Корпорацијата Интел е најголемата светска компанија за производство на полупроводници која е еден од најстарите пронаоѓачи и производители на микрообработувачи, кои во минатите децении па и денес се најпродавани на светскиот пазар за микрообработувачи. Интел е основана на 18 јули 1968 година во Санта Клара, Калифорнија и регистрирана под името "Integrated Electronics Corporation" (Корпорација за интегрирани електроники). Покрај микрообработувачи Интел исто така произведува и матични плочи, мрежни картички, интегрирани кола, флеш мемории, графички картички како и други производи поврзани со комуникации и компјутери. Основана од страна на Роберт Нојс и Гордон Мур, а под водство на брилијантниот извршен директор Андру Грув, Интел постана водечка компанија за производство на најнови технолошки достигнувања. Познатиот бренд на микрообработувачи на Интел "Пентиум" стана препознатлив насекаде во светот и го има во скоро секој дом.

Корпорација Интел
ВидЈавна Компанија
ISINUS4581401001 Уреди на Википодатоците
ДејностОбработка на Полупроводници
Основано1968
ОсновачиГордон Е. Мур и Роберт Нојс
СедиштеСанта Клара, Калифорнија
Клучни личности
Пол С. Отелини, Главен извршен директор
Крег Барет, Претседател на управувачкиот одбор
ПроизводиМикрообработувачи
Флеш меморија
Матични плочи
Мрежни картички
Блутут уреди
Доход$38.3 милијарди УСД (2007)[1][2]
Оперативен доход
$8.2 billion УСД (2007)
Нето-доход
$7.0 billion УСД (2007)
Вкупно актива168.406.000.000 aмерикански долар (2021) Уреди на Википодатоците
Вработени
86,300 (2007)[3]
Мреж. местоintel.com
Белешки / наводи
1Incorporated in California in 1968, reincorporated in Delaware in 1989.[4]

Првенствено главна цел на производство и пордажба на Интел претставуваа СРАМ и ДРАМ мемориските чипови сè до раните 80-ти кога личните сметачи достигнаа огромен успех и производството на микрообработувачи стана нивна главна цел на производство и развивање. Во почетокот на 90-тите Интел инвестираше огромни средства за развивање на микрообработувачите што го направи Интел доминантен снабдувач на пазарот со микрообработувачи.

За да ја одбрани оваа своја позиција на пазарот Интел водел многу битки и користел доста контроверзни тактики. Во мај 2009, Европскиот комесар за заштита на конкуренцијата го казни Интел со дотогаш рекордни 1,06 милијарди евра казна бидејќи на производителите на компјутерска опрема им давал значајни бенефиции доколку не ги користат конкурентските компоненти во своите производи. Жалбата на оваа пракса на Интел била изнесена пред Европската комисија за конкуренцијата од конкурентот на Интел, АМД.[5]

Денес Интел спаѓа во групата на најмоќните и најбогатите светски компании.

Наводи

уреди
  1. „AMD wins 2006 revenue battle with Intel, iSuppli says“. Архивирано од изворникот на 2007-03-17. Посетено на 2007-11-05.
  2. „Chipmaker Report: Intel's Revenue Sank In 2006“. Архивирано од изворникот на 2008-02-04. Посетено на 2007-11-05.
  3. „Intel Corporation - company profile“. CNN. Time Warner. Посетено на 2007-10-17.
  4. „INTEL CORP (Form: 10-K, Received: 02/27/2006 06:02:42)“. United States Securities and Exchange Commission. 2005-12-31. Архивирано од изворникот на 2020-08-24. Посетено на 2007-07-05.
  5. Дневник 14 мај 2009: ЕУ го казни „Интел“ со рекордни 1,06 милијарда евра[мртва врска]