Горна Волта
Горна Волта или службено Република Горна Волта (француски: République de Haute-Volta) била основана на 11 декември 1958 како самоуправувана колонија во рамките на Француската заедница. Пред да стекне автономија била позната како Француска Горна Волта и дел од Францускиот сојуз. На 5 август 1960 стекнала целосно независност од Франција.
Република Горна Волта | ||||||
République de Haute-Volta | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Гесло „Unité – Travail – Justice“ (француски) „Единство – Работа – Правда“ | ||||||
Химна Hymne Nationale Voltaïque | ||||||
Главен град | Уагадугу | |||||
Јазици | француски | |||||
Уредување | Република | |||||
Претседател | ||||||
- | 1959–1966 | Морис Јамеого | ||||
- | 1983–1984 | Тома Санкара | ||||
Висок комесар | ||||||
- | 1958–1959 | Макс Берте | ||||
- | 1959–1960 | Пол Масон | ||||
Премиер | ||||||
- | 1971–1974 | Жерар Канго Уедраого | ||||
- | 1983 | Тома Санкара | ||||
Историски период | Студена војна | |||||
- | Самоуправувана колонија | 11 декември 1958 1958 | ||||
- | Независност | 5 август 1960 | ||||
- | Преименувана | 4 август 1984 1984 | ||||
Валута | франк |
Тома Санкара дошол на власт воениот удар на 4 август 1983. По пучот, го создал Националниот совет за Револуција (CNR), а самиот тој бил претседател. Под водство на Санкара, државата го променила своето име на 4 август 1984 од Горна Волта во Буркина Фасо, што означува „Земја на неподмитливи луѓе“.[1]
Името Горна Волта означувало дека државата се наоѓа во горниот тек на реката Волта. Реката е поделена на три делови, Црна Волта, Бела Волта и Црвена Волта, кои ги создаваат боите на националното знаме.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Франа на Море (јазик)“. World Digital Library. Посетено на 16 февруари 2013.