Настани во јули
1097 | Започнала Битката кај Дорилеја во текот на Првата крстоносна војна помеѓу Турците Селџуци и крстоносците. |
1147 | Започнала Опсадата на Лисабон која траела сè до 25 октомври 1147 година. По ова Лисабон бил преземан од страна на португалците и крстоносците. |
1520 | „Тажната ноќ“ (La Noche Triste) — здружените мексиканско-индијански сили, предводени од Ацтеките, ги поразуваат шпанските конквистадори на чело со Ернан Кортес. |
1867 | Стапил во сила Законот за Британска Северна Америка, со кој се обединиле покраините Канада, Њу Бранзвик и Нова Шкотска во Канадска Конфедерација. Овој датум се празнува како државотворен ден на Канада. |
1921 | Во Шангај е основана Комунистичката партија на Кина. |
1962 | Руанда и Бурунди се здобиваат со независност. |
1963 | Битлси го издаваат еден од најуспешните синглови на сите времиња - She Loves You - во Велика Британијa. |
1979 | Сони го патентира вокменот. |
1997 | Предавање на суверенитетот над Хонгконг од Велика Британија на НР Кина. |
2000 | Пуштен во употреба Ересундскиот мост помеѓу Данска и Шведска |
1853 | Руската армија врши инвазија врз Турција - започнува Кримската војна. |
1934 | Завршува таканаречената Ноќ на долгите ножеви, операција што се одвивала во Германија од 30 јуни до 2 јули 1934, кога нацистичкиот режим се погрижил најмалку осумдесет и пет луѓе да бидат убиени од политички причини. |
1937 | Амелија Ерхарт исчезнува над Тихиот Океан додека се обидува да го изведе првиот лет околу светот по екваторот; нејзиното тело никогаш не е пронајдено. |
1947 | Објект за кој очевидци тврдат дека бил НЛО се срушува во Розвел, Ново Мексико. |
1983 | Полис го издаваат својот последен албум - Synchronicity, 17 недели на првото место на списокот на најпродавани албуми во САД. |
2000 | Отворен е Ересундскиот мост, комбиниран дволентен железнички и четирилентен патен мост кој поминува низ Ересуднскиот канал, комбинација од мост и тунел кој ги поврзува Копенхаген Малме. Мостот е еден од најдолгите во светот. |
2005 | Во рамките на манифестацијата Live 8 се одржуваат десет концерти во различни градови во светот. |
321 | Римскиот цар Константин I, првиот римски владетел со христијанска вера, ја прогласува неделата за ден за одмор и верски обреди. |
1583 | Рускиот цар Иван Грозни го убива, во настап на гнев, својот син и престолонаследник Димитриј. |
1881 | Под притисок на Велика Британија, Турција потпишува договор со Грција, со кој Грција ги добива Тесалија како и делови на Епир. |
1900 | Полета првиот дирижабл конструиран од Фердинанд Цепелин. |
1908 | Командантот на турскиот гарнизон во Ресен, Нијази-беј, со неговите единици излегол во илегала, со што започнала Младотурската револуција. |
1944 | Црвената армија го ослободила Минск, заробувајќи 100.000 германски војници. |
1949 | Во Скопје, во Македонскиот народен театар била изведена премиерата на операта „Продадената невеста“ од Беджих Сметана, а диригент бил Трајко Прокопиев. |
1962 | По 132 години поминати како француска колонија, Алжир се стекнал со независност. |
1973 | Во Хелсинки бил отворен министерскиот состанок за подготовка на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа (КЕБС). |
1984 | Завршил најголемиот штрајк во историјата на СР Германија, во кој учествувале 550.000 металски работници. |
1995 | Југославија станала европски кошаркарски првак. |
1054 | Експлозија на супернова е набљудувана од страна на Кинезите, Арапите и најверојатно Индијанците во близина на ѕвездата ζ Бик. Неколку месеци останува доволно светла за да може да се гледа и преку ден. Нејзините остатоција ја образуваат Раковидната Маглина. |
1776 | На континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави; овој ден во САД се слави како Ден на независноста. |
1802 | Вест Поинт, познатата воена академија на САД е отворена во истоимениот град во државата Њујорк. |
1855 | Во Бруклин, Њујорк од печат излегува првата збирка поеми на Волт Витмен, наречена „Листови трева“. |
1862 | Луис Керол почнува да и раскажува приказна на Алиса Лидл што подоцна ќе прерасне во „Алиса во земјата на чудата“; точно три години подоцна, на 4 јули, издадена е првата книга од оваа незаборавна бајка. |
1918 | Болшевиците ги убиле рускиот цар Николај II Романов и неговото семејство (17 јули по новиот календар). |
1939 | Лу Гериг, легендарен американски бејзбол играч, го објавува своето повлекување од бејзболот. |
2004 | Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски, по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ. За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска. |
2012 | По 40-годишно трагање, во CERN е откриен Хигсовиот бозон. |
1687 | Исак Њутн ја објавува книгата „Математички начела на природната филозофија“. |
1811 | Венецуела објавува независност од Шпанија. |
1830 | Франција го окупира Алжир. |
1884 | Германија го освојува Камерун. |
1946 | Во Париз, Франција, за првпат е промовиран новиот женски костум за капење - бикинито. |
1954 | Елвис Присли ја има својата прва снимачка сесија. Ги пее That's All Right (Mama) како и Blue Moon of Kentucky. За многумина овој ден го означува раѓањето на рокенролот. |
1962 | Алжир добива независност од Франција. |
1975 | Зелено'ртските Острови добија независност од Португалија. |
1977 | Со воен удар во Пакистан е соборен Зулфиќар Али Буто, првиот слободно избран пакистански премиер. |
1989 | Се емитува првата епизода од комичната серија Зајнфелд, прогласена за најдобро телевизиско шоу според влијателното списание TV Guide. |
2000 | Излегува првиот број на дневниот весник „Вест“ |
2006 | Парламентарни избори во Македонија: Победа на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. водачот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски стана премиер на Република Македонија. |
2024 | Кир Стармер станува премиер на Обединетото Кралство. |
1415 | Во Констанц, денешна Германија, од католичкиот собор е осуден и погубен Јан Хус, свештеник и реформатор. |
1535 | Сер Томас Мор, автор на познатото дело Утопија и еднаш англиски Лорд-канцелар, е погубен поради предавство на Кралот Хенри VIII откако одбива да се согласи со кралската одлука Англиската Црква да се одвои од Римокатоличката црква. |
1885 | Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Жозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче. |
1908 | Во Турција започнува т.н. „Младотурска револуција“, предводена од група млади офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид II. |
1928 | Во Њујорк е одржана премиерата на филмот Светлата на Њујорк, првиот звучен филм во историјата на светската кинематографија. |
1943 | Во реонот на преспанските села Љубојно — Царев Двор — Долно Дупени преспанско-охридскиот партизански одред „Даме Груев“ ја уништил италијанската воена телефонска линија во должина од неколку километри. |
1957 | Во Ливерпул се запознаваат Џон Ленон и Пол Мекартни, идните основачи на една од најголемите групи на сите времиња Битлси. |
1964 | Малави прогласува независност од Обединетото Кралство. |
1966 | Малави станува република, со Хејстингс Банда како прв претседател. |
1967 | Основана светската библиографска организација OCLC. |
2002 | Светиот архијерејски синод на МПЦ го разрешил од должност митрополитот велешки и повардарски Јован, поради еднострано пристапување во екуменско единство со СПЦ. |
2005 | Играорците од битолското КУД „Гоце Делчев“ играа оро пред британската амбасада во Скопје во знак на протест поради недобивањето на визи за настап на меѓународниот фолклорен фестивал во Ланголен, Англија. |
—
1937 | Јапонската армија го напаѓа кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставуваат, па Јапонија тоа го искористува како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна трае сè до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година. |
1969 | Во Канада, прифатен е Актот за службен јазик според кого францускиот јазик станува еднаков со англискиот јазик. |
1985 | Борис Бекер станува првиот нерангиран играч, најмладиот тенисер (дотогаш), како и првиот Германец што го освојува Вимблдон, на возраст од само 17 години и 7 месеци. |
2000 | Целиот тираж на Хари Потер и Огнениот Пехар, четвртото продолжение на авантурите на малиот волшебник, е распродаден уште во претплата, пред и воопшто да биде испечатено делото. |
2005 | Се случува серија од терористички напади на Лондонското метро, во кое убиени се 52 луѓе, меѓу кои и четворицата бомбаши-самоубијци. |
70 | Римјаните го освојуваат и разрушуваат Ерусалим. Единствениот дел што останува од градот е само западниот ѕид на Соломоновиот храм, денес познат под името Ѕид на Плачот. |
1497 | Португалскиот морепловец Васко де Гама испловува од Лисабон на патувањето кое ќе му овозможи да го открие поморскиот пат кон Индија. |
1997 | Усвоен Законот за употреба на знамињата, со кој беше регулирана употребата на македонското државно знаме, а беше забранета употребата на знамиња на други држави во државните и локалните установи. |
2022 | Во Нара извршен атентат врз поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе додека држел говор на митинг. |
1816 | Во Сан Мигел де Тукуман, денес во Аргентина, започнал со работа Тукуманскиот конгрес кој ја објавил независноста на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата (денес Аргентина). |
1873 | Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска. |
1877 | Се одржува првиот тениски турнир во Вимблдон. Денес, овој турнир, кој е единствен гренд-слем што се игра на трева, се смета за неофицијално светско првенство на белиот спорт. |
1922 | Познатиот американски пливач кој подоцна ќе стане уште попознат филмски глумец откако ќе ја одигра улогата на Тарзан во истоимениот филм - Џони Вајсмилер - станува првиот човек во историјата кој делницата од 100 метри ќе ја преплива за време помало од една минута (58,6 секунди). |
1960 | Советскиот водач Никита Хрушчов го предупредува САД да не ја напаѓа Куба зашто во тој случај СССР би интервенирал. |
1997 | Масовни нереди во Гостивар, тројца етнички Албанци загинаа, а десетици цивили и полицајци се повредени. |
1943 | Англо-американските трупи, во текот на Втората светска војна се истоваруваат во Сицилија. |
1953 | Советскиот претседател Никита Хрушчов го сменува министерот за внатрешни работи Лаврентиј Берија, џелатот на Сталинистичките чистки. Подоцна Берија е уапсен, осуден на смрт и стрелан. |
1962 | САД го лансираа првиот телекомуникациски сателит Телстар-1 за пренос на телевизиските програми од САД во Европа. |
1973 | Бахамските Острови стекнаа независност по три векови британско колонијално владеење. |
1992 | Американски суд го осудува поранешниот диктатор на Панама - Мануел Нориега на 40 години затвор поради тоа што дозволил криумчарење на дрога во Панама. |
1921 | Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија. |
1946 | Основана Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). |
1979 | Американската вселенска станица „Скајлаб“ по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето. |
1987 | Обединетите Нации објавуваат дека новороденчето Матеј Гаспар од Загреб е петмилијардитиот жител на Земјата. |
1995 | Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. |
1995 | Околу 8.000 Бошњаци, главно цивили, се убиени од српските сили под команда на генерал Ратко Младиќ близу Сребреница, Босна и Херцеговина. |
2000 | Во посредништво на американсиот претседател Бил Клинтон, започнуваат преговорите меѓу израелскиот премиер Ехуд Барак и водачот на Палестинците Јасер Арафат околу суверенитетот на Ерусалим. |
2008 | Кнезот на Хунзите Газафар Али Кан со титула мир и неговата сопруга, кнегињата Рани Атика, пристигнале во посета на Македонија и биле примени од премиерот Никола Груевски и од архиепископот г.г. Стефан. |
1784 | Францускиот професор по физика С. Ленорман, заедно со Жан Монголфје, го конструирааат првиот падобран. |
1960 | Франција им призна независност на своите поранешни колонии Дахомеј, Нигерија, Горна Волта, Брегот на Слоновата Коска, Чад, Централна Африка и Конго. |
1993 | Република Македонија е примена за полноправна членка на Светскиот поштенски сојуз, специјализирана агенција на ООН со седиште во Берн, Швајцарија. |
1996 | Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Авганистан и Малта |
2006 | Започна Израелско-либанската војна. |
1822 | Грчката војска ја победува турската кај Термопилите во текот на борбата за независност на Грција. |
1878 | Завршува Берлинскиот конгрес, на кој тогашните големи сили (Германија, Австроунгарија, Русија, Англија, Франција и Отоманското Царство) воспоставуваат нов однос на силите на Балканот. |
1930 | Во Монтевидео, главниот град на Уругвај, започнува првото светско фудбалско првенство, на кое домаќинот ја освојува титулата. |
1946 | При Земската болница во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републички завод за трансфузиологија. |
1985 | Советскиот скокач со стап Сергеј Бубка, во Париз станува првиот човек во историјата на овој спорт што прескокнал над шест метри. |
1985 | На лондонскиот стадион „Вембли“ и на стадионот „Џон Кенеди“ во Филаделфија, САД во исто време беа одржани големите хуманитарни концерти под името „Лајв ејд“ (Live Aid). Во акцијата за помош на гладните во Африка, која ја организираше Боб Гелдоф, најпознатиот рок и поп-музичар во светот, собрани се 60 милиони долари, а ТВ-преносот од концертите го следеа околу милијарда и пол гледачи ширум светот. |
1987 | Едмонтон бил погоден од торнадо во кое загинале 27 луѓе, а околу 300 биле повредени. |
1990 | Во Скопје е основана Социјалистичката партија на Македонија. За претседател е избран Киро Поповски. |
2016 | Тереза Меј застанува на чело на Конзервативната партија, станувајќи премиер на Обединетото Кралство по оставката на Дејвид Камерон. |
1469 | Изградена џамијата „Кебир Мехмед Челеби“ во Скопје и наречена по нејзиниот ктитор, син на Исхак-бег и внук на завојувачот на градот, Јигит-паша. |
1789 | Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската револуција. Овој ден се слави како национален празник на Франција. |
1867 | Алфред Нобел, шведскиот иноватор, кај англискиот град Редхил за првпат го демонстрира разорното дејство на неговиот најнов изум — динамитот. |
1933 | Националсоцијалистите во Германија, кои во јануари на чело со Адолф Хитлер доаѓаат на власт, ги забрануваат сите опозициски партии. |
1999 | 17 години по завршувањето на Фолкландската војна меѓу Аргентина и Велика Британија, обновена е воздушната линија меѓу Аргентина и овој архипелаг во Атлантикот. |
2006 | Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на Република Македонија и поранешен водач на ВМРО-ДПМНЕ наводно стана бугарски државјанин. Оваа постапка, која до денес не е потврдена од никого, предизвика бројни полемики во Република Македонија околу неговата вистинска улога во политичкиот живот на земјата во претходните 15 години. |
1099 | Во Првата крстоносна војна, Крстоносците го зазеле Ерусалим кој бил 461 година под власта на Фатимидите. Градот останал во христијански раце сè до 2 октомври 1187 година кога бил освоен од страна на Саладин и никогаш повторно не бил безусловно во христијански раце. |
1556 | Во Рим свечено е осветена грандиозната купола на црквата Свети Петар, што ја изгради прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум е земен како ден на раѓањето на барокот. |
1869 | Французинот Иполит Меж Морис го патентира маргаринот, прехранбен производ кој ќе треба да се обиде да го спречи масовниот глад меѓу сиромашните слоеви на населението. |
1965 | Американскиот вселенски брод Маринер 4 ги испрати првите снимки од планетата Марс. |
1968 | На линијата Москва-Њујорк воспоставена е првата директна авио-врска меѓу СССР и САД. Летовите почнуваат да ги изведуваат компаниите Аерофлот и Пан Америкен. |
1990 | Во Охрид е извршено осветување на новоизградената „Света Троица“. |
1054 | Големиот раскол — поделба на христијанството на католицизам и православие. |
1661 | Стокхолмската банка ја издава првата банкнота во Европа. . |
1885 | Воспоставена е британска колонијална власт над Австралија, со исклучок на Западна Австралија. |
1940 | Адолф Хитлер издал директива за операцијата „Морски лав“ — план за инвазија на Велика Британија. |
1945 | Проект Менхетен: „Тринити“ — првата проба на атомска бомба. |
1969 | Испален вселенскиот брод „Аполо 11“ кон Месечината. |
1204 | Во текот на Четвртата крстоносна војна, крстоносците го освоиле Цариград. |
1762 | Катерина Велика станува царица на Русија. |
1862 | Во САД стапи во сила Законот за ослободување на црнците-робови. Тогаш околу 190.000 поранешни робови од територијата на југот на САД стапија во редовите на федералната армија. |
1917 | Во знак на револт од улогата на Германија во Првата светска војна, кралот Џорџ V издал објава според која британското кралско семејство ќе го носи презимето Виндзор, наместо дотогашното Сакс-Кобург-Гота. |
1918 | По наредба на болшевиците, рускиот цар Николај II и неговото потесно семејство се стрелани во близината на Екатеринбург, Русија од единиците на Чека. |
1936 | Почнува Шпанската граѓанска војна. |
1942 | Почна Сталинградската битка меѓу германската и советската армија — веројатно најголемата битка во Втората светска војна. |
1945 | Во Потсдам, Германија, се одржала Потсдамската конференција на која се поништени освојувањата на Германија пред и во Втората светска војна, и нејзината територија е поделена меѓу сојузниците на четири окупациони зони. |
1965 | Американските бомбардери од типот Б-52 од базата Гуам за првпат ги бомбардираа целите на територијата на Виетнам. |
1976 | Индонезија го анектира Источен Тимор. |
1984 | Пуштен советскиот вселенски брод „Сојуз 12“. Космонаутката Светлана Савицка станала првата жена која се „прошетала“ во вселенскиот простор надвор од леталото. |
1993 | Во Будимпешта, деветте земји-членки на Средноевропската иницијатива (ЦЕИ), ја примија Република Македонија како полноправна, десетта членка на оваа асоцијација. |
64 | Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот цар Нерон. За тоа нема никакви докази во старите извори. |
1830 | Уругвај го усвојува својот прв Устав. |
1846 | Во Бостон д-р Вилијам Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија. |
1898 | Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, првиот познат радиоактивен елемент. |
1925 | Адолф Хитлер го објавува првиот том од својот личен манифест „Мојата борба“. |
1936 | Шпанска граѓанска војна: востаниците ја заземаат Галисија, западна Кастиља, западна Андалусија и Арагон. |
1968 | Во Санта Клара, Калифорнија е формирана корпорацијата Интел. |
1967 | Во Охрид, на третиот црковно-народен собор, Архиепископскиот синод донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Доситеј. |
1799 | Во текот на походот на Египет група војници на Наполеон го пронашле Каменот од Розета, што му овозможило на Шамполион да ги дешифрира хиероглифите. |
1870 | Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година. |
1900 | Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум - кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања. |
1941 | Британскиот премиер Винстон Черчил ја започнува кампањата со име „В за победа“ (V for Victory) во текот на Втората светска војна. |
1943 | Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим. |
1956 | водачите на СФР Југославија, Индија и Египет - Јосип Броз Тито, Џавахарлал Нехру и Гамал Абдел Насер ја потпишуваат Брионската декларација за заедничка противблоковска политика, што го означува почетокот на создавањето на Движењето на неврзаните земји. |
1967 | Македонската православна црква прогласи автокефалност. |
1402 | Монголскиот хан Тамерлан во Битката кај Ангора, денешна Анкара, ја победува турската војска и го заробува султанот Бајазит I, кој во 1403 година умира во ропство. |
1903 | Произведен првиот сериски автомобил на „Форд“. |
1924 | Во Париз е основана Светската шаховска организација. |
1944 | Германскиот полковник Клаус Шенк извршува атентат врз нацистичкиот водач Адолф Хитлер со подметнување на бомба под неговиот стол во бункерот Волчја јама кај Берлин. Хитлер е само полесно повреден, а заговорниците се погубени. |
1969 | Месечевото возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со космонаутите Нил Армстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод. |
2001 | Карло Џулијани, италијански активист и анархист е убиен во текот на демонстрациите против Групата 8 во Џенова од страна на италијанските Карабињери. |
1542 | Папата Павле II донел одлука за основање на инквизиција во Рим. |
1798 | По победата во Битката кај пирамидите, Наполеон Бонапарт станува владетел на Египет. |
1962 | Со решение на Извршниот совет на НР Македонија, името на „Радио Скопје“ е променето во „Радио-Телевизија Скопје“. |
1983 | Во станицата „Восток“ на Антарктикот, измерена е најниската температура на Земјата, која изнесувала -89,2 °C. |
1994 | Рускиот писател Александар Солженицин пристигнува во Москва по двомесечно патување низ Русија, по 20 години прогонство. |
2013 | Филип станува крал на Белгија, по абдикацијата на татко му, Алберт II. |
1099 | Прва крстоносна војна: Годфрид Бујонски е избран за прв Бранител на Светиот Гроб на Ерусалимското Кралство. |
1456 | Унгарскиот регент Јанош Хуњади ја пробил опсадата на Белград и им нанел тежок пораз на Отоманските освојувачи предводени од Мехмед II. |
1894 | Првата воопшто моторизирана трка се одржала во Франција, на 128-километарски пат помеѓу Париз и Руан. Победил Албер де Дион, основачот на Тур де Франс. |
1908 | Младотурците ја презеле власта во Битола и ги ослободиле сите затвореници. |
1933 | Американскиот воздухопловец Вили Пост го извел првото самостојно летање со авион околу Земјината топка. Прелетал 25.000 километри со 14 застанувања за 7 дена, 18 часа и 45 минути. |
1948 | Во Скопје, со одлука на Владата на НРМ, е основан Институтот за национална историја. |
1962 | Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира. |
1992 | Најголемиот колумбиски производител и трговец со дрога Пабло Ескобар побегнал од затвор. Убиен е во декември следната година во Медељин, во престрелка со полицијата. |
1914 | Австроунгарија ѝ поставила ултиматум на Србија во врска со атентатот на престолонаследникот Франц Фердинанд во Сараево. Ова било најава за почетокот на Првата светска војна. |
1942 | Започнал со работа логорот Треблинка. |
1942 | Во Софија, бугарските власти ги стрелаа Никола Јонков Вапцаров, македонски поет и патриот, Антон Попов-Дончо, македонски револуционер, писател и публицист и Атанас Романов, македонски патриот. |
1993 | Република Македонија стана 138 членка на Светската организација за интелектуална сопственост. |
2000 | Ленс Армстронг, втора година по ред победува на престижната велосипедска трка Тур де Франс, иако неговите лекари, четири години претходно, го известуваат дека постојат мали шанси да преживее, зашто болува од рак. |
1148 | Францускиот крал Луј VII поставил опсада на Дамаск во текот на Втората крстоносна војна. |
1534 | Жак Картие поставил крст на северноамериканското копно близу до устието на реката Сент Лоренс и го прогласил за прва француска територија во името на кралот Франсоа I. |
1715 | Шпанска флота со богатство составена од 10 брода заминала од Хавана, Куба кон Шпанија. Седум дена подоцна, 9 брода потонале во бура близу до Флорида. Богатството е откриено и извлечено од морето во 1960-тите. |
1823 | Укинато е ропството во Чиле. |
1908 | Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција. |
1923 | Грција, Турција и сојузничките сили од Првата светска војна го потпишаа Лозанскиот договор, врз основа на која е извршена принудна размена на население: христијаните од Турција во Грција, а муслиманите од Грција во Турција. Ова во голема мера го изменило националниот состав на Егејска Македонија. |
1946 | Во Тихиот Океан, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија. |
1974 | По инвазијата на Турција врз Северен Кипар, паднала од власт воената хунта во Грција. |
2002 | Алфред Мојсиу е избран за претседател на Албанија. |
2014 | Парламентот го избира Фуад Масум за претседател на Ирак. |
2019 | Борис Џонсон станува премиер на Обединетото Кралство по оставката на неговата сопартијка Тереза Меј. |
1878 | Првата кинеска дипломатска мисијa во САД пристигнува во Вашингтон. |
1917 | Холанѓанката Маргарета Гертруда Целе, попозната како Мата Хари, осудена е на смрт под обвинение дека шпионирала за Германија во текот на Првата светска војна. |
1945 | Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор е поделена на четири зони: источна (советска), северозападна (британска), југозападна (американска) и западна (француска). Таа поделба подоцна доведе до формирање на двете германски држави. |
1968 | Папата Павле VI им ги забранува на католичките верници сите вештачки методи за спречување на зачнувањето. |
1984 | Советскиот космонаут Светлана Савицка стана првата жена која излегла надвор од бродот во вселената и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која двапати била во нејзиното пространство. |
2017 | Рам Нат Ковинд станува претседател на Индија. |
1953 | Со нападот на герилците на касарната „Монкада“ во градот Сантјаго де Куба, Фидел Кастро ја започнува борбата против диктаторот Фулгенсио Батиста. |
1956 | Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер го национализира Суецкиот Канал, кој претходно беше под контрола на англо-француска компанија. |
1963 | Катастрофален земјотрес го разурна Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен 4⁄5 од станбениот фонд. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност. |
1996 | Република Македонија и Европската Унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската Унија. Истиот ден во Република Македонија пристигнува и првиот американски амбасадор — Кристофер Хил. |
1996 | Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици. |
1830 | Во Франција избива „Јулската револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл X Бурбонски да ги укине весниците, да го распушти штотуку избраното собрание и да го промени изборниот закон. Кралот абдицира и емигрира во Шкотска. |
1839 | Почнува Опиумската војна меѓу Кина и Велика Британија откако кинеските власти во едно пристаниште во Кантон запленуваат и уништуваат 20.000 сандаци со опиум. |
1981 | Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути. |
1989 | Кристер Петерсон прогласен е за виновен и е осуден на доживотна казна затвор заради убиството на шведскиот премиер Улоф Палме во 1986 година. Подоцна тој е ослободен, а убиството останува неразјаснето. |
2001 | САД ги продолжуваат санкциите врз Иран и Либија на уште пет години.
|
1821 | Перу прогласува независност од Шпанија. |
1858 | За првпат е употребен отпечаток од прстот како знак за идентификација, и тоа од страна на Вилијам Хершел, во Индија, кога земал отпечаток од извесен Раџадар Конаи. |
1914 | Почна Првата светска војна. По атентатот извршен врз војводата Франц Фердинанд во Сараево, владата на Австроунгарија ја обвини Србија како причина за атентатот и упати ултиматум, кој беше отфрлен. Тоа беше повод Австроунгарија да и објави војна на Србија. Три дена подоцна Германија и објави војна на Русија, а на 3 август и на Франција. |
1937 | Јапонците во текот на Кинеско-јапонската војна го заземаат Пекинг. |
1945 | Во Скопје излезе првиот број на весникот „Трудбеник“, орган на Земскиот одбор на Единствените синдикати на Македонија. Весникот излегуваше еднаш неделно. |
1976 | Во Тангшан, Кина се случил најсмртоносниот земјотрес во историјата, кој имал магнитуда над 8,2 според Рихтеровата скала, и загинале најмалку 240.000 луѓе. |
1014 | Во Битката на планината Беласица кај Струмица, војската на македонскиот цар Самоил била тешко поразена од војската на византискиот цар Василиј II. |
1588 | Британската флота под команда на Лорд Хавард и Сер Франсис Дрејк ја поразува шпанската Непобедлива армада составена од околу 125 бродови, која во инвазија на Англија ја испраќа шпанскиот крал Филип II. |
1940 | Почнува воздушната офанзива на Германија на Велика Британија за време на Втората светска војна. |
1945 | Прогласени се првите народни херои на Југославија од Македонија: Мирче Ацев, Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур и Христијан Тодоровски - Карпош. По неколку дена, на 2 август, за народен херој е прогласен и Кузман Јосифовски - Питу. |
1948 | Во Лондон се отворени првите Олимписки игри по Втората светска војна. |
1993 | Киргистан ја признава Република Македонија. |
2002 | Основана е Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) под името „Федерација на македонските фармери“. |
1619 | Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа првото колонијално претставничко Собрание. Овој град е прво населено место во Новиот Свет каде првите англиски доселеници пристигнаа во 1607 година. |
1971 | Астронаутите на „Аполо 15“, Дејвид Скот и Џејмс Ирвин се спуштија на Месечината. |
1974 | Турција, Грција и Велика Британија потпишаа спогодба за прекин на огнот на Кипар. |
1975 | Во Хелсинки почна Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), на која присуствуваа државници од 35 земји. Целта на Конференцијата беше да се осигура мирот во Европа. |
1980 | Вануату прогласува независност. |
904 | Солун бил освоен и уништен од Арапите. Околу 20.000, претежно млади, биле одведени во ропство. |
1498 | Кристифор Колумбо, на своето трето патување во Новиот Свет, го открива островот Тринидад, а потоа за првпат стапна на брегот на Јужна Америка. |
1908 | По победата на Младотурската револуција, Јане Сандански упатува „Манифест до сите народности во Османлиското Царство“. |
1941 | Германскиот рајхсмаршал Херман Геринг му дава писмена директива на шефот на полицијата Рајнхард Хајдрих да направи нацрт-план за отстранување на Евреите од Европа. |
1945 | Пјер Лавал, водачот на Вишиевска Франција, е уапсен од сојузничките војници во Австрија. |
1954 | Италијанска експедиција предводена од Ардито Десио прва го освојува врвот „Годвин Остин“, попознат како К2, на Каракорум, кој со своите 8.611 метри, е втор највисок врв на Земјата. |
1964 | Американската вселенска сонда „Ренџер 9“ ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оценија како најголем дострел на астрономијата по Галилео Галилеј. |
2006 | На Куба Фидел Кастро му ја предава власта на својот брат Раул Кастро. |