Пабло Емилио Ескобар Гавирија (шпански: Pablo Emilio Escobar Gaviria; 1 декември 19492 декември 1993) — колумбиски нарко-дилер и нарко-терорист. Неговиот картел произвел околу 80% од целото производство на кокаин шверцуван на САД во времетраењето на неговата кариера, со обрт на 21,9 милијарди долари годишно во личен доход.[1][2] Често бил нарекуван „Крал на кокаинот“ поради тоа што претставувал најбогат криминалец во историјата, со проценета нето вредност на меѓу 25 и 30 милијарди долари од почетокот на 1990-тите (еквивалентно на помеѓу околу 48,5 и 56 милијарди во 2017 г.),[3][4] што го прави еден од најбогатите луѓе во светот во неговиот ранг.[5][6]

Пабло Ескобар
Роден 1 декември 1949
Меделин, денес Рионегро
Починал 2 декември 1993(1993-12-02) (возр. 44)
Меделин, Колумбија
Занимање нарко-дилер

Животопис

уреди

Ескобар е роден во Рионегро, Колумбија, израснал во близина Меделин. Тој студирал кратко на Универсидад Аутонома Латиноамерикана во Меделин, но се откажал без диплома; и почнал да се вклучува во криминални активности како продажба на шверцувани цигари и лажни ливчиња за лотарија, а учествувал и во кражби на моторни возила. Во 1970-тите, тој почнал да работи за различни шверцери, при што често киднапирал луѓе за откуп, потоа почна да пренесува и самиот кокаин. Притоа ги заосновал првите шверцерски рути за дрога на територијата на САД.Неговото влијание на пазарот на дрогата во САД се проширило експоненцијално како резултат на зголемувањето на побарувачката на кокаин; и, од 1980-тите, проценето е дека 70 до 80 тони кокаин биле испратени од Колумбија до САД месечно. Неговата дрога мрежа беше попозната како Medellín Картел, која често се натпреварувала со соперничките картелите во земјата и во странство, што резултирало во масакри и убиства на полицајци, судии, локално цивилно население, и истакнати политичари од тоа време.

Во 1982 година, Ескобар бил избран како алтернативен член на Комората на Претставници на Колумбија , како дел од движењето Либерална Алтернатива. Преку тоа, тој е одговорен за изградба на куќи и фудбалски терени во области од западна Колумбија, при што се здобил со огромна популарност меѓу месното население на градовите кои ги посетуваат. Сепак, Колумбија станала водач во однос на убиства во светот, при што Ескобар бил наведен како главен виновник од страна на колумбиската и американската влада. Во 1993 година, Ескобар бил застрелан и убиен во својот роден град од колумбиската национална полиција, еден ден по неговиот 44. роденден.[7][8]

Почетокот на животот

уреди
 
Градот Меделин, каде Ескобар израснал и ја започнал својата криминална кариера.

Пабло Емилио Ескобар Гавириа е роден на 1 декември 1949 година, во Рионегро, во областа Антиокија на Колумбија. Тој бил трет по возраст од седумте деца на земјоделецот Авел Дари Ескобар Ечевери (1910-2001),[9] со неговата сопруга Хемилда де лос Долорес Гавириа Берио,[10] наставничка во основно училиште.[11] Израснат во близина на градот Medellín, Escobar со умисла да ја почнува својата криминална кариера како тинејџер, преку крадење надгробни плочи и препродажба на локалните шверцерите. Неговиот брат, Роберто Ескобар, го негира ова, тврдејќи дека плочите доаѓале од гробните места чии сопствениците престанале да плаќаат за одржување.. Синот на Ескобар, Себастиан Марокин, тврди дека неговиот татко ја започнал својата успешната криминална кариера преку продажба на фалсификувани средношколски дипломи.

Наводи

уреди
  1. „Pablo Escobar Gaviria – English Biography – Articles and Notes“. ColombiaLink.com. Архивирано од изворникот на 8 ноември 2006. Посетено на 16 март 2011.
  2. „Pablo Emilio Escobar 1949 – 1993 9 Billion USD – The business of crime – 5 'success' stories“. MSN. 17 јануари 2011. Архивирано од изворникот на 14 јули 2011. Посетено на 16 март 2011.
  3. „10 facts reveal the absurdity of Pablo Escobar's wealth“. Business Insider. Посетено на 2018-07-28.
  4. „Here's How Rich Pablo Escobar Would Be If He Was Alive Today“. UNILAD (англиски). 2016-09-13. Архивирано од изворникот на 2018-07-29. Посетено на 2018-07-28.
  5. „10 facts reveal the absurdity of Pablo Escobar's wealth“. businessinsider.com. February 2016.
  6. Page 469, Pablo Escobar, My Father. Escobar, Juan Pablo. St. Martin's Press, New York. 2014.
  7. „Decline of the Medellín Cartel and the Rise of the Cali Mafia“. U.S. Drug Enforcement Administration. Архивирано од изворникот на 18 January 2006. Посетено на 13 February 2010.
  8. „Familiares exhumaron cadáver de Pablo Escobar para verificar plenamente su identidad“. El Tiempo.[мртва врска]
  9. „Abel de Jesús Escobar Echeverri“. Geni.
  10. „Hermilda Gaviria Berrío“. Geni.
  11. Marcela Grajales. „Pablo Escobar“. Accents Magazine. Kean University. Архивирано од изворникот на June 19, 2011. Посетено на 13 February 2010.

Надворешни врски

уреди