Координати: 34°36′59″N, 135°01′13″E


Акаши-Кајкјо (јапонски: 明石海峡大橋; Akashi Kaikyō Ō-hashi) — најдолг висечки мост на светот, завршен во 1998 г. Тој ги поврзува градот Кобе на островот Хоншу и Иваја на островот Аваџи, премостувајќи го протокот Акаши. Преку мостот минува автопатот Хоншу-Шикоку.

Мостот Акаши-Кајкјо од воздух со градот Акаши во позадината.

Градбата на мостот започнала во 1986 Мостот има 3 распони: средниот е широк 1.991 м, а двата крајни по 960m. Вкупната должина е 3911m. Првобитно било планирано средниот распон да биде 1990m, но земјотресот во Кобе од 1995 го зголемил растојанието помеѓу веќе изградените кули за 1m.

Мостот има две платформи, една над друга, секоја за сообраќај во три ленти во еден правец. Тој може да издржи ветрови до 286 км/ч и земјотреси до 8,5 степени по Рихтеровата скала. Кулите на мостот се високи по 298m, и внатре содржат инерциони клатна кои осцилираат со резонантната честота на мостот, за да ги придушат осцилациите.[1]

Мостот чинел околу 5 милијарди долари, и се очекува да се отплати од мостарината која изнесува околу $23. Околу 23.000 возила дневно минуваат преку мостот.

Наводи уреди

  1. Megastructures. National Geographic for Channel Five.