Пјер Кири (француски: Pierre Curie 15 мај 1859 - 19 април 1906) — француски физичар и хемичар, пионер во кристалографијата, магнетизмот, пиезоелектрицитетот и радиоактивноста. Во 1903 ја добил Нобеловата награда за физика заедно со неговата жена Марија Склодовска - Кири и Анри Бекерел „за извонредните напори кои ги вложиле во нивните истражувања за феноменот на зрачење, пронајден од професор Антоан Анри Бекерел“.

Пјер Кири
Роден(а)15 мај 1859(1859-05-15)
Париз, Франција
Починал(а)19 април 1906(1906-04-19) (возр. 46)
Париз, Франција
НационалностФранција Французин
ПолињаФизика
ОбразованиеСорбона
Докторски менторГабриел Липман
ДокторандиПол Ленгвин
Андре-Луј Дебиерн
Маргарет Кетрин Переј
Пјер Ернст Вис
Познат поРадиоактивност
Кириев закон
Поважни наградиДејвиев медал (1903)
Нобелова награда за физика (1903)
Матеучиев медал (1904)
Елиот Кресонов медал (1909)
СопружникМарија Склодовска - Кири (в. 1895)
ДецаИрен Жолио - Кири
Ева Кири
Потпис

Рани години

уреди

Роден во Париз, Франција , Пјер Кири бел образован од страна на неговиот татко Јуџин Кири (28 август 1827 – 25 февруари 1910) и Софи-Клер Депули Кири (15 јануари 1832 – 27 септември 1897). Во неговите рани тинејџерски години, покажал силна способност, да решава разни задачи од областа на математиката и геометријата. На 18 години тој завршил магистратура, но не преминал брзо на докторатските студии, поради недостиг на пари. Наместо тоа, тој работел како инструктор во лабораторија.

 
Марија Кири (1911)

Во 1880 година, Пјер и неговиот постар брат Жак Кири (1856–1941) демонстрирле дека електричниот потенцијал е генериранан при компресија на кристалитe т.н. пиезоелектрицитет. За да си помогнат при работата го измислиле пиезоелектричниот кварцен електромер. Набргу потоа, во 1881 година, тие демонстрирле обратен ефект од претходниот т.е. дека кристалите може да се деформираат кога субјектот е електрично поле. Речиси сите дигитални електронски работи се потпираат на овој феномен во форма на кристали осцилатори.[1]

Пјер Кири се запознал со Марија Склодовска кога негов пријател го претставил на неа. Тоа што го привлекло Пјер кај Марија била нејзината наклоност кон науката. Тој ја запросил, но таа го одбила и покрај тоа што го сакала.[2] Таа конечно се согласила да се омажи со него на 26 јули 1895.

Истражување

уреди

Како резултат на неговите славни докторски студии за мегнетизмот, тој дизајнирал и усовршил исклучително чувствителен торсионов федер за мерење на магнетните коефициенти. Варијации на оваа опрема биле често користени од идни работници на тоа поле. Пјер Кири студирал феромагнетизам, парамагнетизам и дијамагнетизам за неговите докторски тези, исто така го открил ефектот на температурата на парамагнетизмот кој е сега познат како Кириев закон. Материјалната константа во законот на Кири е позната како Кириева константа. Тој исто така открил дека феромагнетните супстанции изложени на транзиција на критична точка, така што супстанциите ги губат своите феромагнетни својства. Ова е познато како Кириева точка.

Пјер го пресметал денес познатиот Кириев асиметричен принцип: физички ефект не може да има друга несиметричност од неговата вредност. На пример, мешавина од песок која не е под дејство на гравитација нема диссиметричност. Но под дејство на гравитациско поле има диссиметрија поради правецот на полето. Тогаш песочните зрна можат да се намалат сами од себе со густина која се зголемува во длабочина. Но ова ново уредување, со насочено уредување на зрната песок, всушност ја отсликуваат диссиметричноста на гравитациското поле кое го предизвикува одвојувањето.

 
Propriétés magnétiques des corps à diverses temperatures
(Дисертација (есеј) на Кири, 1895)

Пјер работел со својата сопруга Марија Склодовска - Кири на изолирање на плутониумот и радиумот. Тие биле првите кои го употребиле поимот „радиоактивност“ и биле пионери во проучувањето. Нивната работа, вклучувајќи ја и прославената докторска работа на Марија, била од корист за чувствителниот пиезоелектричен електромер конструиран од страна на Пјер и неговиот брат Жак.

Пјер и еден од неговите студенти го направиле првото откритие на јадрената енергија, преку откривањето на постојано емитување на топлина од честички на радиум. Тој исто така ги истражувал емисиите на зрачење на радиоактивните супстанции и преку употребата на магнетните полиња успеал да докаже дека некои од емисиите се позитивно наелектризирани, некои негативно наелектризирани, а пак некои и неутрални. Овие одговарале на алфа, бета и гама зрачењето.

Кири е единица мерка за радиоактивност (3.7 × 1010 37 гигабекерели) оригинално именувана во чест на Крии од страна на Конгресот за радиологија во 1910, по неговата смрт. Последователно, имало контраверзија за тоа дали именувањето било во чест на Пјер, Марија или пак двајцата.[3]

При крајот на XIX век, Пјер Кири ја истражувал мистеријата на обичниот магнетизам и истовремено станал свесен за спиритуалистичките експерименти на други европски научници, како што се Чарлс Ричет и Камил Фламарион. Пјер Кири првенствено сметал дека систематските истражувања за паранормалното би му дале одговор на некои неразјаснети прашања окулу магнетизмот. Тој на својата свршеница Марија и напишал:

„Морам да признаам дека тие спиритуални феномени навистина ме интересираат. Јас во нив гледам прашања кои се занимаваат со физиката“.

Тефтерите на Кири од овој период укажуваат на тоа дека прочитал многу книги за спититуализмот. Окулу некои обиди за комуникација со духови со Јусапија Паладино, на 24 јули 1905 Пјер Кири му напишал писмо на физичарот Жорж Гоуи со содржина:

„Ние во друштвото на физичари имавме неколку обиди да направиме контакт со духови заедно со Јусапија Паладино. Беше мошне интересно и навистина тие феномени кои ги просведочивме не ни изгледаа на некои магични трикови - маса дигната четири метри од подот, движење на објекти, чувство на раце кои те допираат или галат, појава на светлина. Сето ова во соба која ние ја подготвивме со мал број на гледачи кои ни се добро познати без присуство на можен соучесник. Мамење би било можно само ако „медиумот“ има несекојдневни способности како магионичар. Но како да се објасни поинаквиот феномен кога ги држевме нејзините раце и нозе и светлината во собата беше доволна да се знае секој што прави?“

Пјер не присуствувал на таквите средби како обичен гледач и неговата цел не била да комуницира со некои духови. Тој тие средби ги гледал како научни експерименти, здодеан од следењето на различни параметри, направил детални забелешки за секое набљудување.

Личен живот

уреди
 
Криптата кај Пантенон во Париз

Ќерката на Пјер и Марија Склодовска - Кири, Ирен Жолио - Кири и нивниот зет Фредерик Жолио – Кири биле физичари кои биле замешани во проучувањето на радиоактивноста и добитници на Нобеловата награда за физика. Другата ќерка на Пјер Кири, Ева Кири, напишала биографија за нејзината мајка. Нивната внука Елен Ланжевин-Жолио е професор по јадрена физика во Парискиот универзитет, а нивниот внук Пјер Жолио, кој бил крстен по Пјер Кири, е познат биохемичар.

Пјер Кири умрел во улична несреќа во Париз на 19 април 1906. Минувајќи ја зафатената улица „Rue Dauphine“ на дождот, се лизнал и паднал под тешка кочија. Умрел на лице место кога едно од тркалата преминало врз неговата глава, кршејќи му го черепот.[4] Во 1995, месец април, Пјер и Марија Кири биле сахранети во криптата на Пантенон во Париз.

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. Manbachi, A. and Cobbold R.S.C. (November 2011). „Development and Application of Piezoelectric Materials for Ultrasound Generation and Detection“. Ultrasound. 19 (4): 187–196. doi:10.1258/ult.2011.011027. Архивирано од изворникот на 2012-09-03. Посетено на 2015-03-16.
  2. Estreicher, Tadeusz (1938). Curie, Maria ze Skłodowskich (полски) (vol. 4. изд.). In Polski słownik biograficzny. стр. 111.
  3. Paul W. Frame. „How the Curie Came to Be“. Посетено на 30 April 2008.
  4. „Prof. Curie killed in a Paris street“ (PDF), The New York Times, 20 April 1906

Надворешни врски

уреди