Кино е филмски театар во кој се прикажуваат филмови на големо платно.

Кино е всушност место слично на театарот каде што се оди да се гледа некој филм. За да се присуствува на едно прикажување на филм потребно е да се купи билет со кој се добива дозвола да се гледа филмот во одреден термин. Филмот се прикажува со помош на филмски проектор, кој го проектира филмот на големо филмско платно пред адиториум. Во поново време, кината се опремени со дигитални филмски проектори кои се подобри од обичните филмски проектори.

Киното во Македонија

уреди

Битолчанецот Лазар Сорчев, веројатно, бил првиот човек кој прикажувал филмови во Македонија, а тоа се случувало пред браќата Манаки да го отворат нивното кино во Битола. Имено, Сорчев се вратил од САД непосредно пред крајот на Првата светска војна и во една барака во центарот на Битола отворил кафеана. Наговорен од неговиот пријател Темелко Трајков, Сорчев инсталирал кино-проектор и во 1920 година започнал да прикажува филмови. Покрај програмите со играни филмови, еднаш неделно, во претпладневните часови, тој одржувал и бесплатни проекции на здравственообразовни филмови, придружени со соодветни предавања. Киното работело до 1923 година, со тоа што во зимскиот период од 1921 до 1923 година, Сорчев им го издавал киното на браќата Манаки, додека тие ја граделе нивната кино-сала на „Широк-сокак“. Во Штип, со прикажување на филмови се занимавал Лазар Казанџиев, кој дури по 1945 година лежел и в затвор.[1]

Во 2013 година, во Македонија работеле 12 кина со 16 797 претстави кои ги посетиле 424 000 лица. Во 2023 година имало 18 кина со 13 526 претстави и со 389 000 посетители.[2]

Киното како тема во уметноста

уреди
  • „Кино“ - цилус раскази на српскиот писател Давид Албахари.[3]
  • „Кино“ (српски: Биоскоп) - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[4]
  • „Кокошка в кино“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[5]
  • „Кино претстава“ (англиски: The Cinema Show) - песна на британската рок-група Џенезис (Genesis) од 1973 година.[6]

Наводи

уреди
  1. Жанета Здравковска, „Французи и Британци снимале филмови за Илинденското востание уште во 1903“, Дневник, година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 19.
  2. „Основни податоци за културата во 2023 година“, Економија и бизнис, година 27, број 320, 1 октомври 2024, стр. 54.
  3. Давид Албахари, Опис смрти. Београд: Српска књижевна задруга, 2004, стр. 74-101.
  4. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 150.
  5. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 573.
  6. DISCOGS, Genesis ‎– Selling England By The Pound (пристапено на 21.11.2020)