Јан Хус
Јан Хус — чешки свештеник, филозоф, реформатор, и ректор на Карловиот универзитет во Прага. Тој бил познат по неговите еретички сфаќања за црквата. Хус многу придонел за развојот на протестантството со движењето по него наречено Хусити, кое кулминирало еден век подоцна со Мартин Лутер. Поради своето делување бил осуден на смрт од католичкиот екуменски Собор во Констанца (денешна Германија) и спален на клада.
Јан Хус Jan Hus | ||
Роден | околу 1372 Хусинец, Бохемија (денешна Чешка) | |
---|---|---|
Починал | 6 јули 1415 Констанц, денешна Германија запален на клада поради ерес | |
Националност | Чех | |
Познат | религиозен мислител, филозоф, професор, реформатор |
Во Прага и денес постои катедралата кајшто служел Јан Хус, а тој се слави како маченик и светец во Чешка. Денот на неговото погубување е државен празник на Чешка.
Во негова чест е именувана улицата „Јан Хус“ во населбата Трнодол во Општина Карпош, Скопје.
Надворешни врски
уредиОваа статија историјата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Јан Хус“ на Ризницата ? |