Обединети Покраини на Рио де ла Плата
Обединети Покраини на Рио де ла Плата (шпански: Provincias Unidas del Río de la Plata), а првично именувана како Обединети Покраини на Јужна Америка (шпански: Provincias Unidas de Sudamérica), била независна држава во Јужна Америка која произлегла од поранешната шпанска колонија Вицекралство Рио де ла Плата, во регионот на Рио де ла Плата. Оваа држава произлегла од Мајската револуција во 1810 година и аргентинската војна за независност во периодот од 1810 до 1818 година. Буенос Аирес бил избран за главен град на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата.
Обединети Покраини на Рио де ла Плата Обединети Покраини на Јужна Америка Provincias Unidas del Río de la Plata Provincias Unidas de Sudamérica | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1810–1831 | |||||||||||||
Химна: Патриотски марш | |||||||||||||
Статус | Конфедерација | ||||||||||||
Главен град | Буенос Аирес (1810-1820) (1826-1827) | ||||||||||||
Говорени јазици | шпански | ||||||||||||
Вероисповед | христијанство | ||||||||||||
Уредување | Република | ||||||||||||
Историски период | Наполеонови војни | ||||||||||||
1806-1807 | |||||||||||||
25 мај, 1810 | |||||||||||||
9 July 1816 | |||||||||||||
• Битката на Кепеда крај на централниот авторитет | 1 февруари 1820 | ||||||||||||
8 февруари 1826 | |||||||||||||
• Монтевидејски договор Независност на Уругвај | 28 авхуст 1828 | ||||||||||||
4 јануари, 1831 | |||||||||||||
Валута | реал (од 1813) сол (од 1815) пезо (од 1826) | ||||||||||||
|
Денес во аргентинската химна таа држава се нарекува Обединети Покраини од Југот, а според денешниот устав на Аргентина името „Обединети Покраини на Рио де ла Плата“ е едно од официјалните имиња на државата заедно со имињата Аргентина, Аргентинска Конфедерација и Аргентинска Нација.[1]
Местоположба
уредиОбединетите Покраини на југ се граничеле со „територијата на староседелците“, име кое се користело за слабонаселените региони Пампас и Патагонија, кои денес се во составот на Аргентина. На север Покраините се граничеле со Гран Чако, регион кој бил и е под контрола на Парагвај, Боливија и Бразил, и Горно Перу (денешна Боливија). На запад преку Андите се наоѓала шпанската Генерална капетанија Чиле, подоцна независна држава Чиле. Североисточно од Покраините се наоѓала португалската колонија Бразил, а подоцна независната Империја Бразил. Во склоп на тогашните Обединети Покраини се наоѓале северните делови на денешна Аргентина, пола Уругвај (другата поливина била под окупација на Бразил), делови од современ Парагвај, делови од современа Боливија и делови од колонијален Бразил.
Историја
уредиПромената на Вицекралството Рио де ла Плата во Обединети Покраини на Рио де ла Плата не било само промена на управништвото (гувернерите), туку тоа бил револуционерен процес со што апсолутната монархија (Шпанска Империја) се заменила со република. Главна причина за ваквите промени се гледа во преродбата во Шпанија, која промовирала нови идеи, како и Полуостровската војна со која Шпанија останала без авторитетен челник. Концептот за поделба на властта или моќта станал алатка за спречување на деспотизам.[2]
Обединетите Покраини биле основани преку подолг процес кој започнал во мај 1810 годинам која граѓаните и милицијата на Буенос Аирес, главниот град Вицекралството Рио де ла Плата, го собориле шпанскиот вицекрал Балтазар Идалго де Сиснерос за време на Мајската револуција. Во тоа време немало формална објава на независноста, па така првата хунта или првата влада која произлегла од револуцијата објавила лојалност кон шпанскиот крал Фернандо VII во обид да го реформира економскиот, социјалниот, културниот и општествениот живот на Вицекралството. Веднаш штом овој процес започнал, се јавиле противници на таквата реформација на општеството и државата и целокупната насока на револуцијата. Со други зборови, Банда Ориентал (денешен Уругвај), Кордоба (денес сепак покраина на Аргентина), Парагвај и териториите на Вицекралството Перу не се согласувале со новата политика на Буенос Аирес и така оваа револуција останала чисто аргентинска, а не регионална како што била идејата.
Со започнувањето на војната за независност започнала и граѓанската војна во Обединетите Покраини, а како главна причина за паралелната граѓанска војна се несогласувањата за видов на државното уредување на новата држава.
Територии
уредиВицекралството Рио де ла Плата, до моментот на своето постоење било составено од следниве покраини:
Сите овие пет ја создале современата држава Боливија, бидејќи не се согласувале со Буенос Аирес, иако исрпатиле претставници на Конгресот од Тукуман.
Уругвај, тогаш именувана како Банда Ориентал, исто така исрпатил претставник на конгресот но не се сложувале со политиката на Буенос Аирес и се стремеле за основање на независна држава. Покраината Банда Ориентал станала, после неколку војни и немири, современата Уругвај.
Мисионес Ориенталес бил приклучен кон Бразил како резултат на Цисплатинската војна.
Подолните покраини горе долу имале покомпактна идеја за иднината на државата и заедно ја формирале современата Аргентина, а тогашна Обединети Покраини:
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑
The Constitution: "Art. 35.- Las denominaciones adoptadas sucesivamente desde 1810 hasta el presente, a saber: Provincias Unidas del Río de la Plata; República Argentina, Confederación Argentina, serán en adelante nombres oficiales indistintamente para la designación del Gobierno y territorio de las provincias, empleándose las palabras "Nación Argentina" en la formación y sanción de las leyes."
("Article 35. The denominations successively adopted from 1810 to the present – United Provinces of the Río de la Plata and Argentine Republic, Argentine Confederation – shall henceforth be interchangeable official names to describe the Government and territory of the provinces. The phrase "Argentine Nation" is used for the formulation and the enactment of laws.") - ↑ Ternavasio, p. 12
Литература
уреди- Ternavasio, Marcela; Luis Alberto Romero (2007). Gobernar la Revolución. Buenos Aires: Siglo veintiuno editores. ISBN 978-987-1220-96-0.
- Símbolos Nacionales de la República Argentina ISBN 950-691-036-7