Меѓународна ракометна федерација

Меѓународна ракометна федерација (англиски: International Handball Federation, IHF или ИХФ) — административно и контролорно тело за ракомет и ракомет на плажа. ИХФ е одговорна за организирање на најголемите меѓународни турнири во ракомет, особено Светското првенство за мажи, кое за првпат било одржано во 1938 година и Светското првенство за жени, кое за првпат било одржано во 1957 година.

Меѓународна ракометна федерација
Лого на федерацијата
Основанајули 11, 1946; пред 78 години (1946-07-11)
Видспортска федерација
СедиштеБазел, Швајцарија
Регионцел свет
Членство201 (полни членки)
4 Associated Members
4 (регионални членки)
Службени јазицианглиски, француски и германски
ПретседателХасан Мустафа
Почесен претседателЕрвин Ланц
1-в заменик претседателЖоел Делпланке
Заменик претседателиБадер Мохамед ел-Тејаб
Мхаел Ведерер
Мансур А. Арему
Главно телоИХФ Конгрес, ИХФ Совет
ПрипадностМеѓународен олимписки комитет,
Сојуз на Летни олимписки меѓународни федерации
Мреж. местоwww.IHF.info

Меѓународната ракометна федерација е основана на 11 јули 1946 година за да ги надгледува меѓународните натпревари. Со седиште во Базел, нејзиното членство вклучува 209 национални федерации. Секоја земја-членка мора да биде членка на една од шесте регионални конфедерации, меѓу кои и Ракометната федерација на Македонија (РФМ).: Африка, Азија, Европа, Северна Америка и Карибите, Океанија и Јужна и Средна Америка. Д-р Хасан Мустафа од Египет е претседател на ИХФ од 2000 година.

Историја

уреди

Во 1928 година, во Хаг (Холандија) била формирана Меѓународната аматерска ракометна федерација (ИАХФ). Во 1933 година, ракометот (11х11) бил признат како олимписки спорт, а три години подоцна, се одржал ракометниот турнир на 11-тата Олимпијада во Берлин. Во финалето, Германија ја совладала Австрија со резултат од 10:6. Во јануари 1938 година, Германија била домаќин на првиот светско првенство (7х7), на кој германската репрезентација повторно победила. Во јули истата година, повторно се одржал 11-тото светско првенство во ракомет (11х11) во Германија, каде повторно победник станала германската репрезентација. Безусловното раководство на Германија во светскиот ракомет се покажало по избувнувањето на Втората светска војна, кога Меѓународната аматерска ракометна федерација под раководство на Третиот Рајх, престанала да постои.

По војната, започнало заживувањето на ракометот и неговата светска структура. На 11 јули 1946 година во Копенхаген (Данска), претставници на осум земји (Данска, Холандија, Норвешка, Полска, Финска, Франција, Швајцарија и Шведска) ја основале Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). Швеѓанецот Еста Бјорк бил избран за прв претседател на новата спортска организација.

Во јуни 1948 година, ИХФ го одржала првото повоено Светско првенство во ракомет (11х11) за мажи, а една година подоцна и за жени. Потоа, на овој вид ракомет се одржале уште 5 светски првенства во машка категорија (до 1966 година) и две женски светски првенства (до 1960 година), по што конечно се воспоставил современиот вид на ракомет, на кој се натпреваруваат 7х7 играчи во затворена сала и со намалени димензии на теренот.

Во јануари 1954 година, Светското првенство за мажи се одржало во Шведска, а во јули 1957 година во Југославија се одржало првото Светско првенство во ракомет за жени по новите правила. Во 1972 година, по пауза од 36 години, ракометот во машка конкуренција повторно бил вклучен во програмата на Олимписките игри кои се одржале во Минхен. Истата година и женскиот ракомет бил вклучен и во програмата на Олимписките игри.

Во периодот од 1971 до 2006 година, се играл Светски ракометен куп во машка конкуренција, а во 2005-2010 година, годишно се одржувал сличен турнир и меѓу жените. Од 1973 година, континенталните федерации започнале да се формираат во структурата на Меѓународната ракометна федерација. Во моментов има 6 од нив: Африканска ракометна конфедерација, Азиска ракометна федерација, Европска ракометна федерација, Панамериканска ракометна федерација, Континентална ракометна федерација на Океанија и Јужна и Средна Америка.

Во 1977 година се одржале првите светски првенства меѓу младинските тимови. Од 2005 година, светските првенства се одржуваат во машка младинска конкуренција, а од 2006 година и во женска младинска конкуренција.

Од почетокот на 21 век, ракометот на плажа активно се шири и станува популарен. Од 2004 година се одржуваат светски првенства на ваков вид ракомет. Ракометот на плажа е вклучен во програмата на Светските игри од 2013 година.

Во моментов, Меѓународната ракометна федерација е една од најбрзорастечките меѓународни спортски федерации. Во 1950 година, таа вклучувала 21 национална асоцијација, во 1972 - 54, во 1980 - 68, во 1988 - 100, а по ХХХIII Конгрес на МХФ, што се одржал во 2011 година, бројот на земји членки на ИХФ пораснал на 176. Денеска, овој број изнесува 178 членки.

Структура

уреди

Закони и управување

уреди

Меѓународната ракометна федерација е со седиште во Базел и е федерација основана според законите на Швајцарија. Врховното тело на ИХФ е Конгрес на ИХФ, собрание составено од претставници од секое здружение на членките. Секоја национална ракометна федерација има по еден глас, без оглед на нејзината големина или сила во ракометот. Конгресот се собира на обична сесија еднаш на две години (необични години) по завршувањето на Светското првенство. Конгресот носи одлуки во врска со регулативите статути на ИХФ и нивниот метод на примена и практика. Само Конгресот може да донесе измени во Статутот на ИХФ. Конгресот го одобрува годишниот извештај и одлучува за прифаќање на нови национални федерации и одржува избори. Конгресот го избира Претседателот на ИХФ, нејзиниот генерален секретар и другите членови на Советот на ИХФ. Советот на ИХФ, со кој претседава Претседателот, е главното тело за одлучување на организацијата во интервалите на Конгресот. Советот е составен од 18 лица: Претседател, 5 Потпретседатели и 12 члена. Советот е тело кое одлучува која држава ќе биде домаќин на Светското првенство. Претседателот и генералниот секретар се главните канцеларии на ИХФ и се одговорни за неговата секојдневна администрација, што ја спроведува Генералниот секретаријат. Д-р Хасан Мустафа е сегашен претседател, назначен во 2000 година на 28-от Конгрес на ИХФ.

Шест конфедерации и 209 национални здруженија

уреди

ИХФ е составена од шест континентални федерации кои организираат континентални првенства што се одржуваат секоја втора година: Африканска ракометна конфедерација, Азиска ракометна федерација, Европска ракометна федерација, Панамериканска ракометна федерација, Континентална ракометна федерација на Океанија и Јужна и Средна Америка. Покрај континенталните натпреварувања меѓу државните репрезентации, федерациите организираат меѓународни турнири помеѓу клупските тимови[1].

До 2017 година, имало пет континентални конфедерации. На 14 јануари 2018 година, Советот на ИХФ ја поделила Панамериканската конфедерација на Северна Америка и Карибите и ракометна конфедерација на Јужна и Средна Америка. Овластувањето за поделба на континентална конфедерација му било доделено на Конгресот на ИХФ, но 36-от Конгрес на ИХФ во 2017 година го овластил Советот на ИХФ да ја подели Панамериканската федерација[2].

Претседатели

уреди
Број Име Земја Период
1. Ёста Бјорк   Шведска 11 јули 1946 – 9 септември 1950
2. Ханс Бауман*   Швајцарија 9 септември 1950 – 9 февруари 1971
Паул Хегберг (привремен претседател)   Шведска 9 февруари 1971 – 23 август 1972
3. Паул Хегберг   Шведска 23 август 1972 – 25 јули 1984
4. Ервин Ланц   Австрија 25 јули 1984 – 26 ноември 2000
5. Хасан Мустафа   Египет 26 ноември 2000 – денес
  • Ханс Бауман починал на 9 февруари 1971 поради болест.

Извршен комитет

уреди
Должност Име
Претседател Хасан Мустафа
1-в заменик претседател Жоел Делпланке
Благајник Ана Рап
Извршни членови Нарциса Лекушану
Франтишек Таборски
Директор Амал Калифа

Комисија

уреди
Комисија Одговорен
Комисија за организирање и натпревари Пер Бертелсен
Комисија за правила на играње и комисија за судии Рамон Галехо
Комисија за обука и методи Дитрих Спате
Медицинска комисија Франсоа Гнамијан
Комисија за развој Раквел Педерцини Марино
Комисија за спортисти Гро Хамерсенг Един
Арбитражна комисија Томислав Граховац
Арбитражен трибунал Зоран Радојиќиќ
Етничка комисија Хусеин Мустафа Фатхи

Турнири

уреди
Светски првенства
Светски првенства (плажа)
Светско клупско првенство
Мулти-спортски настани
Останато

Прваци

уреди

Меѓународни носители на титули

уреди
Натпреварување Шампион во машка конкуренција Шампион во женска конкуренција
Светско првенство   Данска (2019) (1)   Франција (2017) (2)
Олимписки игри   Данска (2016) (1)   Русија (2016) (1)
Првенство на нации во развој   Грузија (2019) (1)
Светско јуниорско првенство   Франција (2019) (2)   Унгарија (2018) (1)
Светско младинско првенство   Египет (2019) (1)   Русија (2018) (3*)
Младински олимписки игри   Словенија (2014) (1)   Јужна Кореја (2014) (1)
Интерконтинентален трофеј на ИХФ   Косово (2019) (1)   Бугарија (2017) (2)
Светско клупско првенство   РК Барселона (2018) (4*)
Светски игри - ракомет на плажа   Бразил (2018) (5)   Грција (2018) (1)
Младински светски игри - ракомет на плажа   Шпанија (2017) (1*)   Унгарија (2017) (1*)

Земји

уреди
Африка Азија Европа Океанија Панамерика
Сениори - мажи   Тунис (2018) (10*)   Катар (2018) (3*)   Шпанија (2018) (1*)   Австралија (2014) (8*)   Аргентина (2018) (7*)
Сениори - жени   Ангола (2018) (13*)   Јужна Кореја (2018) (14*)   Франција (2018) (1*)   Австралија (2018) (8*)   Бразил (2017) (10*)
Континентални игри - мажи   Египет (2015) (7*)   Катар (2014) (1*)   Бразил (2015) (3*)
Континентални игри - жени   Ангола (2015) (6*)   Јужна Кореја (2014) (6*)   Бразил (2015) (5*)
Јуниорски игри - мажи   Египет (2018) (12*)   Јужна Кореја (2018) (3*)   Словенија (2018) (1*)   Австралија (2018) (4*)   Бразил (2017) (6*)
Јуниорски игри - жени   Ангола (2017) (9*)   Јужна Кореја (2017) (14*)   Франција (2017) (1*)   Нова Каледонија (2019) (1*)   Бразил (2018) (9*)
Младински игри - мажи   Египет (2018) (6*)   Бахреин (2018) (2*)   Шведска (2018) (2*)   Нов Зеланд (2018) (2*)   Аргентина (2017) (8*)
Младински игри - жени   Египет (2017) (2*)   Јужна Кореја (2017) (7*)   Германија (2017) (1*)   Нова Каледонија (2019) (1*)   Бразил (2018) (12*)
Јуниорски континентални игри - мажи   Катар (2013) (1*)   Германија (2017) (1*)
Јуниорски континентални игри - жени   Јужна Кореја (2013) (1*)   Унгарија (2017) (1*)
Клупски игри - мажи   РК Замалек (2019) (12*)   РК ел-Нор (2018) (2*)   РК Вардар (2019) (2*)   РК Сиднеј (2019) (8*)   РК Таубате (2018) (5*)
Клупски игри - жени   РК де Агосто (2019) (6*)   Алмати Клуб (2018) (1*)   ЖРК Ѓер Ауди ЕТО (2019) (5*)   РК Квинсленд (2019) (1*)   EC Pinheiros (2017) (1*)
Ракомет на плажа - мажи   Катар (2017) (4*)   Шпанија (2017) (3)   Австралија (2019) (4*)   Бразил (2018) (7*)
Ракомет на плажа - жени   Тајланд (2017) (3*)   Норвешка (2017) (1*)   Австралија (2019) (4*)   Бразил (2018) (4*)
Ракомет на плажа – мажи - јуниори   Тајланд (2016) (1*)   Шпанија (2017)   Австралија (2017) (1*)   Бразил (2017) (1*)
Ракомет на плажа – жени - јуниори   Кина (2016) (1*)   Холандија (2017)   Американска Самоа (2017) (1*)   Аргентина (2017) (1*)

Комбинирана табела за медали

уреди

На оваа табела се прикажани сите медали по земја, на сите меѓународни натпреварувања во ракометната федерација. Оваа табела не вклучува освоени медали на клупско ниво.

МестоЗемјаЗлатоСреброБронзаВкупно
1  СССР207431
2  Русија189229
3  Данска17151143
4  Франција137828
5  Шведска9101029
6  Југославија981229
7  Германија87924
8  Романија831021
9  Норвешка611926
10  Јужна Кореја510924
11  Источна Германија45514
12  Хрватска45312
13  Шпанија37616
14  Египет3126
15  Унгарија210820
16  Чехословачка24410
17  Србија1203
18  Словенија1135
19  Бразил1012
20  Исланд0224
21  Австрија0213
22  Полска0156
23  Холандија0134
24  Бугарија0112
  Црна Гора0112
26  Катар0101
  Литванија0101
  Украина0101
29  Кина0011
  Португалија0011
  Тунис0011
  Швајцарија0011
Вкупно134133133400
  • податоците сè до 27 јануари 2019 година

Членки

уреди

Категорија A

уреди

Категорија B

уреди

Категорија C

уреди

Регионални членки

уреди

Награди

уреди

Федерацијата доделува и награди за организации и поединци во знак на нивните особени придонеси за развој на ракометот и заслуги за федерацијата. Тие се следниве:

  • Трофеј „Ханс Бауман“
  • Значка за заслуги
  • Уверение за заслуги
  • Пехар честа и уверение
  • почесно претседателсктво и почесно членство
  • Олимписки орден
  • Плочка за заслуги
  • Значка на честа за судии
  • Диплома на честа за судии
  • Прстен на честа
  • Светски ракометар на годината

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. „Bylaws“ (PDF). International Handball Federation. September 2007. стр. 7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2 February 2009.
  2. „IHF statement related to Pan-American continent“. IHF. 19 January 2018.