Сицилија (италијански: Sicilia; старогрчки: Σικελία; малтешки Sqallija) — автономен регион во Италија и најголемиот остров во Средоземното Море, со површина од 25.700 км2 и 5 милиони жители.

Сицилија
Sicilia
Автономен регион во Италија
Знаме на СицилијаГрб на Сицилија
ЗемјаИталија
Админ. центарПалермо
Управа
 • ПретседателРозарио Крочета (ПД)
Површина
 • Вкупна25.711 км2 (9,927 ми2)
Население (30 април 2012)
 • Вкупно5,043,480
 • Густина0,00.020/км2 (0,00.051/ми2)
ДемонимСицилијанци
Граѓанство[1]
 • Италијанци98%
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
БДШ/ном.€ 84.5[2] милијарди (2008)
БДП/жит€ 16.600[3] (2008)
NUTSITG
Мреж. местоwww.regione.sicilia.it
Поглед кон планината Етна

Географија

уреди
 
Снимка на Сицилија од НАСА

Сицилија е одделена од регионот Калабрија со Месинскиот Проток на исток.

Вулканот Етна, сместен близу до Катанија, е висок 3.320 м , што го прави највисокиот вулкан во Европа. Тој исто така е и еден од најактивните вулкани во светот.

Липарските Острови на север се административен дел на Сицилија, како што се и Егадските Острови и островот Пантелерија на запад, островот Устика на северозапад и Пелагиските Острови на југозапад.

Сицилија е истакната житопроизведувачка територија. Портокалите, маслинките и виното се само дел од нејзините земјоделски производи. Рудниците од областите Ена и Калтанисета биле главни произведувачи на сулфур во 19 век, но престанале со работа во 1950-тите.

Наводи

уреди
  1. „Демографски статистики“. ISTAT. Архивирано од изворникот на 2012-01-21. Посетено на 23 април 2010.
  2. „Табели, графикони и карти“. Евростат. 11 март 2011. Посетено на 2 јуни 2011. (англиски)
  3. EUROPA - БДП на Европа по глава на жител за 2008 (англиски)