Каракорум
Каракорум (кинески: 喀喇昆仑山脉, пинјин: Kālǎkūnlún Shānmài; хинди: काराकोरम, Kārākōrama; урду: سلسلہ کوہ قراقرم) — голем планински венец што се протега низ пограничните краишта на Гилгит–Балтистан (Пакистан), Ладак (Индија) и регионот Сјинџанг (Кина). Влегува во состав на поширокиот систем на Хималаи, но сепак северно од самиот венец.
Каракорум | |
---|---|
Највисока точка | |
Врв | К2 |
Надм. височина | 8.611 м |
Координати | 35°52′57″N 76°30′48″E / 35.88250° СГШ; 76.51333° ИГД |
Географија | |
Поглед на највисоките врвови на Каракорум од Меѓународната вселенска станица
| |
Земји | Пакистан, Индија и Кина |
Покраини | Гилгит–Балтистан, Ладак и Сјинџанг |
Координати | 36°N 76°E / 36° СГШ; 76° ИГД |
Се граничи со | Ладачки Пл., Памир и Хиндураџ (Хиндукуш) |
Венецот има најголема концетрација на планини над 8.000 м на светот,[1] каде спаѓа вториот највисок врв во светот, К2 (8.611 м), кој е само 237 м понизок од Монт Еверест.
Каракорум е долг околу 500 км и се одликува со најголема покриеност со ледници во светот (вон поларните региони). Ледниците Сијачен (70 км) и Бијафо (63 км) се на второ и трето место по должина во светот вон поларните региони.[2]
На североисток венецот се граничи со Тибетската Висорамнина, а на север со Памир. Јужната граница ја образуваат (од запад кон исток) реките Гилгит, Инд и Шајок, што го одделуваат од северозападниот крај на самите Хималаи како што реките се спојуваат на југозапад кон рамниците во Пакистан.
Највисоки врвови
уредиThe notable peaks of the Karakoram are:
- K2 (8.611 м)
- Гашербрум I (8.068 м)
- Брод Пик (Палчен Кангри) (8.047 м)
- Гашербрум II (8.035 м)
- Гашербрум III (7.952 м)
- Гашербрум IV (7.925 м)
- Дистагил Шар (7.885 м)
- Кунјанг Киш (7.852 м)
- Машербрум I (7.821 м)
- Батура I (7.795 м)
- Ракапоши (7.788 м)
- Батура II (7.762 м)
- Канжут Шар (7.760 м)
- Салторо Кангри (7.742 м)
- Батура III (7.729 м)
- Сасер Кангри (7.672 м)
- Чоголиза (7.665 м)
- Харамош (7.397 м)
- Момил Шар (7.343 м)
- Бајнта Брак (7.285 м)
- Кула Музтаг (7.273 м)
Најголемиот дел од највисоките врвови се наоѓаат во регионот Гилгит-Балтистан во Пакистан. Балтистан има над 100 врвови повисоки од 6.100 м.
Врвови со ознаката К
уреди- К1: Машербрум
- К2
- К3: Брод Пик
- К4: Гашербрум II
- К5: Гашербрум I
- К6: Балтистански Врв
- К7: 6.934 м, кај долината Чаракуза
- К9: околу 7.000 м, кај Кулите Транго
- К10: Салторо Кангри I
- К11: Салторо Кангри II
- К12: подврв на Салторо Кангри
- К22: Сасер Кангри I
Превои
уредиОд запад кон исток, Каракорум ги има следниве превои:
- Килик
- Минтака
- Хунџерапски Превој (највисок асфалтиран граничен премин во светот на 4.693 м)
- Шимшалски Превој
- Мустаг
- Каракорумски Превој
- Сасир
Од сите овие премини, само Хундерџапскиот Превој е прооден за моторни возила. Единствениот друг премин во редовна употреба е Шишалскиот, но истиот не навлегува во друга држава.
Поврзано
уреди- Каракорум — древен град во подрачјето
- Каракорумски пат
- Гашербрум
- Список на највисоки планини (над 7.200 м)
Наводи
уреди- ↑ BBC, Planet Earth, "Mountains", Part Three
- ↑ Федченковиот Ледник во Таџикистан е долг 77 км. Балторо и Батура во Каракорум се долги 57 км, како и Бруген и Пио XI во јужно Чиле. Измерено од снимки, руски топографски карти и делото Jerzy Wala,Orographical Sketch Map: Karakoram: Sheets 1 & 2 од Швајцарската фондација за планински истражувања од Цирих, 1990.
Литература
уреди- Kreutzmann, Hermann, Karakoram in Transition: Culture, Development, and Ecology in the Hunza Valley, Oxford, Oxford University Press, 2006. ISBN 978-0-19-547210-3
- Mortenson, Greg and Relin, David Oliver. 2008. Three Cups of Tea. Penguin Books Ltd. ISBN 978-0-14-103426-3 (pbk); Viking Books ISBN 978-0-670-03482-6 (hbk); Tantor Media ISBN 978-1-4001-5251-3 (MP3 CD).
- Kipling, Rudyard 2002. Kim; ed. by Zohreh T. Sullivan. New York: W. W. Norton & Company. ISBN 039396650X
Надворешни врски
уреди„Каракорум“ на Ризницата ? |
- Каракорум - патување и планинарење (англиски)