ГЖС „Скопје“
главна железничка станица во Скопје
(Пренасочено од Железничка станица - Скопје)
41°59′27″N 21°26′44″E / 41.99083° СГШ; 21.44556° ИГД
ЖС „Скопје“ | |
---|---|
Поглед на железничката станица од Водно | |
Општи информации | |
Место | Скопје Македонија |
Сопственик | Република Македонија |
Стопанисувач | Македонски Железници - Транспорт |
Перони | 6 |
Колосеци | 10 (6 во функција) |
Поврзана со | ЈСП, САС |
Објект | |
Пристап за инвалиди | да |
Архитект | Кензо Танге |
Архитектонски стил | Брутализам |
Историја | |
Отворена | 27 јули 1981 |
Железничка станица „Скопје“ — дел од комплексот наречен Транспортен центар кој е завршен во 1981 година. Има 10 колосеци поставени на масивен бетонски мост, долг 2 km.[1]
Се наоѓа на помалку од 1 km од центарот на Скопје.
Историја
уредиНа 26 јули 1963, еден од најлошите денови во историјата на Скопје, се случи земјотрес којшто го погоди градот во 5:17 наутро. Речиси 75% од градбите во градот се срушени во тој земјотрес за само неколку секунди.
По земјотресот почнат е проект за голема преизградба на градот, чијшто автор е Кензо Танге, јапонски архитект, но кој не е спроведен во целост. Истиот архитект е автор и на железничката станица.
Наводи
уреди- ↑ „Од изградбата на Железничката станица во Скопје“. Македонска Архитектура. Посетено на 22 јануари 2021.