Луксембург
Големо Војводство Луксембург (луксембуршки: Groussherzogtum Lëtzebuerg, француски: Grand-Duché de Luxembourg, германски: Großherzogtum Luxemburg) — мала држава во Западна Европа. Се граничи со Белгија, Германија и Франција. Членка е на Бенелукс. Оваа држава е најмалата земја-членка во Европската Унија. Главен град е истоимениот град Луксембург.
Големо Војводство Луксембург
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Mir wëlle bleiwe wat mir sinn“ (луксембуршки) „Сакаме да останеме она што сме“ |
||||||
Химна: "Ons Heemecht" „Нашата татковина“ Кралска химна: |
||||||
Главен град (и најголем) | Луксембург 49°36′N 6°7′E / 49.600° СГШ; 6.117° ИГД | |||||
Службен јазик | германски, француски, луксембуршки (де јуре од 1984 г.) | |||||
Демоним | Луксембуржани
(Луксембуржанец/Луксембуржанка) |
|||||
пристапила во ЕУ | 25 март 1957 | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 2,586,4 км2 (175та) | ||||
• | Вода (%) | занемарливо | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 493,500[1] (-) | ||||
• | Попис 2001 | 439,539 | ||||
• | Густина | 186 жит/км2 (59та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $40.091 милијарди[2] (97ма) | ||||
• | По жител | $82,440[2] (2ра) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $54.973 милијарди[2] (65та) | ||||
• | По жител | $113,044[2] (1ва) | ||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.881[3] многу висок · 21ва |
|||||
Валута | Евро (€)2 (EUR ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .lu3 | |||||
Повик. бр. | 352 | |||||
1. | Не е иста со химната на Холандија Het Wilhelmus. | |||||
2. | Пред 1999: Луксембуршки франк. | |||||
3. | Исто така се користи доменот .eu, заедно со другите членки на ЕУ. |
Луксембург за првпат се појавува на географските карти во 963 година. Една од неговите најзначајни одлики е тријазичноста: денес во Големото Војводство Луксембург официјално се зборуваат три јазици: луксембуршкиот, генерално во секојдневна говорна употреба, француски и германски, кои главно се употребуваат во писмен облик за општење со луѓето кои не се од Луксембург, како јазици на културата, администрацијата и бизнисот.
Луксембург од крајот на 19 век станува земја на имигрант и поради големата потреба од работна рака која се бележи во рударската индустрија, Луксембург во последните децении бележи длабоки структурални и општествени промени кои направија оваа држава да стане вистински бизнис-центар на меѓународно ниво.
Единствената способност на културна интеграција која ја покажал луксембуршкиот народ била нашироко призната така што во 1995 година Градот Луксембург бил прогласен за европски град на културата.
Етимологија на име
уредиИсторија
уреди- 1 век римјаните го населиле Луксембург, тогаш познат и како “Мала тврдина“.
- 963 година, самостојно феудално уредување
- 1060 година Луксембург станал грофовија, а подоцна и војводство. Почеток на владеењето на Луксембургите, продолжило до 1437.
- 1477 - 1684 - владеење на Хабсбурговците, 1684 - 1697 - на Франција, 1697 - 1714 - на Шпанија, 1714 - 1794 - на Австрија.
- 1795 - 1814 - Анексија од страна на Франција.
- Во 1815 година прогласување на војводство, заедно во унија со Холандија
- Со Лондонскиот договор (1839) Луксембург изгуби речиси повеќе од половина од нејзината територија на Белгија, но добива голема автономија.
- 1867 - прогласување на независност.
- 1914 - 1945 година, период на светски војни по кој се присоединува кон унијата на Бенелукс.
- Земја основач на ЕУ
Географија и клима
уредиЛуксембург е планинска земја во Западна Европа.
Вкупната површина на земјата изнесува 2 586 км2, и според тоа се наоѓа на 166 место по големина во светот. Се граничи со Белгија на север и запад, со Германија на исток и со Франција на југ.
Главниот град Луксембург е најголемиот во државата со околу 90 000 жители.
На северниот дел на државата се наоѓаат Ардените. Тоа е место со ниски планини. Т.н. Кноф го формира највисокиот дел од земјата со 560 метри, иако Бургплац е многу по познат. Останатиот дел од земјата е низински. Јужниот дел на земјата е погоден за градежништво. Овој дел од земјата е познат и како Гутленд. Границата со Германија е создадена од реките Оур, Алзет и Мозел. Други поголеми места се Еш на Алзет и Ехтернах.
Климата во Луксембург е континентална, со студени зими и умерени лета. Климата по долината на Рајна е умерена, а на повисоките делови од Алпите е планинска.
Население
уредиГолем дел од населението во Луксембург е од соседните земји. Во Луксембург има околу 40% странци. Од странците најголем дел се Португалци (околу 13%).
Јазик
уредиИма три службени јазици во Луксембург: француски, германски и луксембуршки. Најзборувани се луксембуршкиот (мајчин на 61%), францускиот (мајчин на 10%) и португалскиот (мајчин на 13%). Голем дел од населението ги владее германскиот и англискиот. Понекогаш се користи и холандскиот, но најчесто во банките и туристичкиот сектор.
Религија
уредиПостојат поголем број на верски организации во Луксембург. Најголема заедница е Римокатоличката, но земјата ги почитува и правата на другите верски заедници. Од прилика 87% од населението се католици, а останатите 13% се протестанти, евреи и муслимани.
Римокатолицизмот е најстарата религија во Луксембург. Луксембург е главниот центар за христијанството во текот на средниот век. Таа успеала да се задржи на големо рамниште во времето на реформацијата. Вкупниот процент на верници е околу 95%. Протестантството е втора најголема религија во Луксембург со околу 10.000 верници (1% до 3,2% од населението). Тие се поделени во неколку протестантски цркви и вероисповеди, вклучувајќи ги лутеранството, калвинизмот, англиканството и евангелизмот.
Денес, во Луксембург живеат околу 1.200 Евреи од кои 650 активни.
Окрузи
уредиОкрузите понатаму се делат на кантони:
Природа
уредиПознат дел во Луксембург е Klein Zwitserland со Mullerthal. Овде има многу пештери, водопади и шуми. Еден познат водопад е Schiessentümpel.
Сообраќај и превозни средства
уредиЛуксембург има Аеродром Luxemburg-Findel, во градот Луксембург Единствени патишта се: • A1 • A7 • E29 (Европски_пат) • N11
Клима
уредиКлимата во Луксембург личи на климата во Холандија и Белгија, со свежи лета и меки зими. Луксембург има морска клима. Централниот и јужниот дел Луксембург имаат малку потопла клима. Просечната температура изнесува околу 7 и 9 °C годишно. Просечниот број на дожд изнесува околу 740 mm годишно. Во северниот дел на Луксембург има најмногу дожд, а во јужниот дел на Луксембург најмалку.
Политички систем
уредиАдминистративна поделба
уредиСтопанство
уредиНаселение, јазик и религија
уредиКултура во Луксембург
уредиМузика во Луксембург
уредиСпортот во Луксембург
уредиЛуксембург како тема во уметноста
уредиВо своето дело „Мирни денови во Клиши“, американскиот писател Хенри Милер го опишува Луксембург како „мирна, згоена земја дембелија“ во која „на лицата на жителите се огледуваше некакво кравјо блаженство“.[4] Понатаму, тој го опишува „спокојниот, здодевен живот на народот кој нема причина да постои, освен како што постојат кравите или овците“.[5]
„Луксембург“ е насловот на една песна на британската рок-група Elvis Costello & The Attractions од 1981 година.[6]
Наводи
уреди- ↑ „Au 1er janvier 2009 le Luxembourg compte 493 500 habitants“. Le Portail des Statistiques du Grande-Duché de Luxembourg. 2009. Посетено на 2009-05-05.[мртва врска]
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Луксембург“. Меѓународен Монетарен Фонд. Посетено на 2009-10-01.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 61.
- ↑ Henri Miler, Mirni dani na Klišiju (drugo izdanje). Beograd: BIGZ, 1987, стр. 63.
- ↑ Elvis Costello & The Attractions – Trust (пристапено на 26.4.2024)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиЗемји кои го образуваат Бенелукс |
---|
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |