Рихтерова скала

(Пренасочено од Рихтеровата скала)

Рихтерова скалалогаритамска сеизмолошка скала која определува еден број, од 1 до 10, за да ја квантифицира количината на сеизмичка енергија ослободена при земјотрес. Бројот од скалата се добива како логаритам со основа 10 од хоризонталната амплитуда на најголемото поместување на Вуд-Андерсоновиот торзионен сеизмограф.

Категории на незгоди

Енергијата што се ослободува од земјотресот е еднаква на амплитудата на тресењето на степен 32, па според тоа, разликата од 1 степен на Рихтеровата скала е еквивалентна на 31,6 пати поголема ослободена енергија, а разликата од 2 степени соодветствува на 1000 пати поголема енергија.[1]

Поради физичките ограничувања на Вуд-Андерсоновиот сеизмометар кој се користи во пресметката на скалата, силината на земјотресот не може точно да се одреди за потреси поголеми од околу 6,8. Затоа за посилни потреси се користи скала која се заснова на пресметка на сеизмичкиот момент наместо на сеизмичкото движење, па затоа се нарекува Скала на магнитуда на моментот.

Рихтеровата магнитуда на земјотресот се определува од логаритамот на амлитудата на брановите снимени од сеизмографите, при што се користи прилагодување за да се компензира за варијациите во растојанието помеѓу разни сеизмографи и епицентарот на земјотресот. Поради логаритамската пресметка, секој еден степен на скалата значи десет пати поголемо поместување на земјата.

Потреси со магнитуда од 4,6 и повеќе се доволно силни за да се регистрираат од било кој сеизмограф во светот.

Следнава таблица ги опишува типичните ефекти за земјотреси со разни магнитуди во епицентарот. Сепак, оваа табела треба да се гледа со предострожност, бидејќи интензитетот и ефектот на земјотресот зависи не само од магнитудата, туку и од растојанието од епицентарот, длабочината на хипоцентарот, геолошките услови на почвата (некои земјишта можат да го засилат сеизмичкиот бран), итн.

Рихтерова магнитуда Опис Ефекти на земјотресот Честота на случување
Помалку од 2,0 Микро Микро-потреси, не се чувствуваат. Околу 8.000 дневно
2,0-2,9 Мали Главно не се чувствуваат, но се регистрираат. Околу 1.000 дневно
3,0-3,9 Мали Се чувствуваат, но не предизвикуваат штети. околу 49.000 годишно
4,0-4,9 Слаби Забележливо тресење на предметите, звуци на тресење. Ретки се значајни штети. околу 6.200 годишно
5,0-5,9 Умерени Можат да предизвикаат поголеми штети на слабо изградени згради и на помали региони. На добро конструирани објекти само мали оштетувања. 800 годишно
6,0-6,9 Силни Може да бидат уништувачки во области до 160 км во пречник во населени места. 120 годишно
7,0-7,9 Големи Можат да предизвикаат сериозни штети на големи пространства. 18 годишно
8,0-8,9 Огромни Можат да предизвикаат сериозни штети на стотици километри во пречник. 1 годишно
9,0-9,9 Огромни Разурнивачки во области на неколку илјади километри. 1 во 20 години
10,0+ Епски Никогаш не се забележани. непознато

[2]

Големите земјотреси настануваат во просек еднаш годишно. Најсилниот забележан земјотрес бил големиот земјотрес во Чиле на 22 мај 1960., од 9,5 степени.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „USGS: The Richter Magnitude Scale“. Архивирано од изворникот на 2009-10-07. Посетено на 2008-05-15.
  2. USGS: FAQ- Measuring Earthquakes
  3. „USGS: List of World's Largest Earthquakes“. Архивирано од изворникот на 2009-10-07. Посетено на 2008-05-15.

Надворешни врски

уреди