Манифестации по повод Младотурската револуција


Манифестации по повод Младотурската револуција е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1908 година во времетраење од две минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, црно-бел и на 35мм филм. Еден е од неколкуте посветени на Младотурската револуција и прославите одржани во Битола по повод нејзината победа[1].

„Манифестации по повод Младотурската револуција“
кадар од филмот
РежисерЈанаки Манаки
Милтон Манаки
Премиера1908
Времетраење2 мин
ЗемјаМакедонија Македонија

Кратка содржина

уреди

Масовноста, големината, значењето и вербата што кај народот го предизвикало прокламирањето на Младотурската револуција најдобро се гледа токму од овој материјал, иако тој е снимен само со пет кадар-секвенци. Во него е регистрирана голема колона народ, офицери и воен оркестар како минуваат низ улиците на Битола.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Профил на Турци држат говор на Хуриет на МИФЦ[мртва врска]: Значителен дел од одбележувањето на победата на Младотурската револуција, хуриетот, како и голем број манифестации одржани во Битола по тој повод, браќата Манаки забележале и на филмска лента. Врз основа на различните описи, би можеле да кажеме дека документарната целина за овој настан е поделена во шест наслови.

Надворешни врски

уреди