Ноќ на долгите ножеви

Ноќ на долгите ножеви (германски: Nacht der langen Messer) или „Операција Колибри“ е операција што се одвивала во Германија од 30 јуни до 2 јули 1934, кога нацистичкиот режим се погрижил најмалку осумдесет и пет луѓе да бидат убиени од политички причини. Повеќето од убиените биле членови на „СА“ (германски: Sturmabteilung), нацистичка паравоена организација. Адолф Хитлер тргнал против СА и нејзиниот водач, Ернст Рем (Ernst Röhm), бидејќи независноста и растечката моќ на СА, тој ја гледал како закана за неговата моќ. Хитлер исто така сакал да ја осигура поддршката од германската армија и генералите кои се плашеле од СА (а се мисли и дека му ветиле поддршка на Хитлер само ако тој се погрижи СА да биде распуштена). Хитлер ја искористил ситуацијата и истата „ноќ“ се погрижил и некои конзервативни критичари на режимот, особено оние лојални на вицеканцеларот Франц фон Папен (Franz von Papen), да молчат засекогаш.

Националсоцијализам
Кукест крст
Кукест крст

Најмалку осумдесет и пет луѓе биле убиени за време на чистката, иако се смета дека биле многу повеќе, и тоа неколку стотици и повеќе од илјада непријатели на режимот биле уапсени. СС (Schutzstaffel), нацистичка елитна гарда, и тајната полиција, Гестапо (Gestapo), ги извршиле повеќето убиства. Чистката ја зацврстила поддршката од армијата (Reichswehr) за Адолф Хитлер. Исто така му дала на режимот маска на легалност со тоа што германските судови „дозволиле“ убиства надвор од судниците, наместо традиционалните легални гонења, за да ја покажат својата лојалност кон режимот.

Пред отстранувањето, нејзините организатори некогаш ја нарекувале „Колибри“, што било лозинка користена за да започне крвопролевањето таа ноќ. Нема некое посебно значење зад шифрираното име на операцијата. А името „Ноќ на долгите ножеви“ се однесува на масакрот врз луѓето на Вортигерн (Vortigern) од страна на Енгл (Angle), Јут (Jute) и саксонски платеници во еден од митовите за кралот Артур. Самата фраза „Ноќ на долгите ножеви“ на германски го предвидува масакрот и пред да биде поврзана со чистката општо била поврзана со насилство и одмазда.

Поврзано уреди