24 април (настани)

шаблон на Викимедија
1184 п.н.е.  Според преданието, Данајците навлегле во опсадената Троја преку групата скриена во подарениот Тројанскиот коњ. Оттука поговорката: „Не им верувај на Данајците ни дарови кога носат“.
1854  Врховниот суд на САД донел пресуда дека патентот за машина за шиење му припаѓа на механичарот Елиас Хау. Тој ја конструирал машината за шиење и во потрага за покровител отишол во Англија, каде директорот на патувачкиот театарСингер“ и други луѓе го измамиле и почнале да ја произведуваат познатата „сингерка“. Своето право на патентот, Хау го добил по судски пат и секојдневно примал по 4.000 долари за лиценцата.
1877  Царот на Русија Александар II му објавил војна на Османлиското царство, бидејќи одбило да го почитува Лондонскиот договор. Војната завршила во декември, кога британската флота ја принудила руската војска да се повлече.
1898  Шпанија ѝ објавила војна на САД по американскиот ултиматум за повлекување на шпанската војска од Куба.
1945  Втора светска војна: Американската војска го ослободила концентрациониот логорДахау“.
1949  Во Скопје се одржало првото Универзитетско собрание во Македонија при што е формиран Скопскиот универзитет. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата, Универзитетот го добил името „Кирил и Методиј“, а од 12 ноември 1992 година се вика „Св. Кирил и Методиј“.
1970  Лансиран е првиот кинески вештачки сателит.
1995  Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво.