Соломоновиот храм (хебр. בית המקדש), исто така познат и како Првиот храм, е според Танах, првиот еврејски храм во Ерусалим. Самиот храм ја изразува најголемата фокусна точка на јудаизмот. Храмот бил завршен во текот на 10 век п.н.е. и подоцна бил разрушен од страна на вавилонците во 586 п.н.е. Потоа, храмот повторно бил изграден кој денес е познат како Вториот храм.

Скица на Храмот на Соломон

Подготовка

уреди

Пред својата смрт, цар Давид, татко на Соломон, собрал големо количество на материјал за градбата на храмот и исто така ја закупил и земјата на која требало да се гради. Во Библијата се разкажува за Соломон, цар на тогашното единствено Израелско царство, како во почетокот на своето царување подготвувал материјали за градбата на храмот кој го нарачал неговиот татко. Според легендата, Соломон склучил дури и договор со тирскиот цар Хирам I за добавување на потребните материјали и тоа по пат на море од Јафа до Ерусалим. Исто така Соломон во тоа време ја изградил и водоводната мрежа во градот. Сето тоа според митот е поврзано со постоењето на масонството уште од најрано време.

Градба

уреди

Според митот, подготовката и започнувањето на изградбата на храмот траела дури три години. Веќе на почетокот на четвртата година од царувањето на Соломон, се започнало со изградбата на храмот и тоа под раководство на феникијците. Од тука е сосема јасно дека самиот храм бил изграден и во феникиски дух. Давид на својот син му оставил доволно злато и сребро со кои да се изгради храмот. Според Библијата станува збор за 100 000 таланти (3000 тона) злато и 1 000 000 таланти (30 000 тона) сребро. Библијатаразкажува за тоа колку голем број работници и занаетчии е било потребно за да се изгради храмот. Некои од нив не се биле Евреи, туку робови. Огромни камења, доставени од кариерите под градот биле постепено поставени врз масивните ѕидови, едни врз сè додека целиот објект не биде завршен. Се кажува дека зградате била со димензии: должина 27 метри, ширина 9 метри, висина14 метри.

Завршување

уреди

Така, по единаесет години од царувањето на Соломон, за седум години градење, храмот бил авршен. По единаесет месеци храмот бил осветен.

Пљачки и разрушувања на храмот

уреди

Според Библијата, Храмот на Соломон бил пљачкан неколкупати во текот на времето: