Вакцина или цепиво — биолошки препарат кој го зголемува имунитетот кон некоја болест.

Џонас Салк во 1955 година, држи шишиња за одгледување на култура за полио вакцини.

Видови

уреди

Онеспособени вакцини

уреди

Вакцини добиени од цели микроорганизми кои се онеспособени по хемиски, топлински или на друг начин. Овие вакцини не можат да ја повратат својата вирулентност, но обезбедуваат послаб имун одговор, поради што е потребно ревакцинирање. Во оваа група спаѓаат вакцината за детска парализа, беснило, колера, инфлуенца.

Атенуирани вакцини

уреди

Вакцини добиени од живи микроорганизми, кои се ослабени, најчесто со култивација во субоптимални услови (процес наречен атенуација) со што се намалува нивната способност да ја предизвикаат болеста. Несаканите ефекти се јавуваат кога ќе дојде до неконтролирано размножување на бактеријата од вакцината поради имунодефициенција.

Токсоид вакцини

уреди

Токсоид вакцините се добиени од онеспособени токсини од бактериите кои произведуваат токсини. Примери за вакви вакцини се вакцините за тетанус и дифтерија.

Вакцини со подединици

уреди

Овие вакцини се добиени од подединици на микроорганизмот кој ја предизвикува болеста, како што се специфични белковини и полисахариди.

Историја

уреди
 
Едвард Џенер

Првата откриена вакцина е вакцината против големи сипаници од страна на Едвард Џенер во 1796 година. Втората генерација на вакцини била воведена во 1880-тите од страна на Луј Пастер, кој ги развил вакцините за птичја колера и антракс.

Вакцината како тема во уметноста

уреди


  1. Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 200.