Хондурас (шпански: Honduras) или официјално Република Хондурас (República de Honduras) — држава во копнена Северна Америка. На север излегува на Карипското Море, додека на југ излегува на Тихиот Океан. На запад, Хондурас се граничи со Гватемала, на југозапад со Ел Салвадор и на југоисток со Никарагва.

Република Хондурас
República de Honduras
Знаме Грб
Гесло"Libre, Soberana e Independiente"(шпански)
"Слободна, суверена и независна"
ХимнаНационална Химна на Хондурас
Местоположба на Хондурас
Главен градТегусигалпа
14°6′N 87°13′W / 14.100° СГШ; 87.217° ЗГД / 14.100; -87.217
Најголем град главниот град
Службен јазик шпански
Народности  90% мешани
7% староседелци
2% црнци
1% белци
Демоним Хондурашани

(Хондурашанец/Хондурашанка)

Уредување Република
 •  Претседател Хуан Орландо Эрнандес
 •  Заменик претседател Рикардо Альварес
Независност
 •  од Шпанија 15 септември 1821 
 •  од Федерална Република во Средна Америка 31 мај 1838 
Површина
 •  Вкупна 112,492 км2 (102-ра)
Население
 •  проценка за август 2009 г. 7.810.848 (93-та)
 •  Попис 2000 6.975.204 
 •  Густина 64 жит/км2 (128-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $32.779 милијарди[1] 
 •  По жител $4.275[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $14.001 милијарди[1] 
 •  По жител $1.826[1] 
Џиниев коеф. (1992–2007)55.3[2]
висок
ИЧР (2013) 0.617[3]
среден · 129та
Валута Лемпира (HNL)
Часовен појас CST (UTC-6)
Се вози на десно
НДД .hn
Повик. бр. 504

Поранешното име на државата било Шпански Хондурас, за да се разликува од поранешниот Британски Хондурас, денес Белиз.[4] Вкупната површина на Хондурас изнесува 112.492 со вкупно население од 7.810.848 жители. Главен град на државата е Тегусигалпа, додека службен јазик е шпанскиот јазик.

Потекло на поимот

уреди

Шпанците имале различни термини со кои ја означувале територијата која денес е позната како Хондурас.

  • Гвајмурас - е име кое Колумбо го дал за град кој е во близина на денешен Трухиљо кој подоцна станало име за целата територија
  • Хигуерас - е име кое се поврзува со плодови од дрвото Хикаро.
  • Хондурас - на шпански буквално значи „длабочина“. Ова се поврзува со изреката на Кристофер Колумбо кој по излегувањето од Хондурас рекол: „Благодарам на Господ што излеговме од оваа длабочина“ (Gracias a Dios que hemos salido de esas Honduras).[5]

Историја

уреди

Географија и клима

уреди
 
Карта на Хондурас.

Хондурас е држава во Северна Америка која на север излегува на Карипското Море, додека на југ излегува на Тихиот Океан. На запад, Хондурас се граничи со Гватемала, на југозапад со Ел Салвадор и на југоисток со Никарагва. Климата во државата е тропска, каде јужниот и централниот дел од земјата се релативно топли.

Територијата на Хондурас е воглавно составена од планини, но има и тесни долини покрај бреговите. Вкупната површина на Хондурас изнесува 112.492 км2 каде живеат околу 7.810.848 жители. Главен град на Хондурас е Тегусигалпа.

Политички систем

уреди

Хондурас е претседателска република, каде претседателот е шеф на државата и на владата. Извршната власт во државата е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на Националниот конгрес на Хондурас. Политичкиот живот е под доминација на конзервативната Национална партија на Хондурас и на Либералната партија на Хондурас. Уставно, судската власт е независна.

Административна поделба

уреди
 
Карта на департманите во Хондурас

Хондурас е поделен на 18 департмани, и тие се:

  1. Атлантида
  2. Чолутека
  3. Колон
  4. Комајагва
  5. Копан
  6. Кортес
  7. Ел Параисо
  8. Франсиско Моразан
  9. Грасиjас а Диос
  10. Интибука
  11. Заливски Острови
  12. Ла Паз
  13. Лемпира
  14. Окотепеке
  15. Оланчо
  16. Санта Барбара
  17. Валjе
  18. Јоро

Стопанство

уреди

Економијата на Хондурас е во поспор развој. Во последните години просечниот економски развој на земјата се проценил на 7% што ја направило земјата една од најбрзо растечките економии во Северна Америка, но сепак и денес околу 50% од населението живее во сиромаштија.[6] Според Светската банка, Хондурас е една од трите најсиромашни држави во западната полутопка, по Хаити и Никарагва. Се проценува дека има околу 27.9% невработеност.

Население, јазик и религија

уреди
 
Сан Педро Сула.
Податотека:Tgu6.jpg
Катедрала во Тегусигалпа.

Според ЦИА, Хондурас има население од 7.48 милиони жители. Етнички гледано, населението на Хондурас е составено од околу 90% мешано население, 7% староседелско население, 2% црно население и 1% бело население.[7]

Седумте признати староседелски етнички групи во Хондурас се:

Хондурас е христијанска земја, каде 97% се Католици и 3% се Протестанти. Службен јазик во државата е шпанскиот, но се зборуваат и локални јазици.

Верници во Хондурас
Христијани
  
87,60 %
Муслимани
  
0,10 %
Без Религија
  
10,50 %
Будисти
  
0,10 %
Народна Религија
  
1,10 %
Други
  
0,60 %

Култура

уреди

Хондурас има богата култура. Денес најпознат хондурски сликар е Хосе Антонио Велсакез, но и Карлос Гарај и Роке Зелаја. Двата најпознати хондурски писатели се Фројлан Туркиос и Рамон Амаја Амадор. Меѓу музичарите познати се Рафаел Коело Рамос, Лидија Хандал и други. Меѓу шпанско говорното население околу Хондурас, населението е познато како Катрачо или Катрача (женски), што се смета за комплимент.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Honduras“. International Monetary Fund. Посетено на 1 октомври 2009.
  2. 1992–2007: „Human Development Report 2009 – M Economy and inequality – Gini index“. Human Development Report Office, United Nations Development Programme. Архивирано од изворникот на 2009-10-17. Посетено на 17 октомври 2009.
  3. „Human Development Report 2010“ (PDF). United Nations. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-11-21. Посетено на 5 ноември 2010.
  4. „Archeological Investigations in the Bay Islands, Spanish Honduras“. Архивирано од изворникот на 2010-09-22. Посетено на 2010-03-11.
  5. „Columbus's quote“. Архивирано од изворникот на 2015-10-07. Посетено на 2010-03-14.
  6. „web.worldbank.org“. Архивирано од изворникот на 2009-03-05. Посетено на 2010-03-14.
  7. „CIA - The World Factbook - Honduras“. Архивирано од изворникот на 2020-05-15. Посетено на 2010-03-14.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди