Дахомеј

поранешно кралство во денешен Бенин

Кралство Дахомеј (фр. Dahomey) ― западноафриканско кралство кое се наоѓало во денешен Бенин, и кое постоело од почетокот на 17-ти век до 1904 година. Кралството на почетокот се протегало на висорамнината Абомеј, а во 18 век по освојувањето на градот Вајда, се проширило на југ до брегот на Атлантскиот Океан, со што добило непречен пристап до триконтинентална триаголна трговија.

Кралство Дахомеј
Знаме
Местоположба на Дахомејско Кралство
Главен градАбомеј
Демоним Дахомејци
Уредување Монархија

Кон средината на 19 век, откако претходно го поразила соперничкото Царство Ојо, Кралството Дахомеј станало клучна регионална држава.[1] Тоа станало една од најпознатите африкански држави за Европејците.[2] Кралството Дахомеј било важна регионална сила со организирана домашна економија заснована на освојувачки и ропски труд,[3] значајни меѓународни трговски и дипломатски односи со Европејците, централизирана администрација, даночен систем и организирана војска. Кралството е прочуено по значајните уметнички дела, воената единица составена од исклучиво женски војници Дахомски амазонки, и разработените водунски религиозни практики.[4]

Подемот на Дахомеј се совпаѓа со порастот на трговијата со робови преку Атлантикот, а Дахомеј за Европејците бил познат како главен снабдувач на робови.[2] Дахомеј често војувал против соседните држави, а соперништвото најчесто се однесувало на регионална доминација во трговијата со робови преку Атлантикот во замена за европски стоки како: пушки, барут, ткаенини, тутун, лулиња и алкохол.[5][6] Непродадените заробеници станувале робови во Дахомеј, каде што работеле на кралски плантажи [7] или биле жртвувани за време на религиозниот фестивал познат како Годишни обичаи во Дахомеј.[8]

Во 1840-тите, Дахомеј почнал да се соочува со британски притисок за укинување на трговијата со робови, при што британската кралска морнарица наметнала поморска блокада на кралството и патролирала во близина на брегот за да ја спречува трговијата.[9] Дахомеј подоцна почнал да ги чувствува територијалните претензии на Франција и како резултат на тоа во 1890 година избувнала Првата француско-дахомејска војна. Војната завршила со победа на Франција. Кралството пропаднало во 1894 година кога последниот крал, Беханзин, бил поразен во Втората француско-дахомејска војна, по што земјата како колонија Француски Дахомеј била припоена кон Француска Западна Африка.

Историја

уреди

Кралството Дахомеј било основано околу 1600 година од народот Фон кои неодамна ја населиле областа. За прв крал на Дахомеј се смета за Хуегбаџа (околу 1645–1685), кој ги изградил кралските палати во Абомеј и почнал да напаѓа и зазема градови вон висорамнината Абомеј.[10]

Кралеви на Дахомеј

уреди
Крал Почеток на владеење Крај на владеење
До-Аклин (Ганихесу) ≈1600 1620 година
Дакодону 1620 година 1645 година
Хуегбаџа 1645 година 1680 година
Акаба 1680 година 1708 година
Агаџа 1708 година 1740 година
Тегбесу 1740 година 1774 година
Кпенгла 1774 година 1789 година
Агонгло 1790 година 1797 година
Адандозан 1797 година 1818 година
Гуезо (Гезо/Гезо) 1818 година 1858 година
Глеле 1858 година 1889 година
Беханзин 1889 година 1894 година
Аголи-агбо 1894 година 1900 година

[11]

 
„Жртвување жртви“ – од Историјата на Дахоми, внатрешно африканско кралство, 1793

Владеењето на Агаџа (1708–1740)

уреди

Кралот Агаџа, внук на Хуегбаџа, станал крал во 1708 година и започнал значително да го проширува Кралството Дахомеј. Кралството успеало да се прошири поради супериорната воена сила со која располагал кралот Агаџа. Дахомеј имал своја професионална постојана армија од околу десет илјади војници.[12] Во 1724 година, Агаџа го освоил градот Алада, од каде што според усните преданија потекнувало кралското семејство, а во 1727 година го освоил и кралството Вајда. По проширувањето на кралството, особено долж брегот на Атлантскиот Океан, тоа станало регионална сила. Поради ова, од 1728 до 1740 година Кралството Дахомеј речиси постојано бил во војна со другата поголема регионална држава, Царството Ојо.[13] Војната завршила со тоа што Дахомеј станал вазална држава на Ојо.[2]

Владеењето на Тегбесу (1740–1774)

уреди

Тегбесу бил крал на Дахомеј од 1740 до 1774 година. Тегбесу иако не бил најстар син на кралот Агаџа (1708–1740), успеал да го победи брата си во борбата за наследување на престолот. Тегбесу се обидел да го зголеми својот легитимитет врз новоосвоените територии и народи. Затоа, на Тегбесу често му се припишуваат многу административни промени во кралството.

За време на владеењето на Тегбесу значително се зголемила трговијата со робови и таа сочинувала најголем дел од приходите за кралот.

Владеење на Гезо (1818-1859)

уреди

По доаѓањето на власт кралот Гезо во 1818 година, тој се соочил со два големи проблема: Кралството Дахомеј било политички и финансиски нестабилно.[14] Затоа се обидел да стекне политичка независност преку отстранување на вазалниот статус кон јорупското царство Ојо. Исто така, тој требало да ја ревитализира економијата на Дахомеј.[14] Овие цели се потпирале на трговијата со робови. Кралот Гезо вовел нови воени стратегии, кои му помогнале на кралството да се спротивстави на Ојо, кое исто така му бил главен конкурент во трговијата со робови. Тој исто така донел одредби за трговијата со робови. Со новите одредби Дахомеј требало да се насочи на заробување на нивните непријатели и да ги продава како робови. Кралот Гезо се обидел својот народ да го насочи кон „легитимната“ трговија со палмино масло.[14]

Во1827 г., Дахомеј успеал да го сруши Царството Ојо, и да се ослободи од долгогодишното вазалство. Во 1830, побарувачката во Бразил за робови се зголемила, но речиси истовремено Британија започнала кампања за аболиција на трговијата со робови во Африка. Британската влада, во 1840-тите, силно го притискала кралот Гезо да ја прекине трговијата со робови во Дахомеј. Но, Гезо одговорил дека не може да ја прекине трговијата поради внатрешен притисок. Тој им објаснил дека целиот регион станал зависен од трговијата со робови, и ако веднаш прекине со тоа, тоа ќе го дестабилизира неговото кралство и ќе доведе до анархија. Кралот Вилијам Дапа Пепл од Бони и кралот Косоко од Лагосго имале ист став кон британските барања. Наместо тоа, кралот Гезо предложил проширување на трговијата со палмино масло и постепено укинување на трговијата со робови.[14]

Владеењето на кралот Гезо беше било проследено со многу битки и значајни промени во империјата, меѓу што било и формирањето на Агоџије. Овие „Дахомејски амазонки“ биле клучни за поразот на Царството Ојо. За време на неговото владеење, исто така, Кралството Дахомеј се зацврстило како едно од најмоќните африкански кралства кое се спротивставило на британските обиди народот да ја прими христијанската религија и тие ја задржале својата традиционална религија, позната како водун. Гезо го укинал религиозното жртвување на робовите и ја укинал смртната казна за одредени помали престапи, како прељуба.

Крај на кралството

уреди
 
Споредба на Африка во 1880 и 1913 година

Кралството Дахомеј се борело против Франција во Првата француско-дахомејска војна и Втората француско-дахомејска војна. По војните територијата на кралството била намалена, а во 1894 г. станало француски протекторат.[15]

Во 1904 година, територијата на кралството станала дел од француската колонија, Француски Дахомеј.

Во 1958 година, Францускиот Дахомеј станал самоуправна колонија под името Република Дахомеј, а во 1960 г. добила целосна независност. Во 1975 година, републиката била преименувана во Народна Република Бенин, а во 1991 година во Република Бенин.

Современа историја

уреди

Денес, кралството постои како конститутивна монархија во рамките на Бенин. Според уставот на Бенин неговите владетели немаат официјална моќ, но сепак поседуваат одредено политичко и економско влијание.[16][17] Современите кралеви учествуваат на важни верски водунски фестивали и други традиционални церемонии.[18]

Надворешни односи

уреди
 
Приемот на Ах-Хаусо-Но-Бех во Абомеј нацртан од Фредерик Е. Форбс во 1851 година

Односите на Дахомеј со другите земји биле сложени и под силно влијание на трансатлантската трговија со робови.

Бразил

уреди

Во 1750 година, Кралството Дахомеј испратило дипломатска делегација во Бразил, додека Бразил сè уште бил дел од Португалското Царство, за да ги зајакне дипломатските односи по инцидентот што довел до протерување на португалско-бразилските дипломатски власти во 1743 година. Дахомеј имал економски интереси за одржување на овие односи, „да се изградат поблиски врски со португалските колонијални власти и купувачите на робови кои живеат во Бразил, и да овозможи понатамошно купување робови од Дахомеј а не од соперничките кралства“.[19] Дахомеј бил првата држава која ја признала независноста на Бразил во 1822 година [20]

Франција

уреди
 
Во 1894 година, последниот крал на Дахомеј, Беханзин, му ја предаде својата личност на Алфред-Амеде Додс.

Во 1840-тите, Дахомеј почнал да се соочува со намалување на британскиот притисок за укинување на трговијата со робови, во која британска кралска морнарица наметнала поморска блокада на кралството и патролирала во близина на брегот за да ја спречува трговијата.[9] Дахомеј, исто така, ослабнал откако не успеал да ги нападне и зароби робовите во Абеокута, јорупски град-држава основана од бегалците од Царството Ојо кои се преселиле на југ.[21] Дахомеј подоцна почнал да ги чувствува територијалните претензии на Франција и како резултат на тоа во 1890 година избувнала Првата француско-дахомејска војна. Војната завршила со победа на Франција. Кралството пропаднало во 1894 година кога последниот крал, Беханзин, бил поразен од Франција во Втората француско-дахомејска војна, по што земјата како колонија Француски Дахомеј била припоена кон Француска Западна Африка.

Португалија

уреди

Португалската тврдина во Уида била уништена од дахомејската војска во 1743 година додека тие го освојувале градот, па кралот Тегбесу сакал да ги обнови односите со Португалија.[22] Дахомеј барем пет пати праќал дипломати во Португалија и Бразил (во 1750, 1795, 1805, 1811 и 1818 година) за да преговараат за условите на трговијата со робови преку Атлантикот. Португалската круна ги платила трошоците за патување и сместување на амбасадорите на Дахомеј, кои патувале до Лисабон и Салвадор. Амбасадите од 1805 и 1811 година донеле писма од кралот Адандозан, кој ги затворил португалските поданици во главниот град на Дахомеј, Абомеј и барал Португалија да тргува исклучиво во Уида. Португалија ветила дека ќе одговори на неговите барања доколку ги ослободи затворениците.[22]

Обединето Кралство

уреди

Дахомеј бил главна мета на британската кампањата против ропството во текот на 19 век.[23] Британците испратиле дипломатски мисии во Дахомеј за да го убедат кралот Гезо да ги укине жртвувањето луѓе и трговијата со робови. Гезо не се согласи веднаш на британските барања, туку се обидел да одржува пријателски односи со Британците преку поттикнување на нова трговија со палмино масло.[24] Во 1851 година, Кралската морнарица вовела поморска блокада против Дахомеј, принудувајќи го Гезо во 1852 година да потпише договор според кој веднаш се укинува извозот на робови. Сепак, договорот бил прекршен и трговијата со робови продолжила во 1857 и 1858 година.

Соединети Американски Држави

уреди

За време на Американската револуција, Обединетите колонии ја забраниле меѓународната трговија со робови.[25] По стекнувањето на независност, американскиот претседател Томас Џеферсон во 1807 година го потпишал Законот за забрана на увоз на робови. Така, САД не воспоставиле официјални дипломатски односи со Кралството Дахомеј. Сепак, последниот познат брод со робови што пловел кон САД тајно и нелегално увезол група од 110 робови од Дахомеј. Во весникот The Tarboro Southerner на 14 јули 1860 година била објавена статија за ова.

Јоруба

уреди

Царството Ојо често војувало со Кралството Дахомеј и Дахомеј бил вазал на Ојо од 1732 до 1823 година. Градот-држава Порто Ново, под заштита на Ојо, и Дахомеј биле во долгогодишно соперништво најчесто за контрола на трговијата со робови долж брегот. Подемот на Абеокута во 1840-тите создало друга сила која му се спротивставила на Дахомеј, претежно преку безбедно засолнување на луѓето од трговијата со робови.[26]

Војска

уреди

Војската на Кралството Дахомеј била поделена на две единици: десна и лева. Десната била под контрола на миганот, а левата од меху. Најмалку од времето на Агаџа, кралството имало своја постојана војска која која секогаш логорувала во близина на кралот. Војниците во армијата биле регрутирани на возраст од седум или осум години, и рво служеле како штитници за редовните војници. По долгогодишно стажирање и воено искуство, им било дозволено да се приклучат на армијата како редовни војници. Секој војник добивал бонуси исплаќани во гранати за секој непријател што ќе го убие или зароби во битка. Ваквата комбинација на целоживотно воено искуство и парични стимулации овозможило создавање на кохезивна и дисциплинирана војска.[12] Армијата се состоела од 15.000 војници поделени на десна, лева, централна единица и резервни војници; а секоја од нив понатаму била поделена на чети и водови.[27]

Дахомски Амазонки

уреди
 
Дахомски женски војници

Дахомеј бил прочуен по својот корпус од исклучиво женски војници.[28]

Тие биле оформени околу 1729 година за да ја надополнат војската и да ја направат редовната војска да изгледа побројна пред битка, и биле вооружени само со транспаренти. Жените, наводно, се однесувале толку храбро што подоцна станале постојан корпус. На почетокот, тие биле криминалци кои наместо да бидат погубени биле регрутирани во војската. На крајот, сепак, корпусот станал доволно почитуван што кралот Гезо му наредил на секое семејство да му ги испрати своите ќерки, а најдобрите биле избрани за војници.

Религија

уреди

Кралството Дахомеј често учествувало во религиозни ритуали со околните народи; но сепак, развило и свои оригинални церемонии, верувања и религиозни приказни за кралството. Меѓу нив се обожавањето на кралските предци и карактеристичните водунски практики на кралството.

Обожување на кралските предци

уреди

Раните кралеви вовеле обожавање на кралските предци и во нивна чест се одржувале церемонии на Годишните обичаи во Дахомеј. Духовите на кралевите биле возвишени во земјата на мртвите и од нив се барало дозвола за многу активности на земјата.[29] Обожувањето на предците постоело и претходно во Кралството Дахомеј; сепак, за време на кралот Агаџа, бил создаден циклус на ритуали насочен прво на славење на предците на кралот, а потоа на славење на семејната лоза.[30]

Годишните обичаи на Дахомеј (xwetanu или huetanu на јазикот на народот Фон) опфаќале повеќе компоненти, а некои аспекти можеби биле додадени во 19 век. Општо земено, прославата вклучувала делење подароци, човечки жртви, воени паради и политички совети. Главен религиозен аспект бил да се понуди благодарност и да добие одобрение од предците на кралската лоза.[30] Меѓутоа, на Годишните обичаи имало воени паради, јавни расправи, давање подароци (делење пари за и од кралот) и човечки жртви и пролевање крв.[30]

Човечките жртви биле важен дел од ритуалот. За време на Годишните обичаи биле жртвувани 500 заробеници. Освен тоа, кога ќе умрел некој владетел, биле жртвувани стотици до илјадници затвореници. Во 1727 година, англиски трговец тврдел дека бил сведок на масакрот на 400 луѓе во Дахомеј за време на водунска церемонија.[31][32] Често се наведува дека се жртвувале и 4.000 луѓе.[4][31] Меѓутоа, човечката жртва честопати била преувеличена од страна на современите западни автори против аболиционистите, кои се обидувале да ја оправдаат континуираната потреба за ропство како средство за „спасување“ на Африканците од полошата судбина во Дахомеј.[33]

Дахомејска космологија

уреди

Дахомеј имал уникатна форма на западноафрикански водун кој ги поврзувал веќе постоечките анимистички традиции и водунските практики. Усните преданија наведуваат дека Хванџиле, сопругата на Агаџа и мајка на Тегбесоу, го донела водунот во кралството и го распространила. Врховно божество е дуалниот Маву-Лиза (Маву има женски карактеристики а Лиза има машки карактеристики) и се тврди дека овој бог го презел светот кој го создала нивната мајка Нана-Булуку.[29] Маву-Лиза управува со небото, но другите богови се на земјата и во громот. За секој бог и за секој различен пантеон (небо, земја или гром) имало различни свештенства и светилишта. Жените сочинувале значителен дел од свештеничката класа, а главниот свештеник морало да биде потомок на Дакодону.[10]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Heywood, Linda M.; John K. Thornton (2009). „Kongo and Dahomey, 1660–1815“. Во Bailyn, Bernard & Patricia L. Denault (уред.). Soundings in Atlantic history: latent structures and intellectual currents, 1500–1830. Cambridge, MA: Harvard University Press.
  2. 2,0 2,1 2,2 Law, Robin (July 1986). „Dahomey and the Slave Trade: Reflections on the Historiography of the Rise of Dahomey“. The Journal of African History (англиски). 27 (2): 237–267. doi:10.1017/S0021853700036665. ISSN 1469-5138.
  3. Polanyi, Karl (1966). Dahomey and the Slave Trade: An Analysis of an Archaic Economy. Seattle: University of Washington Press.
  4. 4,0 4,1 R. Rummel (1997)"Death by government". Transaction Publishers. p. 63. ISBN 1-56000-927-6 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Death by government“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. „The women soldiers of Dahomey pedagogical unit 1 | Women“.
  6. „Dahomey | historical kingdom, Africa | Britannica“. www.britannica.com (англиски).
  7. „Dahomey | historical kingdom, Africa | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 2022-09-22.
  8. Law, Robin (July 1986). „Dahomey and the Slave Trade: Reflections on the Historiography of the Rise of Dahomey“. The Journal of African History (англиски). 27 (2): 237–267. doi:10.1017/S0021853700036665. ISSN 1469-5138.
  9. 9,0 9,1 Law, Robin (1997). „The Politics of Commercial Transition: Factional Conflict in Dahomey in the Context of the Ending of the Atlantic Slave Trade“ (PDF). The Journal of African History. 38 (2): 213–233. doi:10.1017/s0021853796006846. Архивирано од изворникот (PDF) на September 21, 2017. Посетено на April 20, 2018. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  10. 10,0 10,1 Bay, Edna (1998). Wives of the Leopard: Gender, Politics, and Culture in the Kingdom of Dahomey. University of Virginia Press. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Bay-1998“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  11. Houngnikpo, Mathurin C.; Decalo, Samuel, уред. (2013). Historical Dictionary of Benin. The Scarecrow Press, Inc. стр. 131. ISBN 978-0-8108-7373-5.
  12. 12,0 12,1 Harms, Robert (2002). The Diligent. New York: Basic Books. стр. 172. ISBN 0-465-02872-1. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Harms“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  13. Alpern, Stanley B. (1998). „On the Origins of the Amazons of Dahomey“. History in Africa. 25: 9–25. doi:10.2307/3172178. JSTOR 3172178.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 Adeyinka, Augustus A. (1974). „King Gezo of Dahomey, 1818-1858: A Reassessment of a West African Monarch in the Nineteenth Century“. African Studies Review. 17 (3): 541–548. doi:10.2307/523800. JSTOR 523800. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:1“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  15. Newbury, C. W. (1959). „A Note on the Abomey Protectorate“. Africa. 29 (2): 146–155. doi:10.2307/1157517. JSTOR 1157517.
  16. „Ancestral king of Dahomey married to 41 wives dies at 84“. Punch Newspapers (англиски). 2018-07-03. Посетено на 2022-09-01.
  17. „Benin mourns death of ancient kingdom's monarch“. RFI (англиски). 2021-12-23. Посетено на 2022-09-01.
  18. „Le roi d'Abomey a tiré sa révérence“. Le Monde.fr (француски). 2018-07-05. Посетено на 2022-09-01.
  19. Tadeu Arantes, José. „Study highlights the role of diplomatic relations between Dahomey and Brazil in the slave trade“. AGÊNCIA FAPESP (англиски).
  20. Macedo, José Rivair (2019-03-21). „The Embassy of Daomé in Salvador (1750): Diplomatic Protocols and the Political Affirmation of a State in Expansion in West Africa“. Revista Brasileira de Estudos Africanos (англиски). 3 (6). doi:10.22456/2448-3923.86065. ISSN 2448-3923.
  21. Akintoye, Stephen (2010). A history of the Yoruba people. Amalion Publishing. стр. 300–303. ISBN 9782359260069.
  22. 22,0 22,1 Araujo, Ana Lucia (1 March 2012). „Dahomey, Portugal and Bahia: King Adandozan and the Atlantic Slave Trade“. Slavery & Abolition. 33: 1–19. doi:10.1080/0144039X.2011.604562.
  23. Law, Robin (1986). „Dahomey and the Slave Trade: Reflections on the Historiography of the Rise of Dahomey“. The Journal of African History. 27 (2): 237–267. doi:10.1017/S0021853700036665. ISSN 0021-8537. JSTOR 181135.
  24. Law, Robin (1997). „The Politics of Commercial Transition: Factional Conflict in Dahomey in the Context of the Ending of the Atlantic Slave Trade“. The Journal of African History. 38 (2): 213–233. doi:10.1017/S0021853796006846. ISSN 0021-8537. JSTOR 182822. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  25. Finkelman, Paul (2007). „The Abolition of The Slave Trade“. New York Public Library. Посетено на 25 June 2014.
  26. Yoder, John C. (1974). „Fly and Elephant Parties: Political Polarization in Dahomey, 1840–1870“. The Journal of African History. 15 (3): 417–432. doi:10.1017/s0021853700013566.
  27. Kea, R. A. (1971). „Firearms and Warfare on the Gold and Slave Coasts from the Sixteenth to the Nineteenth Centuries“. The Journal of African History. 12 (2): 185–213. doi:10.1017/S002185370001063X. ISSN 0021-8537. JSTOR 180879.
  28. Dash, Mike (September 23, 2011). „Dahomey's Women Warriors“. Smithsonian Magazine. Посетено на February 4, 2018.
  29. 29,0 29,1 Herskovits, Melville J. (1967). Dahomey: An Ancient West African Kingdom (Volume I. изд.). Evanston, IL: Northwestern University Press. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Herskovits (Vol. I)“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  30. 30,0 30,1 30,2 Monroe, J. Cameron (2011). „In the Belly of Dan: Space, History, and Power in Precolonial Dahomey“. Current Anthropology. 52 (6): 769–798. doi:10.1086/662678. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Monroe“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  31. 31,0 31,1 Nunoo, Ama (2019-10-15). „A look at Dahomey's gory history of human sacrifices on a large scale“. Face2Face Africa (англиски). Посетено на 2022-09-21.
  32. Magazine, Smithsonian; Solly, Meilan. „The Real Warriors Behind 'The Woman King'. Smithsonian Magazine (англиски). Посетено на 2022-09-21.
  33. Sonderegger, Arno (2018). „Thoughts on Two 18th Century Histories of Dahomey relating to the Anti-Slavery Debate“. Stichproben: Vienna Journal of African Studies (35): 86–89.

Дополнителна литература

уреди
  • Alpern, Stanley B. (1999). Amazons of Black Sparta: The Women Warriors of Dahomey. New York: New York University Press. ISBN 0814706789. In-depth description of the fighting methods of these warriors.
  • Bay, Edna G. (1999). Wives of the Leopard: Gender, Politics, and Culture in the Kingdom of Dahomey. Charlottesville: University of Virginia Press. ISBN 978-0813917924. A historical study of how royal power maintained itself in Dahomey. Bay and Alpern disagree in their interpretation of the women warriors.
  • Bay, Edna G. (2008). Asen, Ancestors, and Vodun: Tracing Change in African Art. Champaign: University of Illinois Press. ISBN 978-0252032554. Dahomean artistic and cultural history seen through the development (up to the present) of a single ceremonial object, the Asen.
  • Law, Robin (2004). Ouidah: The Social History of a West African Slaving 'Port', 1727–1892. Athens: Ohio University Press. ISBN 978-0821415726. An academic study of the commercial role of Ouidah in the slave trade.
  • Mama, Raouf (1997). Why Goats Smell Bad and Other Stories from Benin. North Haven, CT: Linnet Books. ISBN 0208024697. Folktales of the Fon people, including legends of old Dahomey.
  • Pique, Francesca; Leslie H. Rainer (2000). Palace Sculptures of Abomey: History Told on Walls. Los Angeles: Getty Publications. ISBN 978-0892365692. Ilustrated volume describing the royal palace in Abomey and its bas-reliefs, with a lot of information on the cultural and social history of Dahomey.
  • Thornton, John Kelly (1999). Warfare in Atlantic Africa, 1500–1800. Psychology Press. ISBN 978-1857283921.

Надворешни врски

уреди