Ленс Армстронг

велосипедист

Ленс Едвард Армстронг (роден Ленс Едвард Гундерсон, на 18 септември 1971) — поранешен американски професионален друмски велосипедист. Армстронг го освоил Тур де Франс рекордни седум последователни пати помеѓу 1999 и 2005 пред да биде дисквалификуван од овие трки и да му биде доживотно забрането да се натпреварува во велосипедизам поради обвинувањата за допинг од американската антидопинг агенција (УСАДА) во 2012. Тој е основач на фондацијата Livestrong, првично наречена „Ленс Армстронг“, која обезбедува поддршка за пациентите со рак.

Ленс Армстронг
Армстронг пред Тур Даун Андер 2009
Лични податоци
Цело имеЛенс Едвард Армстронг
ПрекарШефот („Le Boss“)[1] Биг Текс[2]
Роден18 септември 1971(1971-09-18)(53 г.)
Плано, Тексас, САД
Висина1,77 м[3]
Маса75 кг[3]
Податоци за клубот
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
1990–1991
1991
Дискавери Канал
Репрезентација на САД
Професионални клубови
1992–1996
1997
1998–2004
2005
2009
2010–2011
Моторола
Кофидис
Дискавери Канал
Дискавери Ченел
Астана
Тим РадиоШек
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Светски друмски првак (1993)
Национален друмски првак (1993)
Класика де Сан Себастијан (1995)
Флеш Валон (1996)

На 16 години, Армстронг започнал да се натпреварува во триатлон и бил национален првак во 1989 и 1990. Во 1992, Армстронг ја започнал својата кариера како професионален велосипедист со екипата Моторола. Имал големи успеси помеѓу 1993 и 1996, вклучувајќи ги победите на друмската трка на Светското првенство 1993, Класика де Сан Себастијан во 1995, Тур ДуПон и неколку етапни победи во Европа, вклучувајќи и етапа на Тур де Франс.

Во октомври 1996 му бил дијагностициран рак на тестисот, која се раширил низ мозокот и белите дробови. Лечењето вклучувало операција на мозокот и долга хемотерапија. Во февруари 1997 му било соопштено дека е излечен од ракот и истата година ја основал фондацијата. До јануари 1998, Армстронг отпочнал со сериозно тренирање на велосипедист и потпишал нов договор со УС Постал. Бил член на екипата УС Постал/Дискавери помеѓу 1998 и 2005. На 24 јули 2005, Армстронг се повлекол од велосипедизмот на крајот на Тур де Франс 2005, но се вратил на натпреварувањата со екипата Астана во јануари 2009 и завршил трет на Тур де Франс 2009. Помеѓу 2010 и 2011 возел за екипата која помогнал да се основа, Тим РадиоШек.

На 16 февруари 2011, Армстронг го објавил неговото повлекување од велосипедизмот, додека се соочувал со сојузна истрага за обвинувањата за допинг. Во февруари 2012 се вратил на триатлонот, натпреварувајќи се како професионалец на неколку трки. Во јуни 2012, УСАДА го обвинила Армстронг дека користел недозволени средства за подобрување на резултатите.[4] На 24 август 2012 добил доживотна забрана за натпреварување, важечка за сите спортови кои го прифатиле кодексот на Светската антидопинг агенција, како и одземање на сите седум титули на Тур де Франс помеѓу 1999 и 2005.[5] Извештајот на УСАДА заклучил дека Армстронг употребил „најнова, професионализирана и успешна допинг програма која спортот ја имал видено“.[6] На 22 октомври 2012, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI), управното тело во спортот, ја објавило својата одлука дека ги прифаќа наводите на УСАДА.[7] Армстронг одлучил да не се жали на одлуката до Арбитражниот суд за спорт,[8].

И покрај негирањето дека користел средства во текот на неговата кариера, во јануари 2013 го признал допингот во телевизиско интервју, водено од Опра Винфри,[9].[10][11] Во септември 2013 година бил побаран од новиот претседател на УЦИ, Брајан Куксон, да сведочи целосно за неговиот допинг.[12] Армстронг одбил да сведочи ако не добие целосно амнестија, за која Куксон рекол дека нема да ја добие.[N 1][13][14]

Ран живот

уреди

Ленс Армстронг е роден на 18 септември 1971 година како Ленс Едвард Гундерсон (англиски: Lance Edward Gunderson) во Плано, Тексас, северно од Далас[15] од Линда Гејл (родена Мунихем), секретарка, и Еди Чарлс Гундерсон, менаџер за The Dallas Morning News. Неговиот прадедо бил син на норвешки имигранти.[16] Бил именуван по Ленс Ренцел, играч во Далас Каубојс. Неговите родители се развеле кога Ленс имал две години и неговиот татко има две деца од друга врска. Подоцна, неговата мајка се омажила за Тери Кит Армстронг, менаџер за продажба, кој го посвоил Ленс во 1974.

Кариера

уреди

Рана кариера

уреди

На 12-годишна возраст, Армстронг започнал да тренира пливање во локалниот пливачки клуб и бил четврти на првенството на Тексас на 1.500 метри слободно. Прекинал со пливање откако видел постер за јуниорски триатлон, наречен Ајрон Кидс Триатлон, кој го освоил на 13 години.[17]

Во 1987-1988 Три-Фед/Тексас го пласирала Армстронг како број еден триатлонец во групата под 19 години. Вкупните бодови на Армстронг во 1987 како аматер биле подобри отколку на првите пет професионалци таа година. На 16 години, Ленс Армстронг станал професионален триатлонец и бил првак во 1989 и 1990.[18]

Моторола

уреди

Во 1992, Армстронг станал професионалец со екипата Моторила, наследник на 7-Еливен. Во 1993, Армстронг освоил 10 еднодневни трки и етапни трки, но неговата преломна победа била на Светското друмско првенство во Норвешка. Пред неговата победа на Светското првенство, ја остварил првата победа на Тур де Франс. Бил 97. во генералниот пласман пред да се повлече на етапата 12.

Исто така ја освоил тројната круна во велосипедизмот Трифт Драг: класикот Трифт Драг во Питсбург, класикот К-Март Западна Вирџинија и државното првенство во Филаделфија.

Во 1994 повторно го освоил класикот Трифт Драг и бил втор на Тур ду Пон во САД. Неговите успеси во Европа биле второто место на Лиеж-Бастон-Лиеж и Класика де Сан Себастијан, каде само две години претходно завршил на последното место.

Победил на Класика де Сан Себастијан во 1995, по што следела победа на Тур ду Пон и неколку етапни победи, вклучувајќи и една на Тур де Франс, три дена по смртта на неговиот колега Фабио Казартели, кој паднал при спустот од Кол де Порт д’Аспе на 15. етапа.

Успесите на Армстронг продолжиле и во 1996. Станал првиот Американец кој победил на Флеш Валон и повторно победил на Тур ду Пон. Меѓутоа, возел само пет дена на Тур де Франс. На Летните олимписки игри 1996, завршил на шестото место на хронометарот и на 12. место на друмската трка. Во август 1996 по класикот во Лидс, потпишал двегодишен договор вреден два милиони долари со француската екипа Кофидис. Два месеци подоцна, во октомври 1996, му бил пронајден рак на тестисите.

На 2 октомври 1996, на 25 години, на Армстронг му бил пронајден рак на тестисите, кој се наоѓал во напредна фаза, односно трет стадиум.[19] Ракот се проширил на неговите бели дробови, стомакот и мозокот. При неговата прва посета на уролог во Остин, Тексас, за неговите симптови на рак, кашлал крв, а неговиот тестис бил отечен. Брзата операција и хемотерапијата му го спасиле животот. Армстронг направил орхиектомија за отстранување на заболениот тестис. По неговата операција, неговиот доктор изјавил дека имал 40% шанси за преживување.[20]

Вообичаениот хемотерапевтски режим за овој вид на рак е мешавина на лековите блеомицин, етопосид и цисплатин (или платинол). Меѓутоа, Армстронг избрал друга алтернатива, етопосид, ифосфамид и цисплатин за да ги избегне проблемите со белите дробови поврзани со блеомицин.[20] Оваа одлука можеби ја спасила неговата велосипедска кариера. Неговата првична терапија ја примил на Универзитетот Индијана, Индијанаполис, каде Лоренс Ајнхорн прв го испробал цисплатинот за лечење на рак на тестиси.[20] Неговите тумори на мозокот биле отстранети преку операција и било пронајдено дека содржело раширени некрози.[21]

Последната хемотерапија ја примил на 13 декември 1996. Во февруари 1997 бил прогласен за здрав, но кратко потоа неговиот договор со Кофидис бил раскинат. Поранешниот шеф на Субару Монтгомери му понудил договор со американската екипа Тим УС Постал за плата од 200.000 долари годишно. До јануари 1998, Армстронг веќе започнал со сериозно тренирање и се преселил во Европа со неговата екипа.[20]

УС Постал/Дискавери

уреди

Пред неговата терапија против ракот, Армстронг имал освоено две етапи на Тур де Франс. Во 1993 ја освоил осмата етапа и во 1995 ја освоил етапата 18 во чест на колегата Фабио Казартели, кој паднал и умрел на етапата 15. Армстронг се повлекол од Тур де Франс 1996 по петтата етапа откако се разболел, неколку месеци пред неговата дијагноза.

 
Армстронг завршил трет во Сет, преземајќи ја жолтата маичка на ГП Миди Либре.

Враќањето на Армстронг започнало во 1998 откако завршил четврти на Вуелта а Еспања. Во 1999, победил на Тур де Франс, како и на четири етапи. Разликата со второпласираниот, Алекс Циле, била седум минути и 37 секунди. Меѓутоа, отсуството на Јан Улрих (повреда) и Марко Пантани (обвинувања за допинг) значело дека Армстронг не се докажал себеси против најголемите имиња. Етапните победи биле на прологот, етапата осум, поединечен хронометар, алпската етапа на деветтата етапа и вториот поединечен хронометар на етапата 19.

Во 2000, Улрих и Пантани се вратиле и го предизвикале Армстронг. Трката што го започнала шестгодишното соперништво помеѓу Улрих и Армстронг, завршила со победа за Армстронг од шест минути и две секунди пред Улрих. Армстронг освоил една етапа на Тур де Франс 2000, вториот поединечен хронометар на етапата 19. Во 2001, Армстронг повторно победил, победувајќи го Улрих за шест минути и 44 секунди. Во 2002, Улрих не учествувал поради суспензија и Армстронг победил со седум минути разлика пред Јосеба Белоки.

 
Армстронг вози на прологот на Тур де Франс 2004

Шаблонот се повторил во 2003, Армстронг го зазел првото место, а Улрих второто. Само една минута и секунда ги делела обајцата на крајот на последниот ден во Париз. УС Постал го освоиле екипниот хронометар на четвртата етапа, додека Армстронг ја освоил етапата 15, и покрај тоа што отпаднал на искачувањето Луз Ардиден, последното искачување, кога удрил во торба на гледач. Улрих го чекал, покажувајќи го својот спортски ферплеј.[22]

Во 2004, Армстрон завршил прв, шест минути и 19 секунди пред Германецот Андреас Кледен. Улрих бил четврти, со дополнителни две минути и 31 секунда зад Кледен. Армстронг освоил дури пет поединечни етапи и остварил победа на екипниот хронометар. Станал првиот велосипедист по Џино Бартали во 1948, кој освоил три последователни планински етапи, остварувајќи го овој подвиг на етапите 15, 16 и 17.

Поединечниот хронометар на етапата 16 до Алп д’Ез го освоил со стил откако го поминал Иван Басо при своето возење, иако тргнал зад него. Ги освоил спринтерските завршници пред Басо на етапите 13 и 15 и направил значаен скок во последните 250 метри и го поминал Кледен на целта на етапата 17. Го освоил поединечниот хронометар на етапата 19, со што го заокружил својот личен рекорд по број на етапни победи.

 
Армстронг во жолтата маичка на Тур де Франс 2005.

Во 2005, Армстронг бил поразен од Дејвид Забриски на хронометарот на првата етапа за две секунди, иако го поминал Улрих при неговото возење. Неговата екипа Дискавери го освоиле екипниот хронометар, додека Армстронг го освоил последниот поединечен хронометар. На планинските етапи, водството на Армстронг било нападнато неколкупати, главно од Иван Басо, но исто така и од членовите на екипата Т-Мобајл, Јан Улрих, Андреас Кледен и Александар Винокуров и поранешниот колега Леви Лајпхајмер. Но сепак, американскиот првак успеал да го одбрани и го задржал водството, дури и го зголемил на некои етапи. Заокружувајќи го неговиот рекорден подвиг, Армстронг ја поминал целта на Шанзелизе на 24 јули за седма последователна победа на Тур, завршувајќи четири минути и 40 секунди пред Басо, додека Улрих завршил на третото место. Уште еден рекорд постигнат истата година бил тој дека Армстронг имал највисоко темпо на трката во нејзината историја: неговата просечна брзина на целата трка била 41,7 километри на час.[23]

На 24 јули 2005, Армстронг го објавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам.[24]

Повторно враќање

уреди

Астана

уреди

Армстронг објавил на 9 септември 2008 дека ќе се врати во професионалниот велосипедизам и изразил желба да учествува на Тур де Франс 2009.[25][26] VeloNews објавил дека Армстронг ќе возел без надомест или бонуси и дека ќе ги објавел неговите резултати од тестирањата на крвта.[26]

 
Армстронг на етапата 17 на Тур де Франс 2009.

Австралиското радио АВС објавило на 24 септември 2008 дека Армстронг ќе настапи на трката Тур Даун Андер. Правилата на UCI гласат дека велосипедист мора да биде во програмата за антидопинг најмалку шест месеци пред настап на некоја трка, но сепак UCI му дозволил на Армстронг да настапи.[27] Морал да се повлече од Вуелта а Кастиља и Леон 2009 во текот на првата етапа поради пад во кој ја скршил клучната коска.[28] Армстронг бил пренесен во Тексас поради операција, која била успешна и се вратил на тренирање четири дена по неговата операција.[29]

На 10 април 2009 испливала контроверза помеѓу француската антидопинг агенција и Армстронг и неговиот менаџер на екипата Јохан Брујнел, поттикната од средбата помеѓу службеник на агенција и Армстронг по неговиот тренинг Боли сур Мер. Кога пристигнал службеникот, Армстронг тврдел дека го прашал и добил дозвола да се истушира додека Брујнел ги проверувал документите на службеникот. На крајот на април, агенцијата објавила дека Армстронг не направил ништо.[30] Армстронг се вратил на трките откако неговата повреда била излечена.[31]

На 7 јули, на четвртата етапа на Тур де Франс 2009, Армстронг за малку не ја освоил жолтата маичка откако неговата екипа Астана го освоила екипниот хронометар. Неговата екипа го освоила хронометарот, но Армстронг доцнел 22 стотинки зад водството на Фабијан Канчелара.[32] Армстронг го завршил Тур де Франс 2009 на третото место, пет минути и 24 секунди зад победникот, неговиот колега Алберто Контадор.

Тим РадиоШек

уреди

На 21 јули 2009, Армстронг објавил дека ќе се врати на Тур де Франс во 2010.[33] РадиоШек бил именуван за главен спонзор на екипата на Армстронг во 2010, која била наречена Тим РадиоШек.[34][35] Во 2010, Армстронг најпрвин настапил на Тур Даун Андер каде завршил 25. од 127 возачи, кои ја завршиле трката. Во Европа, прва трка му била на Вуелта а Мурсија, завршувајќи на седмото место. Армстронг настапил на неколку класици, како Милано-Санремо, Амстел Голд Рејс, Лиеж-Бастон-Лиеж и Трката околу Фландрија, но поради проблеми со гастроентеритис бил принуден да се повлече на три од четири трки.[36]

Армстронг се вратил во САД во средината на април за да настапи на Трката околу Џила и Трката околу Калифорнија, обете трки му биле подготовка за претстојниот Тур де Франс. Меѓутоа, паднал на етапата 5 на Трката околу Калифорнија и морал да се повлече од трката.[37] Покажал одлична форма по заздравувањето, пласирајќи се на второто место на Тур де Свис и трет на Трката околу Луксембург.

На 28 јуни, Армстронг објавил преку Твитер дека настапот на Тур де Франс 2010 ќе биде последно негово појавување на оваа трка.[38] Армстронг прикажал одлична форма на прологот на Тур де Франс, завршувајќи трет, но поради падовите во следните етапи, не можел да се бори за генералниот пласман, особено по сериозниот пад на осмата етапа. На етапата 16 низ Пиринеите заминал во бегство заедно со колегата Крис Хорнер. Последниот Тур го завршил на 23. место, 39 минути и 20 секунди зад поранешниот победсник Алберто Контадор.[39] Исто така, бил клучен помошник за победата на Тим РадиоШек во екипниот хронометар.

Во октомври, објавил дека ќе стави крај на неговата меѓународна кариера по Тур Даун Андер во јануари 2011. Изјавил дека по јануари 2011 ќе вози единствено во САД со домашната екипа РадиоШек.[40]

Армстронг го објавил своето конечно повлекување од професионалниот велосипедизам на 16 февруари 2011, додека се соочувал со сојузната истрага за обвинување за допинг.[41][42]

Физички способности

уреди

Армстронг имал аеробен капацитет од 83,8 mL/kg/min (VO2 max),[43][44] многу повеќе отколку просечен човек (40–50), но помалку отколку некои други победници на Тур де Франс, како Мигел Индураин (88,0, иако постојат докази дека Индураин постигнал 92–94) и Грег Лемонд (92,5).[45] На неговиот врв имал пулс од 32-34 отчукување во минута и максимален пулс од 201 отчукување.[46]

Личен живот

уреди

Армстронг поседува куќа во Остин и Аспен, како и ранч во Тексас.[47] Исто така станал популарен на Твитер со скоро 4 милиони следбеници до јануари 2013.[48]

Врски и деца

уреди

Армстронг ја сретнал Кристин Ричард во јуни 1997. Се венчале на 1 мај 1998 и имале три деца: Лук Дејвид, роден во октомври 1999, и близначките Изабела Роус и Грејс Елизабета, родени во ноември 2001. Бременоста била овозможена преку сперма зачувана три години претходно од страна на Армстронг, пред хемотерапијата и операцијата.[49] Двојката се развела во 2003.[50] На барање на Армстронг, неговите деца долетале за време на церемонијата на Тур де Франс во Париз во 2005, каде Лук му помогнал на неговиот татко да го подигне трофејот, додека неговите ќерки (во жолти фустани) ја држеле маскотата и букетот жолти цвеќиња.[51]

Армстронг започнал врска со пејачката Шерил Кроу кон крајот на 2003.[52] Двојката ја објавила свршувачката во септември 2005, а една година подоцна во февруари 2006 се разделиле.[53] Во март 2007, Армстронг започанл врска со дизајнерката Тори Бурч. Се разделиле во октомври 2007.[54]

Во јули 2008, Армстронг започнал врска со Ана Хансен откако се сретнале за време на добротворната работа на Армстронг. Во декември 2008, Армстронг објавил дека Хансен е бремена со првото дете на двојката. Иако се верувало дека Армстронг не можел да има деца, откако бил подложен на хемотерапија против ракот на тестисите, ова дете било зачнато по природен пат.[55] Нивниот син, Максвел Едвард Армстронг, е роден во 2009 во Аспен. Армстронг го објавил раѓањето преку Твитер.[56] Во април 2010, Армстронг користејќи Твитер, објавил дека ќе го добие своето петто дете. Оливија Мари Армстронг е родена во октомври 2010.[57]

Политика

уреди
 
Претседателот Џорџ Буш и Армстронг заедно возат велосипеди на претседателскиот ранч.

Во статија на The New York Times, колегата Џорџ Хинкапи навестил дека Армстронг можеби ќе се кандидира за гувернет на Тексас по велосипедизмот. Во издание од јули 2005 на списанието Outside, Армстронг најавил дека ќе се кандидира за гувернет, иако „не во 2006“.[58] Армстронг и поранешниот претседател Џорџ Буш, републиканец и Тексашанец, биле пријатели. Буш му се јавил на Армстронг во Франција да му ја честита победата во 2005, додека The Times објавил дека претседателот го поканил Армстронг во неговиот ранч на планински велосипедизам.[59] Во интервју од 2003 со The Observer, Армстронг изјавил: „Тој е личен пријател, но сите ние имаме право да не се согласуваме со нашите пријатели“.[60]

Во август 2005, Армстронг навестил дека го променил мислењето околу политиката. Во интервју со Чарли Роус на PBS на 1 август 2005, Армстронг истакнал дека кандидирањето за гувернер подразбира посветеност, која би го приморала да се повлече од велосипедизмот. Исто така, во август 2005, Армстронг изјавил дека повеќе не се гледа во политиката:

Армстронг бил потпретседавач на комитетот во Калифорнија при носењето на Законот за истражување на рак, мерка одбиена од гласачите во Калифорнија на 5 јуни 2012.[61] Како што било предвидено, мерката требало да собере 500 милиони долари годишно за истражување на ракот, програми против пушењето и такса на тутунската индустрија преку наплаќање на дополнителен данок од еден долар на секој тутунски производ во Калифорнија.[62]

Историја на обвинувањата за допинг

уреди

Во поголем дел од неговата кариера, Армстронг се соочувал со постојани обвинувања за допинг.[63] Армстронг ги демантирал сите такви обвинувања до јануари 2013, често тврдејќи дека никогаш немал позитивен тест во околу 600 тестови кои биле спроведени на него во неговата велосипедска кариера.[64]

Армстронг бил критикуван за неговите одрекувања од искрени противници на допингот како Пол Кимеџ[65][66] и Кристоф Басон.[67][68] Басон бил возач за Фестина во време на скандалот во Фестина и бил единствениот возач во екипата кој користел средства за подобрување на резултатите. Басон напишал голем број статии за француски весник во текот на Тур де Франс 1999, кои станале прирачник за допингот го групата. Понатаму, Армстронг имал кавга со Басон во текот на Тур де Франс 1999 каде Армстронг му рекол на Басон возејќи заедно на Алп д’Ез дека „било грешка тоа што сум зборувал на тој начин и дека го прашал зошто го направил тоа. Јас (Басон) му реков дека мислев на следната генерација возачи. Потоа тој рекол „Зошто не заминеш, тогаш?“[69]

Армстронг ја потврдил приказната. На главните вечерни вести на TF1, национална телевизиска станица, Армстронг изјавил, „Неговите обвинувања не се добри за велосипедизмот, за неговата екипа, за мене, за никој. Ако мисли дека велосипедизмот така функционира, тогаш не е во право и подобро е да оди дома“.[70] Кимеџ, професионален велосипедист во 1980-тите, кој подоцна станал спортски новинар, навел дека Армстронг е „рак во велосипедизмот“.[68] Исто така му поставил прашања на Армстронг во врска со неговото „воодушевување за корисниците на допинг“ на конференција за печат на Трката околу Калифорнија 2009, сакајќи да извлече реакција од Армстронг.[68] Кавгата продолжила и Кимеџ продолжил да пишува за тоа во неговите статии во The Irish Independent.[71]

Армстронг продолжил да го негира користењето на нелегални средства за подобрување на резултатите уште четири години, опишувајќи се себеси како најмногу тестиран спортист во светот.[72] Од неговото враќање во велосипедизмот во есента 2008 до март 2009, Армстронг тврдел дека имал 24 ненајавени допинг тестови од различни анти-допинг власти.[73][74]

Истрага на УСАДА

уреди

Овие обвинување подоцна се покажале точни кога Американската анти-допинг агенција (УСАДА), по обемна и долготрајна истрага, докажала дека Армстронг користел најсовршена и најпрофесионална допинг-програма со која во текот на годините успевал да ги избегне допинг-контролите. Во октомври 2012 година, Американската анти-допинг агенција објавила посебен извештај, напишан на илјада страници во кој е опишан начинот на кој Армстронг се допингувал и ги освојувал своите титули. Притоа, во извештајот се вклучени сведочењата на 26 луѓе, од кои 15 велосипедисти од тимот на "US Postal", кои детаљно објасниле како се ивршувал допингот. Една недела по објавувањето на овој извештај, Меѓународната велосипедска унија официјално му ги одзела на Армстронг седумте освоени титули на "Тур де Франс" и го казнила со доживотна забрана да се занимава со професионален велосипедизам.[75]

Достигнувaња

уреди
1991
1.   Национално јуниорско друмско првенство
1992
1. Етапа 6 Сетимана Бергамаска
1. Етапа 4a Вуелта а Галисија
1. Етапа 2 Тритико Премондијале
1. Гран при Фирст Јунион
1. Краен пласман Класик Фичбург-Лонгсџо
1. Етапа 2
2. Цири-Мецгете
1993
1.   Светско друмско првенство
1.   Национално друмско првенство
1. Етапа 8 Тур де Франс
1. Краен пласман Трка околу Америка
1. Трофео Лаигвелја
1. Класик Трифт Драг
1. Краен пласман Класик Западна Вирџинија
1. Пролог
1. Етапа 1
2. Краен пласман Тур ду Пон
1. Етапа 5
3. Краен пласман Трка околу Шведска
1. Етапа 3
1994
1. Класик Трифт Драг
1. Етапа 7 Тур ду Пон
2. Лиеж-Бастон-Лиеж
2. Класика де Сан Себастијан
1996
1. Краен пласман тур ду Пон
1. Етапа 2
1. Етапа 3b
1. Етапа 5
1. Етапа 6
1. Етапа 12
1. Флеш Валон
2. Лиеж-Бастон-Лиеж
2. Краен пласман Париз-Ница
1998
1. Критериум Спринт 56К
1. Краен пласман Трка околу Рајнската област-Пфалц
1. Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Етапа 1
1. Велосипедски класик Каскада
Поништени резултати од август 1998 па натаму[76]

4. Краен пласман Вуелта а Еспања

1999

1.   Тур де Франс
1. Пролог
1. Етапа 8
1. Етапа 9
1. Етапа 19
1. Пролог Критериум ду Дофине Либере
1. Етапа 4 Рут ду Суд
1. Етапа 4 ITT Сиркут де ла Сарт
2. Амстел Голд Рејс
2000

1.   Тур де Франс
1. Етапа 19 ITT
1. ГП де Насионс
1. ГП Еди Меркс
1. Етапа 3 ITT Критериум ду Дофине Либере
3.   Летни олимписки игри 2000 - Поединечен хронометар
2001

1. Краен пласман   Тур де Франс
1. Етапа 10
1. Етапа 11
1. Етапа 13
1. Етапа 18
1. Краен пласман   Тур де Свис
1. Етапа 1
1. Етапа 8
2. Амстел Голд Рејс
2002

1. Краен пласман   Тур де Франс
1. Пролог
1. Етапа 11
1. Етапа 12
1. Етапа 19
1. Краен пласман   Критериум ду Дофине Либере
1. Етапа 6
1. Краен пласман ГП ду Миди Либре
1. Профронде ван Стипхут
2003

1. Краен пласман   Тур де Франс
1. Етапа 4 (ТТТ)
1. Етапа 15
1. Краен пласман   Критериум ду Дофине Либере
1. Етапа 3 ITT
2004

1. Краен пласман   Тур де Франс
1. Етапа 4 ТТТ
1. Етапа 13
1. Етапа 15
1. Етапа 16 ITT
1. Етапа 17
1. Етапа 19 ITT
1. Краен пласман Трка околу Џорџија
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 5 Тур ду Лангдок-Русијон
1. Етапа 4 ITT Волта ао Алгарве
1. Профронде ван Стипхут
2005

1. Краен пласман   Тур де Франс
1. Етапа 4 ТТТ
1. Етапа 20 ITT
1.   Бодовен пласман Критериум ду Дофине Либере
2008

2. Планинска трка Лидвил 100
1. 12 часа Сноумас
1. Тур де Грине Поединечен хронометар
1. Тур де Грине Екипен хронометар
2009

1. Градски класик Невада
1. Крос-кантри првенства Колорадо
1. Планинска трка Лидвил 100
2. Краен пласман Трка Џила
3. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 4 ТТТ
2010

2. Краен пласман Тур де Свис
3. Краен пласман Трка околу Луксембург
7. Краен пласман Вуелта а Мурсија
Триатлон
2011
5. Американски првенства XTERRA
2012
1. Ајронмен 70,3 Хаваи
1. Ајронмен 70,3 Флорида
3. Ајронмен 70,3 Сен Кроа
7. Ајронмен 70,3 Тексас
2. Ајронмен 70,3 Панама
2. Планинска трка Пауер оф Фор

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2009 2010
  Џиро 11
  Тур СО СО 36 СО 1 1 1 1 1 1 1 3 23
  Вуелта  4 

СО = се откажал; Поништени резултати прецртани.

Белешки

уреди
  1. За возврат на соработката со УСАДА (во текот на нивната истрага во 2012 г.), колегите на Армстронг добиле намалени казни со правилата на ВАДА кои дозволуваат намалување на казните за „значајна соработка“. Армстронг побарал вакво нешто во замена за целосно сведочење. Брајан Куксон од УЦИ рекол дека најверојатно УСАДА нема да се сложи со барањата на Армстронг. Поради тоа, Армстронг одбил да сведочи.

Наводи

уреди
  1. Fotheringham, William (2011). Cyclopedia: It's All about the Bike. Chicago Review Press. стр. 18. ISBN 1-569-76948-6.
  2. Рели, Рик (5 јули 2010). „Armstrong keeps passing tests“. espn.go.com. Посетено на 12 мај 2013.
  3. 3,0 3,1 „Тур де Франс 2009 -22- Ленс АРМСТРОНГ“. Letour.fr. Посетено на 10 ноември 2012.
  4. „Ленс Армстронг“. Посетено на 30 јуни 2012.
  5. „Lance Armstrong Receives Lifetime Ban And Disqualification Of Competitive Results For Doping Violations Stemming From His Involvement In The United States Postal Service Pro-Cycling Team Doping Conspiracy, USADA“. Usada.org. Посетено на 10 ноември 2012.
  6. „Lance Armstrong: USADA report labels him 'a serial cheat'. Bbc.co.uk. 11 октомври 2012. Посетено на 10 ноември 2012.
  7. „Ленс Армстронг: Управното тело го лиши Американецот од победите на Тур“. BBC News. 22 октомври 2012. Посетено на 22 октомври 2012.
  8. Шејн Стоукс (29 декември 2012). „Armstrong's CAS inaction means he loses chance of appeal against doping sanctions“. Velonation.com. Посетено на 2 јануари 2013.
  9. „Lance Armstrong comes clean“. ESPN.com News Services. 17 јануари 2013. Посетено на 18 јануари 2013.
  10. „In Reversal, Armstrong Is Said to Weigh Admitting Drug Use“. New York Times. Посетено на 5 јануари 2013.
  11. „Atty. denies report Lance Armstrong will admit doping“. CBS News. Архивирано од изворникот на 2013-05-30. Посетено на 5 јануари 2013.
  12. „Брајан Куксон од UCI сака Ленс Армстронг да ја каже „целата вистина". The Guardian. 26 септември 2013. Посетено на 3 март 2014.
  13. Циглер, Мартин (14 ноември 2013). „Претседател на УЦИ: Армстронг може да заборави на целосна амнестија за допингот“. Daily Mail. Лондон. Посетено на 3 март 2014.
  14. Rumsby, Ben (7 јануари 2014). „UCI doping inquiry to press on without Lance Armstrong“. The Telegraph. London. Посетено на 4 март 2014.
  15. „Bike Friendly Oak Cliff: BFOC interviews Lance Armstrong's mom, Linda Armstrong Kelly“. bikefriendlyoc.wordpress.com. 20 јули 2009. Посетено на 1 август 2011.
  16. „Потекло на Ленс Армстронг“. Wargs.com. Посетено на 6 јули 2012.
  17. „LanceArmstrong.com“. LanceArmstrong.com.
  18. „Breaking Away: Lance Armstrong of the U.S. is the world cycling champ. Now he's going for an even bigger prize“. Sports Illustrated. 4 јули 1994. Архивирано од изворникот на 2012-08-04. Посетено на 2013-11-06.
  19. Сејмуел Абт (9 октомври 1996). „Армстронг ја откри битката со ракот“. The New York Times. Посетено на 27 јануари 2012.
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 Lance Armstrong, Sally Jenkins: It's Not About the Bike: My Journey Back to Life (ISBN 0-425-17961-3), Putnam 2000.
  21. „The Society of Neurological Surgeons“. Societyns.org. Архивирано од изворникот на 2013-10-21. Посетено на 10 ноември 2012.
  22. Во неговата „Секоја секунда се брои“ Армстронг изразува сомневање дека Улрих всушност го чекал. Изјавува дека Улрих само забавил кога му било кажано да го направи тоа од другите возачи.„Jan Ullrich wird zum "Ritter des Fair Play". Fair play in Sports. Посетено на 5 март 2007.
  23. „Победниците на Тур де Франс и нивните просечни брзини“. Velonews.competitor.com. 24 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2013-11-19. Посетено на 6 јули 2012.
  24. „Армстронг се повлекува“. RoadCyclingUK. Посетено на 17 јули 2010.[мртва врска]
  25. Associated Press преку The Arizona Republic, „Ленс Армстронг ќе се врати на Тур де Франс 2009“.
  26. 26,0 26,1 Вертуно, Џим (10 септември 2008). „Армстронг излезе со повлекување на Тур“. USA Today. Associated Press. Посетено на 23 јули 2012.
  27. „Lance Armstrong given the all clear from UCI for Tour Down Under comeback“. Лондон: The Telegraph. 8 октомври 2008.
  28. „Армстронг ја скрши клучната коска“. BBC News Online. 23 март 2009. Посетено на 23 март 2009.
  29. [1][мртва врска]
  30. Клајв Оливер (25 април 2009). „Ленс Армстронг прогласен за чист од француската анти-допинг агенција“. The Telegraph. Посетено на 23 јули 2012.
  31. „Армстронг се опорави од повредата“. BBC News Online. 28 април 2009. Посетено на 28 април 2009.
  32. „Армстронг го пропушти водството на Тур“. BBC News Online. 7 јули 2009. Посетено на 7 јули 2009.
  33. Макур, Џулиет (21 јули 2009). „Армстронг вели дека ќе се врати за 2010“. The New York Times. Посетено на 22 јули 2009.
  34. Форд, Бони (23 јули 2009). „Source: Lance's team lands sponsor“. ESPN. Посетено на 23 јули 2009.
  35. „Тим РадиоШек 2010“. 23 јули 2009. Архивирано од изворникот на 2009-07-26. Посетено на 23 јули 2009.
  36. Худ, Ендру (29 јануари 2010). „Брујнел потврди дека Армстронг ќе вози на класиците“. Velonews.competitor.com. Посетено на 17 јули 2010.
  37. „Ленс Армстронг во локална болница по падот во Висалија“. 20 мај 2010. Архивирано од изворникот 2010-05-23. Посетено на 20 мај 2010.
  38. „Ленс Армстронг: „Ова ќе биде мојот последен Тур де Франс". Velonews.competitor.com. 28 јуни 2010. Посетено на 17 јули 2010.
  39. „Контадот победи на Тур; Ленс замина“. ESPN. 25 јули 2010. Посетено на 25 јули 2010.
  40. "Lance Armstrong au Tour Down Under" – cyclismactu du 24 октомври 2010
  41. „Ленс Армстронг го потврди повлекување од велосипедизмот“. BBC News Online. 16 февруари 2011. Посетено на 16 февруари 2011.
  42. Макур, Џулиет (16 февруари 2011). „Армстронг се повлекува од велосипедизмот“. The New York Times. Посетено на 16 февруари 2011.
  43. „Колку брзо може да трча Ленс Армстронг на маратон?“. Runner's World. 29 септември 2006. Архивирано од изворникот на 2009-02-17. Посетено на 23 февруари 2009.
  44. „FAQ: VO2 Max“. Running for Fitness. Архивирано од изворникот на 2009-04-18. Посетено на 23 февруари 2009.
  45. „VO2 Max — a Measure of Athletic Fitness“. BBC. 22 јануари 2002. Посетено на 13 август 2006.
  46. The Lance Armstrong Performance Program ISBN 1-57954-270-0
  47. „Armstrong attempts to quell dispute over Hill Country swimming hole“. Associated Press. 25 октомври 2006. Архивирано од изворникот 2007-09-30. Посетено на 25 октомври 2006.
  48. „Ленс Армстронг Твитер“. Twitter. 11 јуни 2010. Посетено на 13 јули 2009.
  49. Руибал, Сал (22 мај 2002). „Преживеан од рак Армстронг прифати нова улога“. USA Today. Посетено на 9 јануари 2008.
  50. Силверман, Стивен М. (9 мај 2006). „Lance's Ex Felt Smothered By Marriage“. people.com. Архивирано од изворникот на 2013-10-22. Посетено на 12 мај 2013.
  51. „Тур де Франс 2005“. cbsnews.com. Посетено на 12 мај 2013.
  52. Мичел, Хјустон (22 јануари 2013). „Sheryl Crow discusses Lance Armstrong's doping admission“. latimes.com. Посетено на 12 мај 2013.
  53. Денис, Алисија (3 февруари 2006). „Ленс Армстронг и Шерил Кроус се разделија“. People. Посетено на 22 јануари 2013.
  54. Силверман, Стивен М. (3 октомври 2007). „Ленс Армстронг Тори Бурч прекинаа“. people.com. Посетено на 12 мај 2013.
  55. Lance Armstrong, Girlfriend, Expecting Baby in June CNN.com, 23 декември 2008
  56. Армстронг, Ленс (4 јуни 2009). „Како е свету? Моето име е...“. Twitter. Посетено на 6 јуни 2009.
  57. Twitter. Twitter. 18 јули 2013.
  58. „Breaking Away“. Outside. 2005. Архивирано од изворникот на 2010-09-19. Посетено на 29 јануари 2008.
  59. Болдвин, Том (18 август 2005). „Can this bike ride be Bush's tour de force?“. The Times. Велика Британија. Архивирано од изворникот на 2007-03-11. Посетено на 9 јануари 2008.
  60. Питер Бомон и Пол Вебстер (6 јули 2003). „Serena got the message, now it's Lance's turn as French cheers become jeers for US stars“. The Observer. Лондон. Посетено на 17 јули 2010.
  61. „CCRA Leadership Team“. Californiansforacure.org. Архивирано од изворникот на 2012-07-28. Посетено на 6 јули 2012.
  62. „Prop 29 – The California Cancer Research Act“. Californiansforacure.org. Архивирано од изворникот на 2012-06-25. Посетено на 6 јули 2012.
  63. Вајсло, Лора (23 август 2012). „Индекс на обвинувањата за допинг на Ленс Армстронг низ годините“. Cyclingnews. Future Publishing Limited. Посетено на 24 август 2012.
  64. „Ленс Армстронг се соочува со животна забрана и загуба на титулите“. Edition.cnn.com. Посетено на 19 јануари 2013.
  65. Кимеџ, Пол (29 јуни 2008). „Countdown to the Tour de France Jonathan Vaughters and his drugsfree team“. The Times. Лондон. Архивирано од изворникот на 2011-09-25. Посетено на 7 мај 2010.
  66. Кимеџ, Пол (29 јули 2007). „They bust the addicts but the dealers ride on“. The Times. Лондон. Архивирано од изворникот на 2008-10-10. Посетено на 7 мај 2010.
  67. Вајтл, Џереми (1 јули 2004). „Armstrong rounds on critics over drugs storm“. The Times. Лондон. Посетено на 7 мај 2010.[мртва врска]
  68. 68,0 68,1 68,2 Слот, Овен (17 февруари 2009). „World in motion cycling divided by Paul Kimmage and Lance Armstrongs cancer row“. The Times. Лондон. Посетено на 7 мај 2010.[мртва врска]
  69. „Le coup de blues de Christophe Bassons – l'Humanite“. Humanite.fr. 17 јули 1999. Посетено на 23 јули 2012.
  70. Cited, L'Équipe, 17 јули 1999.
  71. Big reveal of Cancer Jesus, Irish Independent
  72. „Pound Stunned By Attack“. BBC News Online. 5 март 2004. Посетено на 12 август 2006.
  73. Алберготи, Рид (8 април 2009). „Lance to Drug Tester: Your Papers, Please“. The Wall Street Journal.
  74. „Armstrong outraged by French misbehaviour claims“. Agence France-Presse. 7 април 2009. Архивирано од изворникот 2009-04-11. Посетено на 28 септември 2009.
  75. "Армстронг остана без титулите од Тур", Дневник, година XVI, број 4995, вторник, 23 октомври 2012, стр. 21.
  76. „UCI ја призна одлуката на УСАДА во случајот на Армстронг“. UCI. 22 октомври 2012. Посетено на 13 октомври 2013.

Надворешни врски

уреди