Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партија

политичка партија во Македонија
(Пренасочено од ВМРО-Народна партија)

ВМРО - Народна партија (ВМРО-НП) е конзервативна политичка партија во Република Македонија.

Внатрешна македонска револуционерна организација - Народна партија
ВодачЉупчо Георгиевски
ОсновачЉупчо Георгиевски
Основана4 јули 2004
ШтабСкопје
Идеологијаконзервативизам, демократија
Боицрвена, жолта и црна
Собрание
0 / 120
Општини
0 / 80
Мрежно место
www.vmro-np.org.mk
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Историја

уреди

ВМРО-НП била формирана на 4 јули 2004 година во Скопје, од приврзаниците на Љубчо Георгиевски, кој се отцепил од ВМРО ДПМНЕ по неуспешниот обид да го преземе раководството на партијата од Никола Груевски. При формирањето на ВМРО-НП за вршител на должноста претседател на партијата била избрана Весна Јаневска, додека Љубчо Георгиевски се сметал за неформален водач на партијата. На Првиот конгрес на ВМРО-НП, одржан на 22 април 2007 година, за претседател на партијата бил избран Ѓорѓи Трендафилов.

На парламентарните избори во 2006 година ВМРО-НП настапила самостојно, освојувајќи 6,1% од гласовите и 6 мандати во Македонското собрание. ВМРО-НП не станала дел од владината коалиција, но гласала за владата на Никола Груевски, со цел да го спречи влегувањето на Демократската унија за интеграција во владата.

Во 2007 година, партијата почнала да доживува внатрешна криза. На 1 март, нејзиниот пратеник Ѓорѓи Оровчанец објавил дека ја напушта партијата, а по изборот на Ѓорѓи Трендафилов на чело на ВМРО-НП и неговата најава дека ќе бара повеќе за возврат на поддршката на владата, поранешната в.д. претседателка на партијата Јаневска почнала јавно да го искажува своето незадоволство кон партиското раководство. Тоа на 27 јули резултирало со исклучување од партијата на Весна Јаневска и Валентина Божиновска,[1] по што тие станале независни пратенички.

На парламентарните избори во 2008 ВМРО-НП не учеетвувала.[1]

На 27 декември 2008 година, ВМРО - Народна партија одржала Централен комитет на кој од членство бил исклучен Ѓорги Трендафилов, а Марјан Додовски бил избран за в.д. претседател на партијата.

Во 2009 година, на локалните и претседателски избори, ВМРО - Народна партија настапила самостојно во 40 општини и градот Скопје, или на помалку од половината на територијата на Република Македонија. Со освоените 43.000 гласа, ВМРО-Народна партија била изненадувањето на овие избори и се етаблирала како трет субјект во македонскиот политички блок.

На 23 октомври, денот на ВМРО, ВМРО - Народна партија го одржала својот 14-ти Конгрес на кој, со акламација, за претседател на партијата бил избран Марјан Додовски. Истата година, на локалните избори, партијата освоила 43.000 гласови.[1]

Кон крајот на 2009 година, ВМРО - Народна партија покренала иницијатива за промена на грбот на Република Македонија. Предлогот на партијата бил како грб на Република Македонија да служи земскиот грб од 1620 година, златно-жолт лав на црвена основа.

На 14 март 2010 година, ВМРО - Народна партија одржала Централен комитет во Охрид на кој бил избран нов Извршен комитет на партијата. На 20 март 2011 година била одржана годишна конференција на ВМРО - Народна партија во Скопје.

На парламентарните избори во 2011 година ВМРО-НП добила 28.500 гласа (2,51%), но поради изборниот модел не освоила ниту еден мандат. Сепак, во 2012 година, Додовски направил неуспешен обид за приклучување на партијата кон ВМРО-ДПМНЕ, по што тој, заедно со генералниот секретар и повеќе членови, преминал во ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, за претседател на ВМРО-НП повторно бил избран Љубчо Георгиевски. На локалните избори во 2013 година партијата настапила заедно со опозицијата, додека на парламентарните избори во 2014 година настапила самостојно освојувајќи само 1,5% од гласовите (16.722 гласа), со што не успеала да освои ниту едно пратеничко место.[1]

На парламентарните избори во 2016 година партијата учествувала во коалицијата „ВМРО за Македонија“ заедно со Достоинство и Обединети за Македонија.[2] Коалицијата освоила 24.524 гласови, односно 2% од вкупниот број на гласови. Коалицијата не освоила пратенички мандат.

Во склоп на партијата функционира и младинска организација т.е. Унија на млади сили на ВМРО-Народна партија, чиј претседател е Дино Блажевски.

На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освоила 1 пратеничко место, Љупчо Балкоски.

На парламентарните избори во 2024 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ, која не освоила пратеничко место.

Цели на партијата

уреди

ВМРО-НП ги истакнува следните цели на своето политичко делување:

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ѓорѓи Спасов, „Груевски си купува партии како на Бит-пазар“, Фокус, број 1099, 28 октомври 2016, стр. 40-41.
  2. Промовирана новата коалиција „ВМРО за Македонија“, МРТ, 04.11.2016

Надворешни врски

уреди