнот, ликовно-графичкото уредување и компјутерската обработка ги направил Жарко Туниќ; лектурата ја извршила Лорета Шкиљевиќ; Книгата, ос обем од 192 страници и големина од 20 сантиметри, била испечатена во печатницата „Напредок“ во Тетово; Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30431-9.[3]
Наводи
уреди- ↑ Ian Watt. "Robinson Crusoe as a Myth", from Essays in Criticism (April 1951). Reprinted in the Norton Critical Edition (second edition, 1994) of Robinson Crusoe.
- ↑ Даниел Дефо, Робинзон Крусо. Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2010.
- ↑ Даниел Дефо, Робинзон Крусо. Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2010.