Џамија Кебир Мехмед Челеби
Џамија Кебир Мехмед Челеби — стара османлиска џамија во Скопје. Му припаѓа на Скопското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Џамија Кебир Мехмед Челеби | |
---|---|
Поглед на џамијата | |
Основни податоци | |
Место | Центар, Скопје, Македонија |
Координати | 41°59′57.6″N 21°26′42.7″E / 41.999333° СГШ; 21.445194° ИГД |
Припадност | сунитски ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиски |
Завршен | 1469 |
Особености | |
Минариња | 1 |
Прогласен за | културно наследство на Македонија |
Местоположба
уредиХрамот е сместен во центарот на Скопје, северно од Вардар, до кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Историја
уредиНад влезот на џамијата има камена плоча на која стои дека џамијата е изградена на 4 мухарем 874 година по хиџрата (14 јули 1469 година по Христа). Нејзин ктитор бил Кебир Мехмед Челеби, син на Исхак-бег и внук на завојувачот на Скопје, Јигит-паша.[2]
Џамијата настрадала во Скопскиот земјотрес од 1963 г. Во 2016 г. е обновена со финансиска поддршка од Турција. Реставрирана е според нејзиниот изворен изглед, освен шадрванот, за чиј изглед нема податоци, па затоа е обновен во облик типичен за епохата.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ Elezović, Gliša (1940). Zbornik za istočnjačku istorisku i književnu gradju. Beograd: Srpska akademija nauka. Odeljenje društvenih nauka. Naučna knjiga. стр. 77.
- ↑ „Kebir Mehmet Çelebi Camii restore edildi“. Dünya Bülteni. 16 јули 2016. Архивирано од изворникот на 2022-02-23. Посетено на 29 јануари 2018.
Надворешни врски
уреди- Џамија Кебир Мехмед Челеби на Ризницата ?
- Кебир Мехмед Челеби џамија — Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија (ЦЕИПА)