Шинзо Абе
Шинзо Абе (јапонски: 安倍 晋三; 21 септември 1954 — 8 јули 2022) — јапонски политичар и двапати премиер на Јапонија.
Аби бил најмладиот премиер во јапонската историја и прв премиер на Јапонија роден после Втората светска војна.
Животопис
уредиАбе потекнува од едно од најугледните јапонски политички семејство (неговиот дедо Кан Аве и татко му Шинтаро Абе биле исто така угледни политичари). Преку сопругата Јоко Киши е поврзан со некогашниот премиер на Јапонија Нобусуке Киши.
После студиите во Јапонија и САД, во 1979 година се вработил во претпријатието „Кобе стил“. Од 1982 работел во Министерството за надворешни работи на Јапонија, занимавајќи се со политиката во склопот на Либерално-демократската парија. Во 1993 година првпат е избран за пратеник во народното собрание на Јапонија.
На 20 септември 2006, партијата го предложила како кандидат за нов премиер, па на 29 септември 2006 го заменил дотогашниот премиер Џуничиро Коизуми.
Оставка на местото премиер на Јапонија поднел на 12 септември 2007 година, а го наследил Јасуо Фукуда. На изборите во 2012 г. повторно ги добива гласовите за премиерското место од неговиот претходник, Јошихико Нода, стапувајќи на функцијата на 26 декември 2012.
По вториот мандат и оставката, Абе бил заменет на премиерското место од Јошихиде Суга почнувајќи од 16 септември 2020 г. Продолжил со својата политичка активност сè до неговиот атентат за време на кампања.
Атантат
уредиНа 8 јули 2022 г. Абе бил застрелан додека држел говор на митиг во Нара, и подоцна истиот ден им подлегнал на повредите откако настапил срцев застој.[1]Полицијата го привела осомничениот сторител Јамагами Тецуја за кој се смета дека го застрелал поради незадоволство од неговите почитички дејства. Тецуја е поранешен припадник на Јапонската морнарица.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Former Japanese PM Shinzo Abe 'showing no vital signs' after attack“. South China Morning Post.
- ↑ „Објавени снимки од атентатот: Почина Шинзо Абе/ВИДЕО“. Вечер. Посетено на 8 јули 2022.
Надворешни врски
уреди„Шинзо Абе“ на Ризницата ? |
- Страница на Шинзо Абе Архивирано на 15 декември 2007 г.