Српска православна црква

(Пренасочено од СПЦ)

Српска православна црква или скратено СПЦ — автокефална црква која се наоѓа на шестото место во православниот свет, веднаш по Цариград, Александрија, Антиохија, Ерусалим и Русија.


Српска православна црква
Srpska pravoslavna crkva
КласификацијаПравославие
ПоглаварПорфириј
Епископи44
Парохии3,100
Јазиксрпски и црковнословенски
СедиштеБелград
ТериторијаЈугоисточна Европа (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Словенија), Австралија, Канада, САД, Обединето Кралство, Германија, Франција
ОсновачСвети Сава
Независност1219–1463
1557–1766
1879–денес
Членови8[1] до 12 милиони[2]
Мрежно местоspc.rs
Српски православен крст

Денеска, Српската православна црква е доминантна на територијата на Србија, Црна Гора и Република Српска во Босна и Херцеговина, со повеќе од 84% од населението на трите земји. Нејзините митрополии и епархии се наоѓат и надвор од земјата, односно во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, како и во целиот свет.

Историја

уреди
 
Српска делегација кај Василиј I
 
Споменик на Свети Кирил и Методиј во Белград
 
Цар Стефан Душан

Почеток

уреди

Србите христијанството го примиле доста бавно. Кон крајот на 8 век завршила борбата помеѓу христијанството и паганството. Во почетокот христијанството во Србија било под јурисдикција на Охридската православна црква. Растко Немањиќ односно Свети Сава во 1219 година успеал да ја организира првата српска црква, позната како Пеќската архиепископија, а подоцна патријаршија. Српскиот владетел Стефан Душан успеал да го подигне угледот на црквата, и да ги прошири нејзините граници, станувајќи патријаршија. Свети Сава бил прогласен од страна на Цариградската патријаршија за прв архиепископ на српскиот народ.

Според канонското право, самостојноста на една земја подразбирала и автокефалност на самата црква. По 1204 година, седиштето на Вселенската патријаршија било преместено од Цариград во Никеја. Свети Сава имал голема мисија во Никеја, чија цел била признавање на новата српска црква. Најверојатно како резултат на состојбите во тогашната распадната Византиско Царство, Вселенската патријаршија дозволила за прв архиепископ на српската црква да биде избран Свети Сава, брат на српскиот крал Стефан.

Наследниците на Свети Сава, со поддршка на династијата на кралот Немањиќ во 1346 ја создале Пеќската патријаршија. Со зголемувањето на улогата на српската држава, истовремено растела и моќта на српската црква. Кога кралот Душан одлучил да се прогласи за цар на Србите и Грците, во исто време старешината на православната црква требало да добие ранг на патријарх. Душан оваа акција ја покренал главно поради политички причини. Според државно-правниот систем во источните земји, царот не можел да биде замислен без патријарх. Освен ова, Душан се надевал дека со освојување на грчката држава, полесно ќе може да ги урамнотежи односите како цар на двата народи, а од друга страна пак би имал патријарх кој достојно ќе го замени вселенскиот. Но, според канонското право, границите на црковните региони секогаш се совпаѓале со оние на земјата. Според ова, Вселенската патријаршија имала ipso facto јурисдикција над епархиите кои биле одвоени од Византија, а припаѓале на некоја од соседните земји. За прогласување на српската патријаршија, тој се обратил кај Бугарската држава.

Прогласување на српскиот патријарх

уреди

На државниот собор во Скопје, во 1346 година, дотогашниот пеќски архиепископ Јаниќиј II свечено бил прогласен за српски патријарх. На тој собор биле присутни сите архиепископи, митрополити, епископи, игумени и други претставници на црквата. Како гост присуствувал и бугарскиот трновски патријарх Симеон со своите епископи и свештеници. На овој собор било решено некои угледни епископии да добијат ранг на митрополија. Од друга страна пак, Охридската архиепископија, бидејќи влегла во составот на Српското царство, и понатаму останала автокефална. Нејзиниот архиепископ морал да го признае првенството на Печката патријаршија. Грчките епархии пак, кои претходно биле под надлежност на Цариград, исто така биле вклучени под власта на Пеќската патријаршија, вклучувајќи ја и Света Гора. По седум дена од прогласувањето на патријаршијата, на 16 април 1346 година, бугарскиот патријарх Симеон, со новиот пеќски патријарх Јаниќиј и охридскиот архиепископ Николај I, го крунисале Душан за цар на Србите и Грците.

Реорганизација и пад

уреди

Во следните години српската црква доживеала огромна реорганизација, каде биле основани неколку нови епархии, и биле изградени неколку манастирски комплекси. Во 1349 година, во Скопје бил направен т.н. Душанов законик, кој дополнително ја наложил потчинетоста на епархиите на Пеќската патријаршија. Според законот, главата на Пеќската патријаршија бил избиран од страна на државен собор, кој собор го сочинувале членови на црквата и државата. Епископите биле избирани од страна на синодот. Избраниот патријарх бил следбеник на престолот на Света Сава, и се носел со титулата: Патријарх на сите српски и поморски земји. Владетелот на земјата честопати го повикувал на патријархот да учествува во дискусиите при земање на важни решенија за земјата.

Во 1354 година починал првиот српски патријарх. На негово место застанал Сава IV. Во негово време започнал процесот на помирување на српската и цариградската црква. Цариградскиот патријарх Калист I, кој имал пуштено проклетство кон српскиот народ, главно поради постојаните закани од страна на Османлиите, во 1364 година отишол во Сер за да побара помош од Србите. Но тој во Сер набргу се разболел и починал. Преговорите на двете цркви било продолжено од страна на деспотот Углеша. Во 1368 година сите епархии во своите области ги одвоил од Пеќската патријаршија и ги повратил под контрола на Цариград.

Углеша, набргу по ова, заедно со својот брат Волкашин, загинал на Битката на Марица во 1371 година. Инвазијата на Османлиите на Балканот продолжила со голем успех. По Маричката битка, сите епархии на Света Гора повторно биле ставени под јурисдикција на Цариградската патријаршија.

Во меѓувреме, српските калуѓери на Света Гора се нашле во лоша положба. Сепак, во 1374 година, светогорскиот старец Исаија отишол кај кнезот Лазар и побарал поддршка за помирување на двете цркви. Лазар очигледно ги разбрал барањата на монахот. Така Исаија бил испратен во Цариград. Јован Палеолог и Филотеј го примиле, и по разговорите бил донесен мир помеѓу двете цркви.

Призренски акт

уреди
 
Свети Сава
Прв архиепископ на Србите

Така, официјалното помирување помеѓу двете цркви било објавено во Призрен во 1375 година. Сепак, по овој акт, авното единство започнало да опаѓа, како и моќта на српската црква. До смртта на патријархот Сава IV, патријархот бил избиран на државен собор. По неговата смрт било решено да новиот патријарх биде изберен самите архиреи и игумени на сите српски земји без улога на српскиот владетел. Во 1375 година се состаниле во Пеќската патријаршија, но долго време не можеле да дојдат до договор. Проблемите најмногу биле потикнувани од некои свештеници кои пред сè ги гледале своите лични интереси. На крај, сепак било решено да за нов патријарх биде избран Ефрем. Ефрем ја возглавувал патријаршијата од 1375 до 1382 година.

Косовска битка

уреди

По Косовската битка во 1389 година, деспотот Стефан Лазаревиќ успеал да најголемиот дел од српските земји ги стави под своја контрола. Патријаршијата од една страна ги изгубила сите свои епархии во јужните делови на земјата и Македонија, кои биле заземени од страна на Отоманското Царство и кои попаднале под Охридската архиепископија. Деспотот Стефан својата престолнина ја пренел од Крушевац во Белград. Наследник на Стефан бил Ѓураѓ Бранковиќ, кој во 1427 година Белград го предал на Кралство Унгарија, па тој се населил во Смедерево, а со ова и престолнината на патријаршијата.

Отоманска власт

уреди
 
Печката патријаршија во 16 и 17 век

Со пропаѓањето на српската држава настапиле тешки времиња за патријаршијата. Голем број на српски манастири биле напуштени или разрушени. Пеќската патријаршија била укината, а повторно обновена во 1557 година.

Во 1459 година Смедерево паднало под власта на Отоманците. Со ова, власта на охридскиот архиепископ се проширила. Во текот на 1530 до 1541 година, смедеревскиот митрополит постојано се обидувал да ја обнови Пеќската патријаршија. Овие обиди траеле еден подолг период од 1527 до 1541 година. Охридскиот архиепископ Прохор овие обиди успеал на трипати да ги осуди на црковните собори, а истото го сториле и цариградскиот, александрискиот, ерусалимскиот и антиохискиот архиепископ.

Во времето кога Османлиите конечно ги освоиле сите територии на Пеќската патријаршија, голем број на христијански објекти биле претворени во џамии, или пак биле рушени. Од каменот кој го добивале од рушењето на црквите биле градени различни мостови, сараи и слично, за потребите на новите владетели.

Според законот, Османлиите ја признавале слободата на вероисповед, но во практика тие настојувале христијанското население да ја прифати муслиманската религија.

Мехмед-паша Соколовиќ

уреди

Во времето на Мехмед-паша Соколовиќ, потурчен Србин од Херцеговина, Пеќската патријаршија била обновена. Големиот везир на Сулејман Величествениот успеал да го убеди султанот во тоа. Охридскиот архиепископ немал моќ за да се спротивстави на ова. Така, за прв патријарх на обновената Пеќска патријаршија бил поставен братот или близок роднина на големиот везир, Макариј Соколовиќ. Пеќската патријаршија опфаќала најголема територија досега, не само онаа од времето кога била основана, туку и делови од Бугарија (Ќустендил и Самоков), цела Босна и Херцеговина, Далмација, Црна Гора, Славонија, Банат, сè до Будимпешта. Охридската архиепископија пак останала со деловите јужно од Тетово, Скопје, Велес, Штип вклучувајќи ги и реоните околу Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци и Струмица.

Патријархот Макариј започнал со уредување на својата патријаршија. Српскиот поглавар бил признаен за врховен водач не само на реонот на Пеќската патријаршија, туку и пошироко. Градот повторно станал престолнина на новиот патријарх, голем дел од манастирите и црквите биле обновени.

Борба со Османлиите

уреди

По смртта на Макариј во 1574 година, неговиот наследник започнал постепено да размислува околу можното политичко ослободување од Османлиите. Во следните години низ целата српска земја започнале голем број на бунтови и востанија кои на крај завршувале со пораз за Србите. Честопати, патријарсите стапувале во контакт со римските папи. Но тие преговори со Рим не успевале, најчесто поради тоа што и самата Западна Европа била соочена со сличен проблем. Патријархот Пасиј (1614—1647) започнал да преговара и со православна Русија. До контакт дошол преку скопскиот митрополит Симеон, кој во 1641 година отишол во Москва. Патријархот Гаврил I заминал во Русија на преговори, но подоцна кога се вратил бил уасен и погубен. Најголема улога во ослободувањето на Србите имале патријархот Арсениј III и Арсениј IV.

Грчки патријарси

уреди

Главно поради овие случувања, Османлиите повеќе ја изгубиле довербата во патријархот, па затоа започнале, според договорот со Цариградската патријаршија, за нови патријарси да поставуваат Грци. Соодветно на ова, и епископите биле Грци. Во следните години за многу мал период биле сменето голем број на патријарси. Така, во периодот од 1737 до 1766 биле сменети 10 патријарси. Ваквите промени директно влијаеле врз угледот на Пеќската патријаршија. Од друга страна пак, цариградскиот патријарх ова го користел за свои цели, спремајќи се за укинување на патријаршијата.

Конечно во 1766 година, султанот Мустафа III издал ферман според кој патријаршијата била укината.

Повторна обнова

уреди

Од година Српската православна црква повторно се нашла под јурисдикција на Цариградската патријаршија. Со воспоставувањето на српската автономија во 1832 година, во Белград била прогласена автономна митрополија, повторно под контрола на Цариград, а во 1879 година црквата добила автокефалност.

Во текот на Балканските војни, во составот на Белградската митрополија влегле Скопската, Велешко-дебарската и Призренската. До 1920 година не постоела единствена црковна организација, и овој период од историјата на српската црква е познат како период на покраинските цркви. Најзначајна од сите овие покраински цркви била Карловечката митрополија. Со создавањето на Кралство СХС во 1918 година, биле создадени услови за обединување на црквата и обновување на Пеќската патријаршија. Од 1920 година, седиштето на црквата е во Белград, а црквата има ранг на патријаршија.

Структура

уреди

Српски светци

уреди

Храмови и манастири

уреди

Српската православна црква поседува голем број на манстири и цркви. Од нив, најпознати се:

Наводи

уреди
  1. World Council of Churches: Serbian Orthodox Church
  2. Johnston & Sampson 1995, стр. 330.