Федерација на фармерите на Република Македонија

Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) — земјоделско здружение основано на 29 јули 2002 година во Кавадарци, како „Федерација на македонските фармери“, на иницијатива на земјоделските здруженија. Целта на обединувањето е да се задоволи утврдената потреба за заедничи настап пред институциите, да се зголеми моќта на преговарање на земјоделците и да се заштитат нивните права и интереси. За прв претседател на УО бил избран Петко Златев, а моменталниот претседател е Никола Стаменов.[1]

Федерација на фармерите на Република Македонија
Лого на ФФРМ
КратенкаФФРМ
Основана29 јули 2002
ВидНВО
Правен статусздружение
Целзастапување и поддршка на земјоделците
Седиштеул. „Гиго Михајловски" бр. 3
МестоСкопје
РегионРепублика Македонија
ПретседателНикола Стаменов
ПотпретседателМемет Синани
Главно телогенерално собрание
Мреж. местоМатична страница
ЗабелешкиПодружни организации:
Мрежа на млади фармери
Мрежа на жени фармери
Поранешно имеФедерација на македонските фармери

Со демократскиот равој на организацијата, со цел поуспешно да се застапуваат правата и интересите на членовите, и земјоделците од сите етнички групи да ја почувствуваат организацијата како своја, на Генералното собрание во јули 2005 Федерација на Македонските фармери беше преименувана во Федерација на фармерите на Република Македонија (ФФРМ).

Карактер на здружението

уреди

ФФРМ е доброволно, непартиско, невладино, непрофитно здружение на граѓани кое ја обединува работата на сите фармери кои се членови на земјоделски здруженија во Република Македонија. Организацијата има за цел да ги заштитува економските, социјалните и културните интереси на фармерите, и да работи на подобрување на условите на пазарното производство.

Своите цели и задачи ФФРМ ги остварува преку следните активности и методи на работа:[2]

  • Организирање на конкретни програмски активности,
  • Спроведување на заеднички проекти за челновите,
  • Организирање на конференции, семинари, симпозиуми, обуки, изложби и видео презентации,
  • Покренување на иницијатива кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите и задачите на ФФРМ,
  • Упис на нови членови, и
  • Формирање на стручни тимови од сите области за технички, финансиски, правни, маркетинг и други советодавни услуги.

Структура

уреди

Членови на ФФРМ можат да бидат земјоделски здруженија од Република Македонија, организирани на локално, регионално ниво, како и сојузи на здруженијата. Членови на ФФРМ исто така можат да бидат и трговски друштва формирани од земјоделски здруженија како и поединечни членови. Органи на ФФРМ се:

  • Генерално собрание, највисоко тело на ФФРМ
  • Управен одбор од 7 членови
  • Извршна

Во склоп на федерацијата работат и две подружни организации:

  • Мрежа на млади фармери[3]
  • Мрежа на жени фармери[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Управен одбор на ФФРМ“. Архивирано од изворникот на 2012-04-06. Посетено на 2012-04-18.
  2. „Улога на ФФРМ“. Архивирано од изворникот на 2012-04-06. Посетено на 2012-04-18.
  3. „Мрежа на млади фармери“. Архивирано од изворникот на 2012-04-06. Посетено на 2012-04-18.
  4. „Мрежа на жени фармери“. Архивирано од изворникот на 2012-04-06. Посетено на 2012-04-18.

Надворешни врски

уреди