Дејвид Вилијам Доналд Камерон (англиски: David William Donald Cameron, роден на 9 октомври 1966)[1] — британски политичар. Тој бил премиер на Обединетото Кралство од 2010 до 2016. Тој бил прв лорд на ризницата, а до јули 2016 бил и водач на Конзервативната партија.

The Right Honourable
Дејвид Камерон
David Cameron
Премиер на Обединетото Кралство
На должноста
11 мај 2010 – 13 јули 2016
Монарх Елизабета Втора
Заменик Ник Клег (2010-2015)
Претходник Гордон Браун
Наследник Тереза Меј
Водач на Конзервативната партија
На должноста
6 декември 2005 – 11 јули 2016
Заменик Вилијам Хаг
Џорџ Озборн
Претходник Мајкл Хауард
Наследник Тереза Меј
Лични податоци
Роден(а) Дејвид Вилијам Доналд Камерон
9 октомври 1966(1966-10-09)(58 г.)
Лондон, Англија, Обединето Кралство
Националност Британскa
Партија Конзервативна
Сопружник Саманта Камерон
(в. 1996-сè уште)
Деца Иван (починат), Ненси, Артур, Флоренс
Вероисповед Англиканска црква

На 24 јуни 2016, ден откако Британците на референдум изгласале излегување од Европската Унија[2], Камерон најавил дека до октомври истата година ќе поднесе оставка, за на конференцијата на Конзервативната партија да се избере нов водач, а со тоа и нов премиер.[2][3] Тереза Меј бил единствен кандидат на партиските избори и на 13 јули била избрана за нов водач на Конзервативците и нов премиер на Обединетото Кралство.[4]

Ран живот и кариера

уреди

Дејвид Камерон е роден во Лондон, а пораснал во Пизмор, Беркшир. На 13 годишна возраст се запишал во приватниот колеџ за момчиња Етон, по што студирал филозофија, политика и економика на Оксфорд. Тој има Тој има шкотско, велшко, англиско, ирско и германско-еврејско потекло. Работел како истражувач за Карлтон ТВ (анг.: Carlton TV) и како советник на конзервативните политичари Норман Ламонт и Мајкл Хауард. На изборите во 1997 не успеал да стане пратеник, но 4 години подоцна станал член британскиот парламент како претставник на изборната единица Витни. Во 2005 година кратко време бил дел од кабинетот во сенка, а во декември истата година станал водач на Конзервативната партија.

Премиер (2010-2016)

уреди

Камерон ја водел Конзервативната партија за време на општите избори во 2010, кога ги освоиле најголемиот број од гласовите и пратениците, но не доволно за самостојно да формираат влада. Тој станал премиер на 11 мај 2010, откако формирал коалиција со Либерал-демократската партија. Тој бил најмладиот британски премиер во изминатите 200 години. Камероновата влада скратила 6,2 милијарди фунти за да го ублажи буџетскиот дефицит. Бил реизбран во 2015, кога неговата партија освоила 36,9% од гласовите и мнозинство во парламентот. Либерал-демократите освоиле 7.9%, па коалицијата престанала.

По референдумот на 23 јуни 2016 година, кога победила опцијата за излегување од ЕУ[2] Камерон најавил оставка. На 13 јули, Тереза Меј дошла на неговото место.

Личен Живот

уреди

Дејвид е венчан за Саманта Камерон, со која има 3 деца. Неговиот син Иван е роден со хендикеп и починал на шестгодишна возраст. Ненси Гвен е родена во 2004, Артур во 2006, а најмладото дете, Флоренс, било родено на одмор во Корнвал во 2010.

За себе вели дека е феминист,[5] но многумина не се согласуваат.[6] За време на дебата со пратеничката Анџела Игл во април 2011, ѝ се обратил со зборовите „смири се, драга“[7], што разлутело голем број луѓе, кои ова го користат како доказ дека не е феминист.

Наводи

уреди
  1. „Ancestry of David Cameron“. Посетено на 2011-04-18.
  2. 2,0 2,1 2,2 „EU referendum: UK votes to leave in historic referendum - BBC News“ (англиски). Посетено на 2016-06-24.
  3. Stewart, Heather; Mason, Rowena; Syal, Rajeev (2016-06-24). „David Cameron resigns after UK votes to leave European Union“. The Guardian. Премиерот најави оставка откако опцијата за излегување од ЕУ победи по поделбнувачката референдумска кампања
  4. „Theresa May to succeed Cameron as UK PM on Wednesday“. BBC. BBC. 13 July 2016. Посетено на 11 July 2016. Дејвид Камерон најверојатно ќе ја предаде функцијата на Тереза Меј по пратеничките прашања во среда.
  5. Association, Press (2 October 2013). „David Cameron: 'I am a feminist'. Посетено на 25 June 2016.
  6. Cosslett, Rhiannon Lucy (27 September 2013). „So David Cameron is not a feminist. Well, knock me down with a feather - Rhiannon Lucy Cosslett“. Посетено на 25 June 2016.
  7. „David Cameron tells MP Angela Eagle: 'Calm down, dear'. Посетено на 25 June 2016.