Опиумски војни
Опиумските војни (поедноставен кинески: 鸦片战争; традиционално кинсеко писмо: 鴉片戰爭) биле две војни што се воделе помеѓу династијата Ќинг и западните сили кон средината на 19 век. Првата опиумска војна (1839 -1842 г.), во која Кинески Ќинг војувал против Обединетото Кралство, била поттикната од кампањата на династијата против британските трговци кои продавале опиум во Кина. Втората опиумска војна се водела помеѓу Ќинг и Обединетото Кралство и Франција (1856–1860). Во двете војни, модерната воена технологија на европските сили придонеле за лесна победа над силите на Ќинг, и Кинезите биле принудени да им овозможат поволни царини, трговски отстапки, репарации и да им отстапат територија на Европејците.
Опиумски војни | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Век на понижување | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Прва опиумска војна: | Прва опиумска војна: | ||||||
Втора опиумска војна: | Втора опиумска војна: |
Војните и мировните договори кои следеле по нив ја ослабнале династијата Ќинг и кинеската империјална влада и ја принудиле Кина да отвори договорни пристаништа (како тоа во Шангај) преки кои се одвивала целата трговија со царските сили.[1] Покрај тоа, Кина ѝ го отстапил суверенитетот над Хонгконг на Обединетото Кралство.
Во тоа време, почнала да се намалува силата на кинеската економија, но големите востанија во Тајпинг и Дунган имале многу поголем ефект.[2]
Прва опиумска војна
уредиПрвата опиумска војна започнала во 1839 година и се водела за трговски права, отворена трговија и особено за дипломатски статус. Во осумнаесеттиот век, Кина имала трговски суфицит со Европа, со продажбата на порцелан, свила и чај во замена за сребро. Кон крајот на 18 век, британската источноиндиска компанија го проширила одгледувањето на опиум на своите територии во Индиски Бенгал, кој го продавала на приватни трговци кои го транспортирале во Кина и им го предавале на кинеските шверцери.[3] До 1787 година, компанијата веќе испраќала 4.000 ковчези опиум (секој по 77 кг) годишно.[4]
Претходно, опиумот се користел како релативно безопасен лек, но новата практика на рекреативно пушење опиум многукратно ја зголемила побарувачката и често доведувала до зависност. Кинескиот цар издал наредби со кои се забранува опиумот во 1729, 1799, 1814 и 1831 година, но увозот растел бидејќи шверцерите и корумпираните службеници биле во профит.[5] Некои Американци почнале да шверцуваат опиум од Турција во Кина, меѓу кои бил и Ворен Делано Џуниор, дедото на американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт и Френсис Блеквел Форбс.[6] До 1833 година, трговијата со опиум пораснала на 30.000 ковчези.[4] Источноиндиската компанија испратила опиум во нивните магацини во областа за слободна трговија во Кантон (Гуангџоу) и го продавала на кинески шверцери.[5][7]
Во 1834 година, Источноиндиската компанија веќе немала монопол врз трговијата со Кина, бидејќи илегалната трговија со опиум растела. Загрижен за моралната пропаст на луѓето, и по малку за одливот на сребро, императорот му наредил на високиот комесар Лин Це-Хсу да ја прекине трговијата. Во 1839 година, комесарот Лин наредил запленување на целиот опиум во Кантон, вклучувајќи го и оној што го држеле странските влади и трговските компании (наречени фабрики),[8] а компаниите биле подготвени да му предадат симболична количина за да попушти.[9] Чарлс Елиот, главен началник на британската трговија во Кина, пристигнал 3 дена по истекот на рокот на Лин, кога веќе кинеските војници ги затвориле и блокирале фабриките. Елиот го платил целиот опиум со кредит од британската влада (и покрај тоа што немал официјални овластувања за купување) и на Лин му предал 20.000 ковчези (1.300 тони), кој ги уништил во Хумен .
Чарлс Елиот потоа пратил писмо до Лондон и го советувал да употреби воена сила против Кинезите. На 4 септември 1839 г. имали мала пресметка меѓу британските и кинеските бродови кај вливот на реката Ковлун.[8] Во мај 1840 година, Британија одлучила да испрати војници за да наметне репарација за финансиските загуби на британските трговци во Кантон и да ја гарантира идната безбедност на трговијата. На 21 јуни 1840 година, британската поморска сила пристигнала кај Макао и почнала да го бомбардира пристаништето Дингај. Во конфликтот што следел, Кралската морнарица ги користела своите супериорни бродови и пушки за да ѝ нанесе серија порази на Кинеската империја.[10]
Војната завршила со Договорот од Нанкинг (Нанџинг) во 1842 година, првиот од Неправедните договори меѓу Кина и западните сили.[11] Со одредбите од договорот Кина била принудена засекогаш да го му го отстапи островот Хонгконг и околните помали острови на Обединетото Кралство, и биле основани пет пристаништа во Шангај, Кантон, Нингпо (Нингбо), Фучоу (Фуџоу) и Амој (Ксиамен).[12] Со договорот, исто така, на Обединетото Кралство требало да му се исплатат дваесет и еден милион долари, од кои шест милиони требало да се платат веднаш, а остатокот подоцна на рати.[13] Со друг договор следната година на Британската Империја ѝ се дал статус на фаворизирана нација и се додале одредби за британската екстратериторијалност.[11] Со договори од 1843 и 1844 година и Франција ги обезбедила истите отстапки.[14]
Втора опиумска војна
уредиВо 1853 година, во северна Кина избувнало Тајпиншкото востание, и за свој главен град го прогласиле Нанкинг. Новиот царски комесар во Кантон, Је Мингчен бил решен да ја спречи трговијата со опиум, која сè уште била нелегална. Во октомври 1856 година, тој го запленил бродот „Стрела“ (Arrow), брод кој пловел под британско знаме и го затворил целиот екипаж. Џон Бовринг, гувернер на британскиот Хонгконг, ја повикал на помош Источно Индиската флота на адмиралот Мајкл Сејмур и тие на 23 октомври ги бомбардирале и ги зазеле тврдините на Бисерната Река на приодот до Кантон, и продолжиле да го бомбардираат и самиот Кантон, но немале доволно сили да го заземат и задржат градот. На 15 декември, за време на немирите во Кантон, биле запалени европските трговски имоти и Бовринг побарал воена интервенција.[12] По убиството на француски мисионер се приклучила и Франција.
Европските сојузници (Обединетото Кралство, Франција и Руската империја), сега барале поголеми отстапки од Кина, како легализација на трговијата со опиум, проширување на транспортот на кули (евтини работници), отворање на цела Кина за британските трговци и прекупците на опиум и ослободување на странскиот увоз од внатрешни транзитни давачки.[15] Бил склучен Договорот од Тиенцин (26 јуни 1858 година), според кој Кинезите требало да платат репарации за трошоците од војната, да отворат десет нови пристаништа за европската трговија, да ја легализираат трговијата со опиум и да одобрат странски трговци и мисионери да патуваат во Кина.[12] По втората фаза од борбите, кога била и уништена Старата летна палата и завземањето на комплексот од палати Забранет град во Пекинг, Договорот бил потврден со Конвенцијата од Пекинг во 1860 година.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Taylor Wallbank; Bailkey; Jewsbury; Lewis; Hackett (1992). „A Short History of the Opium Wars“. Civilizations Past And Present. Chapter 29: "South And East Asia, 1815–1914".
- ↑ Desjardins, Jeff (15 September 2017). „Over 2000 years of economic history, in one chart“. World Economic Forum. Посетено на 28 November 2021.
- ↑ „Opium trade – History & Facts“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2018-07-03.
- ↑ 4,0 4,1 Hanes III, William Travis; Sanello, Frank (2004). The Opium Wars: The Addiction of One Empire and the Corruption of Another. United States: Sourcebooks. стр. 21, 24, 25. ISBN 978-1402201493. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „:0“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 5,0 5,1 „A Century of International Drug Control“ (PDF). UNODC.org.
- ↑ Meyer, Karl E. „The Opium War's Secret History“ (англиски). Посетено на 2018-07-03.
- ↑ Haythornthwaite, Philip J., The Colonial Wars Source Book, London, 2000, p.237. ISBN 1-84067-231-5
- ↑ 8,0 8,1 Haythornthwaite, 2000, p.237.
- ↑ Hanes, W. Travis; Sanello, Frank (2002). Opium Wars: The Addiction of One Empire and the Corruption of Another. Sourcebooks. ISBN 9781402201493.
- ↑ Tsang, Steve (2007). A Modern History of Hong Kong. I. B. Tauris. pp. 3–13, 29. ISBN 1-84511-419-1.
- ↑ 11,0 11,1 Treaty of Nanjing inBritannica.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 Haythornthwaite 2000, p. 239.
- ↑ Treaty Of Nanjing (Nanking), 1842 on the website of the US-China Institute at University of Southern Carolina.
- ↑ Xiaobing Li (2012). China at War: An Encyclopedia. ABC-CLIO. стр. 468. ISBN 9781598844160.
- ↑ Zhihong Shi (2016). Central Government Silver Treasury: Revenue, Expenditure and Inventory Statistics, ca. 1667–1899. BRILL. стр. 33. ISBN 978-90-04-30733-9.
Надворешни врски
уреди- „ Војните на опиумот “, дискусија на BBC Radio 4 со Јангвен Женг, Ларс Лааман и Ксун Џоу ( Во наше време, 12 април 2007 година)