Родољубивост

посветеност на татковината
(Пренасочено од Патриот)

Родољубивост (или родољубие, патриотизам) — поим со кој се означува позитивно чувство и поддржувачки став спрема „татковината“ (латински: patria) од страна на поединци или групи. „Татковината“ (или домовина, родбина) може да биде една област или град, но родољубивоста вообичаено се однесува на народ или нација или држава. Родољубивоста подразбира ставови како: гордост за достигнувањата и културата, желбата за зачувување на карактерот и основата на културата и себепронаоѓање со другите членови на нацијата. Родољубивоста е тесноповрзана (иако воопшто не истоветна на) со национализмот и често се користи како негов синоним. Строго кажано, национализмот е идеологија, но често се разбира како посакуван и соодветен родољубив став (и националистичките политички движења и родољубивоста можат да бидат непријателски настроени спрема туѓите татковини).

Одбраната на татковината е дел од родољубивоста: статуа во Париз, споменик за студентското вмешување во одбраната на Франција во 1814 година.

Родољубивоста има етичка конотација: кажува дека татковината (било како и да се дефинира тој поим) е морален стандард или самиот е морална вредност. Исто така кажува дека поединецот треба да ги стави интересите на нацијата пред личните интереси или интересите на одредена група или партија. За време на војна, жртвата може да прерасне и до пожртвување на сопствениот живот. Смрт во битка за татковината е коренит тип на крајна родољубивост.

Патриотизмот како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Патриотизмот како тема во музиката

уреди
  • „Патриот“ (англиски: Patriot) - песна на британската рок-група Southern Death Cult.[1]
  • „Патриот (Поединец)“ (Patriot (A Single)) - песна на американскиот музичар Скот Волкер (Scott Walker) од 1995 година.[2]

Родољубива книжевност

уреди
  • „За мојата татковина“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска од 2005 година.[3]
  • „За родата, за слободата“ — песна на македонскиот поет Милутин Бебековски.[4]
  • „За татковината“ - песна на Никола Јонков Вапцаров од 1926 година.[5]
  • „Татковина“ - песна на Никола Јонков Вапцаров.[6]
  • „Татковина имам“ - песна на Никола Јонков Вапцаров.[7]
  • „Земја“ - песна на Никола Јонков Вапцаров.[8]
  • „За татковината и пролетта“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[9]
  • „Татковина“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1989 година.[10]
  • „Пролетна песна“ — песна на Блаже Конески.[11]
  • „Тешкото“ — песна на Блаже Конески.[12]
  • „На татковината“ - песна на рускиот поет Николај Кљуев.[13]
  • „Татковина“ — песна на српскиот поет Велимир Милошевиќ.[14]
  • „Одбрана на земјата“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.[15]
  • „На татковината“ - песна на српскиот поет Бранко Миљковиќ.[16]
  • „Патриотизам“ - расказ од јапонскиот писател Јукио Мишима.[17]
  • „Пеш по светот“ — поема на македонскиот поет Коле Неделковски.[18]
  • „Што е тоа татковина“ — песна на македонскиот поет Видое Подгорец.[19]
  • „Татковина“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[20]
  • „Белите ридови на татковината“ - песна на Анте Поповски.[21]
  • „Татковината се брани со убавина“ — песна на српскиот поет Љубивое Ршумовиќ.[22]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Discogs, The Southern Death Cult ‎– Southern Death Cult (пристапено на 9.8.2019)
  2. Discogs, Scott Walker ‎– Tilt (пристапено на 19.9.2018)
  3. Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 20.
  4. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 96.
  5. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 35.
  6. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 73-75.
  7. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 80.
  8. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 73-76-77.
  9. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 70.
  10. Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 127.
  11. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 46-47.
  12. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 31-33.
  13. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 40-41.
  14. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 92-93.
  15. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 44.
  16. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 45.
  17. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 73-117.
  18. Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 55-64.
  19. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 90-91.
  20. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 90.
  21. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 130.
  22. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 88.